FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Class (2007)
Klass

Средношколци, ова го има сегде во сите генерации. Еден главен курназ, цел клас покрај него поданици, еден дежурен кривец врз кој сите се изживуваат. Секако од таа толпа нормално дека ќе се издвои некој што ќе застане на страната на овој што јаде ќутек и понижување.
И така наместо еден, сега класот има двајца противници врз кои се изживуваат без некоја особена причина.

Ова е делумно вистинска приказна каде режисерот се послужил од некоја приказна во Америка, но и во соработка со естонски ученици кои раскажувале за нивни дешавки, склопил филм, чиј крај е доста вознемирувачки и носи една многу добра и силна порака.

Ова ко што кажав го има низ сите школи и секој од нас бил сведок на вакви дешавања. Тогаш, со тој детски памет секако не сме биле свесни што праиме и какви би биле последиците. Најчесто коа ќе пораснеме и ќе се оформиме ко луѓе, сфаќаме дека таквите постапки биле многу глупи и крајно неинтересни за останатите кои тоа го посматрале, најчесто девојчињата. Нели фраер си ако му удриш клоца на мирниот ученик, пред девојката што ти се свиѓа. Или ако му ја скинеш тетратката и слично.

Добар филм, не трае многу и брзо се гледа. Јас цело време бев напнат и нервозен, ми идеше да им влезам преку телевизор да ги рашутирам педерчињата. Би му дал 8ца, ама знам дека со тек на време ќе падне а и реално не е за 8. Не е па ни за 7.
Добра 7.5ка на крај.

За тие што до сега немаат гледано ниеден естонски филм, препорака за Tangerines, најдобриот нивни филм.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
171
Поени од реакции
776
Дечки, алал за целиот ентузијазам! Да не беше темава ќе пропуштев прекрасен филм како H-8.

Бидејќи периодов можам да гледам само онлајн ќе ја послушам погорната препорака :) Од листите кои ги ѕирнав око ми фати Spring, ништо друго засега.

И додека да напишам импресии за Бугарија, ми помина рокот. Нема врска, ќе си кажам.
Од бугарска кинематографија претходно имав изгледано точно два филма - Directions и Face Down. Првиот ми има оставено добар впечаток, некако ми се надополнува со Буре барут по атмосфера. Вториот е убедливо еден од најлошите филмови кои сум ги изгледала (ах, things I do for Melvil Poupaud :love:) Темата има потенцијал барем за просечна социјална драма ама уште во десеттата минута се претвора во некаква мафизона гротеска. Сите стереотипи кои сум ги имала кон Бугарите собрани во два саати. Mission London е тапа, едвај истуркав триесет минути пред да го исклучам.
Би сакала некогаш да ги изгледам Eastern Plays, Bubblegum и The Father. Немам некои високи очекувања ама неколку години ми стојат на листа.
Завчера тргнав со намера да го гледам The Peach Thief, се премислив во последен момент.

The Goat Horn (1972)
козијатрог.jpg
Филмот ужива култен статус кој јас не го разбирам докрај. Дејството е сместено во 17 век. Откако жена му е силувана од Османлиите и умира, Кара Иван одлучува дека ќе одгледа ќерката во машки дух - ѝ ја крати косата, ја облекува во машки алишта и секојдневно ја подучува како да се бори. Девојката расти, ја открива својата женскост и кај неа постепено почнуваат морални превирања. По тонот на филмот, цело време бев во исчекување на некоја инцестуозна црта, среќа па такво нешто не случи. Гневот на Иван не му дозволува дејствување надвор од зададената цел, да ја искупи смртта на Мари(ј)а. Живеејќи за одмазда, тој не покажува ни најмала нежност кон ќерката, напротив, неговите постапки се одликуваат со исклучителна суровост. Говорот е редуциран, што не го сметам за недостаток, туку напротив - по логика на нештата, емоциите би требало да се во прв план. Е сега, кај мене не предизвика ни трошка емпатија иако паѓам на вакви приказни. Темата е надмината и исцрпена. Одлични сцени, добар почеток, одличен крај, а помеѓу - ништо. Климава шестка.

Detour (1967)
отклонение.jpg
Случајна средба ги враќа Бојан и Неда во некогашните студентски денови. Заеднички поминатиот ден е испреплетен од премолчените желби низ минатото и (не)сигурноста на иднината. Сценариото е на Блага Димитрова, чија поезија многу ја сакам, тоа и ме натера да го пуштам. Не очекував ваков модерен филм со шмек на Антониони направен од бугарски филмаџии пред 55 години. Штета што снимката е ужасна, инаку би гњавела луѓе да го гледаат. Јас ептен уживам во вакви симпатични романси со носталгична нота (најважно: нема ни п од патетика). Шармантно филмче, 7/10 од мене.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Бугарија
#16 18% сиво (2020)

Роудтрип филм за бугарски фотограф по име Захари кој живее во Лондон, го напушта жената и првично сака да се фрли од една карпа, али му се појавува едно старче му вика: "Самоубиството е трајно решение за привремен проблем, дојди ќе частам пивце, па ќе ми раскажеш што те мачи" и го премислува од скокањето. И Захари трга на пат од Лондон до Берлин, притоа среќавајќи разноразни преваранти и олоши и сликајќи со апаратот фотки.

Филмот ми стоеше симнат повеќе од година дена, а го имав симнато пошто е македонска малцинска ко-продукција.

Пишува дека е снимен по истоимената книга, што кај нас е издадена од Антолог, али врска нема според синопсисот што го прочитав за книгата. Исто е само името на ликов и тоа што е роудтрип и прави некои фотографии, целото дејствие е изменето.

Досаден филм што стварно не знам која будала кај нас решила дека треба да се поддржи.

Оцена: 2/5
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Естонија
#17 Goodbye Soviet Union (2020)

Филмов ми имаше интересен наслов и беше еден од десетината филма на HBO MАХ што делуваа интересно, а не ми се гледани. Тоа беше главно причината за изборот.

Започнува со нарација на дете кое вика, сè почнало на лошо уште со моето раѓање и ја даваат мајка му во породилно како вришти и сестрите со некој злобен поглед и викаат: "Во Советскиот Сојуз жените се породуваат во тишина." Еден од малкуте смешни моменти во филмот. :D

Пошто детево родено од мајка студентка, а "непознат" татко, не сакаат да го запишат во матично и сакаат да го пратат во Дом за малолетници, дедото вади некоја банкнота и вика таткото е непознат, ама Ленин е татко на сите деца што немаат свој татко, па запишете го Ленинович и опа детето е запишано Јоханес Ленинович Таркинен.

И оттука ги гледаме незгодите што детево ги доживува во следните 8-9 години кои се и последните години од постоењето на Советскиот сојуз.

По коментарите на ЛБ филмов го доживуваат носталгично самите Естонци кои живееле во тој период, мене ми беше ништо посебно.

Започна интересно, ама потоа некако ми избега од ритам и ме потсети на некоја посиромашна мешавина од Goodbye Lenin и Stanje šoka.

Оцена: 2.5/5

Забелешка ако некој сака да го гледа филмов, нека го симне. Преводот на HBO е срање.

Пошто се зборуваше доста на руски, се приметуваше буквалниот превод што го правеле од англиски.
Креваат здравица и викаат тост (ваљда и Русиве викаат тост за здравица, како англичаниве), и кај нас во преводот си одеше: "ајде сега еден тост". :confused:

Кога едно од децата сакаше да помести маса, му рече на другото дете: "Памаѓи мења" - доволно е јасно дека значи помогни ми, ама преводот беше Дај ми рака (буквално преведено англиското Give me a hand). Фак ју HBO. :D
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Бугарија: Виолета, Жоро и јас (2012)
Краток ТВ филм, Виолета е девојка од дом и ефтина проститутка, Жоро е таксист кој вози ноќна смена и жена му го вара за тоа време и Тони е богат дечко, писател, сценарист, кој не заработува од тоа воопшто, туку ги троши парите оставштина од дедо му.
Цела приказна е меѓу овие три лика, лесно се одвива, ама некако прекинато завршува.
5/10
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.594
Поени од реакции
14.044
#8 Естонија

Tangerines (2013) /Mandariinid/

1652473862491.png

Полн погодок и добар почеток на патувањето во Естонија. Филмчиште!
Почеток на 90тите, распад на СССР и војни за отцепување. Во едно село во Абхазија, Грузија двајца селани ке се најдат на патот меѓу војната и политиката. И двајцата се занимаваат со мандарини, едниот ги одгледува, другиот прави корпи за нив. Тоа им е единствената причина да не си заминат кај нивните, веќе заминати, семејства во Естонија. Мандарините. По сплет на околности токму во нивниот двор ке биде развиена мала битка меѓу чеченците(кои ја бранат независноста на Абхазија) и грузијците(сакаат да ја задржат таа територија). Има мртви, има живи. Двајцата пријатели ке треба да ги згрижат и излекуваат.
Филмот е предобар, од сите аспекти. Глума, камера, позадинска музика, природа и пејсажи. Немам замерки. Не ме интересира во случајов кој е во право, оти знам дека никој не е. Ова го имало и кај нас, го има секаде. Прочитав дел од коментарите по интернет за филмов, има критики во однос на геноциди и етнички чистења, не знам.

