Реал не се купува со пари другар...
Се согласувам...
Многу едноставно е зошто луѓето зборат и коментираат за милијардите на ПСЖ и Сити, а се знае дека пари имаат и Реал, Барселона, Ливерпул, Атлетико, Интер, Баерн, Челзи (кој повеќе кој помалку). Едноставно кај Реал Мадрид како пример го земам приходите си доаѓаат од фудбалот (ТВ права, Стадион, дресови, спонзори, членарина на сосиоси итн итн) а не од нафта и шеици.
Заедничко нешто на Реал и Барселона (и други клубови во Шпанија) е што се регистрирани како асоцијации и де факто се во сопственост на сосиосите (де јуре членови/акционери) кои бираат управен одбор, претседател и надзорен одбор. Во превод, скоро невозможно да се продаде, отуѓ и сл. Е тоа со пари не се купува, историјата со пари не се купува...