Џ
Џонтра Волта
Гостин
Alice (2005)
Aлис е исчезнато девојче и филмот го следи Марио, нејзиниот татко, кој има несвојствени методи кои ги користи за нејзино пронаоѓање. Секој ден ги прави истите работи што ги правел на денот на нејзиното исчезнување. Покрај тоа, во рандом домови односно тераси низ Лисабон има поставено камери кои ги снимаат улиците во надеж дека некако случајно ќе ја забележи. Поминува речиси цел ден шетајќи низ локациите и прегледување на снимките.
Атмосферата во филмот е крајно депресивна, меланхолична, спора, темна баш како што е сликава.
Сопругата на Марио е на граница на лудило односно тешка фаза на депресија, тој пак има некаква надеж се додека не ги прегледа снимките и разочаран оди во кревет да заврши уште еден празен и тажен ден.
Многу е спор филмов, скоро и ништо да не се дешава цело време. Ја сфаќам јас идеата на режисерот, добро е прикажана таа осаменост и депресија, ама некако досадно ми беше. Сепак во ред е до негде, ова е филм за осаменост и тага.
6 ќе му дадам.