Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.164
- Поени од реакции
- 12.147
Ајде малку пак назад два чекори не да ми проповедаш...
10 те заповеди на евреите не се издигнати на никакво ново ниво - тие се, мора на дело - инаку се ништо по вредност. И тие „заповеди“ кај евреите ги има на истокот, порано од нивните „божји заповеди“.
Како може да мислите дека се започнало со Израел и Јудеја? Мислам, до толку сте?
Исто и месија е даден само на евреите и е еврејски концепт, но христијанските секти го презедоа тоа од евреите, се обидоа да ги унакажат евреите како неспособни да го видат „вистинскиот месија“ иако од нив доаѓа законот, ги обвинија дека тие се криви за сешто поврзано со „новиот месија“... така да, новиот завет да го повикуваш како оправдување за самиот нов завет е лошо.
Да не кажам со скриена агенда се обидуваш да оправдаш нешто преку самото нешто што постои... како тоа?
Ние тука на форумов дебатиравме на времето дали е веродостојно сето тоа запишано од христијанската света книга, историски - ти ми велиш, поточно прераскажуваш како тебе ти чини да веруваш, дека нештата се случиле навистина. Некој Исус им рекол на 12 луѓе одете и раскажувајте...
И ова што го имаш ти како запис е три-четири века подоцна создадено и скоцкано...
Да веруваме дека христијанската света книга е историски факт? Дека токму тоа е кажано, без други симболи и поврзување со други тогашни учења, стари дури и колку еврејските езотериски учења? Зошто да не веруваме дека апокрифните дела или гностиците не содржат нешто + во целиот тој хаос од учења кои никнуваат насекаде во тој период од римската историја?
Кој им даде право на христијанските секти да соберат половично еден закон, да пробаат да го поврзат со други учења кои во тој период се разминуваа на големо во Јудеја и Египет како дел од Римското царство - и да создадат нешто што е, како да кажам да не се навреди обичниот верник кој што си бара надеж на Земјата...
создадоа учење кое низ вековите создаваше луѓе кои мразеа се што не беше како нив...?
И сеуште се такви луѓето, се гледа по проповедите за туѓите патишта...
Од христијанскиот концепт на месија добивме со милениуми „месија“ (и догма која имаше доволно време да се разработи и „коментира“) кој што дошол, го распнавме ние луѓето, тој собрал гревови но пак ќе се суди и ќе дојде повторно... ќе дојде да си собере вересијата... а кај евреите е друга приказната за месијата: доаѓа, решава и обединува. Крај.
Нема чекај, ќе се вратиме, ќе страдаме итн итн... кај евреите јасно стои каков ќе е месијата. Тоа сигурно го знаеш, нема јас да те учам... ниту имам волја да те учам за еврејските учења кои ги мразите и самиот закон го нарекувате „стар завет“. Тоа е глупост.
Шинто и "божја" волја? Сигурно ова прашање го нафрли туку така од нервоза
Ќе си побараш за шинто и боговите, што како и до каде се може со сета таа волја.
Последно уредено: