На настан кој го гледа цела Европа и пошироко, во пренос во живо, со стотици новинари, сниматели и фотографи, девојката која е пратена официјално да ја претставува државата во најдобро светло, го фрли знамето накезена до уши, под изговор дека и рекле да ја сликаат новинарте така и дека другите од делегацијата биле предалеку, а на видеото се гледа дека се на неколку метри од неа и тоа не било ништо страшно бе. Сите други делегации скоро имаа знамиња во рака и на никој друг не му текна да го фрла знамето, а најверојатно само на нашата, пошто е ѕвезда и побараа слики без знамето. Обичните луѓе низ Европа и светов што го гледаат ова, не го знаат ни Грујо, ни Зоки, ни другите политичари. Не знаат дали овие се криминалци, нити па ги интересира ситуацијата во Македонија. Али сите што го гледаа настанот ќе знаат дека дека нашата претставничка си го фрлила знамето на сопствената земја, ко да се работи за гз папир. Буквално во секоја една западна земја исти ќе беа реакциите ко нашите ако нивен претставник го направеше истово. Особено земји како Франција, Германија, Полска, САД, кои националните знамиња ги држат на ранг на светост.
Јас знам дека не и беше намерата да ја понижи државата, ама тоа не значи дека не треба да сноси последици. Под последици не мислам да биде линчувана на улица, малтретирана или слично, туку да си одговара по закон и да биде вратена назад.