4,5/5
Може и кај нас да се напрај ваков филм, македонец и албанец во некое тетовско село се наоѓаат некако кај некој овчар шпон и живеат кај него :D:D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Естонија
#18 Dead Mountaineer's Hotel (1979)

ezgif-5-1e0494c5bd.jpg

Едно малку поинакво патување овојпат низ опскурните предели на естонската филмографија.
Барајќи што да се гледа, налетав на една листа од 5 естонски sci-fi филма која во описот викаше дека со 'Хотелот на мртвиот планинар' започнал еден бран на научно-фантастични филмови во Естонија кој очигледно кратко траел претпоставувам поради буџетска ограниченост, а не недостаток на креативност. (моја претпоставка поради само 5-те филма на листата)

Филмот се одвива во едно планинско хотелче наречено Хотелот на мртвиот планинар, опкружено од сите страни со снежни планински врвови налик Алпите.
Во хотелот пристигнува инспектор Глебски по повик дека се случил некаков злочин во хотелот, ама кога пристигнува таму дознава дека всушност нема никаков криминал.
Поради временските услови инспекторот е принуден да остане во хотелот и од тука почнува една тензично и мистично патување низ хотелот и запознавање со сите негови гости.

Почетокот доста ме потсети на Кјубриковиот 'Shining' кој излегол една година по овој филм, а после по коментарите на ЛБ видов и дека и други помислиле дека Кјубрик зел инспирација за воведната сцена од овој филм.

Благодарение на мистичната синт музика, цело време бев на штрек и одржуваше тензија до самиот крај кога и дознаваме зошто филмот е сметан за сај-фај кога претходно цело време беше мистериозна драма.

Убаво патување од 82 минути што ни минутка не ми го пушти вниманието и не се покајав што го изгледав.

Филмот после гледање дознав дека е базиран на романот од браќата Стругатски кој стојат и зад сценариото на 'Сталкер' од Тарковски, а по нивни дела филмови снимиле и истакнатите руски режисери ко Сокуров или Алексеј Герман.

Поради тоа што е доста необичен, не би го препорачал секому, само на луѓе што сакаат да искусат чудесни филмски патувања.

Оцена: 4/5 и баш ме интересира како го доживеал @moongoses со оглед на тоа што само тој од форумџиите го гледал пред мене.
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.594
Поени од реакции
14.044
Естонија
#18 Dead Mountaineer's Hotel (1979)

Прегледај го приврзокот 332236

И ја денеска мислев да го глеам ама нешо со преводот има проблем.
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.594
Поени од реакции
14.044
#8 Естонија

Dead Mountaineer’s Hotel (1979) /Hukkunud Alpinisti' hotell/

1652536451991.png

:sick:
Сижето е раскажано од Спенсер, да не филозофирам.
Филмот добро почна ама не ми се допадна последниот пола саат. Глупости.
Требаше повише време да се одвои на ликовите, ја до пола филм не знаев кој е кој. Кој е мртов, кој жив.
Инспекторот личи на Синан Сакич.

2,5/5
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Естонија: Јан Усполд оди во Тарту (186 Kilometres = англиско име на филмот) 2007
Јан е глумец, комичар, кој запаѓа во дилема дали да продолжи така понатаму, бега од едно снимање, останува без пари, му ветуваат улога, но треба да биде во театарот во Тарту.
И така Јан од Талин оди кон Тарту, и тоа е цел филм: неговите случки по пат.
Не многу интересно.

4/10
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
#8 Естонија

Dead Mountaineer’s Hotel (1979) /Hukkunud Alpinisti' hotell/

Прегледај го приврзокот 332249

:sick:
Сижето е раскажано од Спенсер, да не филозофирам.
Филмот добро почна ама не ми се допадна последниот пола саат. Глупости.
Требаше повише време да се одвои на ликовите, ја до пола филм не знаев кој е кој. Кој е мртов, кој жив.
Инспекторот личи на Синан Сакич.

2,5/5
Не си бил сконцентриран ваљда или едноставно не е филм за тебе, зашто како што реков филмов е баш за некој што цени необични филмови.

Немав голем проблем со имињата и ликовите зашто не беа азијати со слични лица и тешки имиња, ниту беа премногу ликови.
Газдата на хотелот Ален, тој што седеше на кровот Хинкус, физичарот што се јазеше по ѕидови Симоне, дебелиот со жена му што флертуваше Мозес и г-ѓа Мозес, слабион Олаф што се лапаше цело време со женската Брун. И тие се ликовите и инспекторот со тој отпосле што се појави Луарвик.
9 лика. :D
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.594
Поени од реакции
14.044
Не си бил сконцентриран ваљда или едноставно не е филм за тебе, зашто како што реков филмов е баш за некој што цени необични филмови.

Немав голем проблем со имињата и ликовите зашто не беа азијати со слични лица и тешки имиња, ниту беа премногу ликови.
Газдата на хотелот Ален, тој што седеше на кровот Хинкус, физичарот што се јазеше по ѕидови Симоне, дебелиот со жена му што флертуваше Мозес и г-ѓа Мозес, слабион Олаф што се лапаше цело време со женската Брун. И тие се ликовите и инспекторот со тој отпосле што се појави Луарвик.
9 лика. :D
Да бе, океј се тоа ама некако не ми дојде баш добро. Ова беше нешто слично како филмовите разбработени по книгите на Агата Кристи со инспектор Поаро. Ама крајот забега маалку. Сакам сај фај ама ова.. :ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom