Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Ајде малку пак назад два чекори не да ми проповедаш...

10 те заповеди на евреите не се издигнати на никакво ново ниво - тие се, мора на дело - инаку се ништо по вредност. И тие „заповеди“ кај евреите ги има на истокот, порано од нивните „божји заповеди“.
Како може да мислите дека се започнало со Израел и Јудеја? Мислам, до толку сте?

Исто и месија е даден само на евреите и е еврејски концепт, но христијанските секти го презедоа тоа од евреите, се обидоа да ги унакажат евреите како неспособни да го видат „вистинскиот месија“ иако од нив доаѓа законот, ги обвинија дека тие се криви за сешто поврзано со „новиот месија“... така да, новиот завет да го повикуваш како оправдување за самиот нов завет е лошо.
Да не кажам со скриена агенда се обидуваш да оправдаш нешто преку самото нешто што постои... како тоа?

Ние тука на форумов дебатиравме на времето дали е веродостојно сето тоа запишано од христијанската света книга, историски - ти ми велиш, поточно прераскажуваш како тебе ти чини да веруваш, дека нештата се случиле навистина. Некој Исус им рекол на 12 луѓе одете и раскажувајте...
И ова што го имаш ти како запис е три-четири века подоцна создадено и скоцкано...

Да веруваме дека христијанската света книга е историски факт? Дека токму тоа е кажано, без други симболи и поврзување со други тогашни учења, стари дури и колку еврејските езотериски учења? Зошто да не веруваме дека апокрифните дела или гностиците не содржат нешто + во целиот тој хаос од учења кои никнуваат насекаде во тој период од римската историја?

Кој им даде право на христијанските секти да соберат половично еден закон, да пробаат да го поврзат со други учења кои во тој период се разминуваа на големо во Јудеја и Египет како дел од Римското царство - и да создадат нешто што е, како да кажам да не се навреди обичниот верник кој што си бара надеж на Земјата...
создадоа учење кое низ вековите создаваше луѓе кои мразеа се што не беше како нив...?
И сеуште се такви луѓето, се гледа по проповедите за туѓите патишта...

Од христијанскиот концепт на месија добивме со милениуми „месија“ (и догма која имаше доволно време да се разработи и „коментира“) кој што дошол, го распнавме ние луѓето, тој собрал гревови но пак ќе се суди и ќе дојде повторно... ќе дојде да си собере вересијата... а кај евреите е друга приказната за месијата: доаѓа, решава и обединува. Крај.
Нема чекај, ќе се вратиме, ќе страдаме итн итн... кај евреите јасно стои каков ќе е месијата. Тоа сигурно го знаеш, нема јас да те учам... ниту имам волја да те учам за еврејските учења кои ги мразите и самиот закон го нарекувате „стар завет“. Тоа е глупост.

Шинто и "божја" волја? Сигурно ова прашање го нафрли туку така од нервоза :)
Ќе си побараш за шинто и боговите, што како и до каде се може со сета таа волја.
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.147
Поени од реакции
10.151
По каде тогаш дека тоа е пекол за човештвото?

п.с. политика е во друг подфорум, не отварај прашања кој се поврзани со тоа.
Моја размисла, ете, сигурно не ќе биде рај.:toe:
Како и да е, мене грч само у вода може да ме фати, ама од закони..не :neetaka:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Како и да е, мене грч само у вода може да ме фати, ама од закони..не :neetaka:
Ова беше добро :LOL:
Сега ќе ти влетаат со толкување вода што е, закон што е... крај нема :coffee:
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.913
Поени од реакции
5.048
Ајде малку пак назад два чекори не да ми проповедаш...

10 те заповеди на евреите не се издигнати на никакво ново ниво - тие се, мора на дело - инаку се ништо по вредност. И тие „заповеди“ кај евреите ги има на истокот, порано од нивните „божји заповеди“.
Како може да мислите дека се започнало со Израел и Јудеја? Мислам, до толку сте?

Исто и месија е даден само на евреите и е еврејски концепт, но христијанските секти го презедоа тоа од евреите, се обидоа да ги унакажат евреите како неспособни да го видат „вистинскиот месија“ иако од нив доаѓа законот, ги обвинија дека тие се криви за сешто поврзано со „новиот месија“... така да, новиот завет да го повикуваш како оправдување за самиот нов завет е лошо.
Да не кажам со скриена агенда се обидуваш да оправдаш нешто преку самото нешто што постои... како тоа?

Ние тука на форумов дебатиравме на времето дали е веродостојно сето тоа запишано од христијанската света книга, историски - ти ми велиш, поточно прераскажуваш како тебе ти чини да веруваш, дека нештата се случиле навистина. Некој Исус им рекол на 12 луѓе одете и раскажувајте...
И ова што го имаш ти како запис е три-четири века подоцна создадено и скоцкано...

Да веруваме дека христијанската света книга е историски факт? Дека токму тоа е кажано, без други симболи и поврзување со други тогашни учења, стари дури и колку еврејските езотериски учења? Зошто да не веруваме дека апокрифните дела или гностиците не содржат нешто + во целиот тој хаос од учења кои никнуваат насекаде во тој период од римската историја?

Кој им даде право на христијанските секти да соберат половично еден закон, да пробаат да го поврзат со други учења кои во тој период се разминуваа на големо во Јудеја и Египет како дел од Римското царство - и да создадат нешто што е, како да кажам да не се навреди обичниот верник кој што си бара надеж на Земјата...
создадоа учење кое низ вековите создаваше луѓе кои мразеа се што не беше како нив...?
И сеуште се такви луѓето, се гледа по проповедите за туѓите патишта...

Од христијанскиот концепт на месија добивме со милениуми „месија“ (и догма која имаше доволно време да се разработи и „коментира“) кој што дошол, го распнавме ние луѓето, тој собрал гревови но пак ќе се суди и ќе дојде повторно... ќе дојде да си собере вересијата... а кај евреите е друга приказната за месијата: доаѓа, решава и обединува. Крај.
Нема чекај, ќе се вратиме, ќе страдаме итн итн... кај евреите јасно стои каков ќе е месијата. Тоа сигурно го знаеш, нема јас да те учам... ниту имам волја да те учам за еврејските учења кои ги мразите и самиот закон го нарекувате „стар завет“. Тоа е глупост.

Шинто и "божја" волја? Сигурно ова прашање го нафрли туку така од нервоза :)
Ќе си побараш за шинто и боговите, што како и до каде се може со сета таа волја.
Секој поединец, кој сака да остане во својата заблуда, бара оправдување за истата.
Таков е и твојов допис, во кој не пишуваш што те прашуваат, туку оправдуваш свои видувања за работи кои очигледно не ги разбираш...како што е ставот „евреите вака„ а „христијаните така„, а они да ти биле „исто„...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Секој поединец, кој сака да остане во својата заблуда, бара оправдување за истата.
Таков е и твојов допис, во кој не пишуваш што те прашуваат, туку оправдуваш свои видувања за работи кои очигледно не ги разбираш...како што е ставот „евреите вака„ а „христијаните така„, а они да ти биле „исто„...
Се сложувам. Секој со својот пат и својата заблуда и искушенија. Тоа е новото време и нема да дозволиме да се одржува старата нарација на старите религии... тоа ќе биде минато. Или ќе зборуваш за сопственото учење без да дрдориш за другите како се во заблуда, ќе горат, грешни и слично или молчи ако не знаеш како со различноста во светот и човештвото како целина...

Но христијанската догма разви учење каде што само таа е на светот и не прифаќа ништо друго... мора да се зборува лошо за другите, мора да се сатанизира се што не е христијанство... дури и самите христијански цркви што излегоа една од друга се јадат меѓу себе и се обвинуваат и сатанизираат.
Така е нели? И јас или некој друг треба да очекува нешто мудро од тебе?
Не мора да ми раскажуваш книги, ги знам... но не можам да се пронајдам таму од многу причини кои тебе не те засегаат... и тоа мене или било кој друг не не прави полоши во однос на божественото... освен ако ти така сакаш да си веруваш. Тоа е веќе твоја работа.

Христијанинот, посебно обичниот верник треба да заборави да мисли дека има некаков авторитет на кој ќе се повикува за да сите други религии и учења (за кои знае, а за повеќето не знае) ги окарактеризира како заблуда...

Секогаш кога некој има критика кон христијанската догма, не ги разбираме ние работите бидејќи има нешто тајно и езотерично кое се предава во тие религии и учења... ме зафркаваш сега?

Вие го имате тоа дека евреите се евреи, христијаните си се христијани, вистинско стадо на еврејскиот бог, евреите се отпаднати не го познаа сопствениот месија, но ете ги христијаните, се спознаа... го подобрија еврејскиот закон, ги воздигнавте вие 10те заповеди на едно незавидно ниво - пукаш ти од исполнување на истите и ги разбираш до срж...

Не знам во какво стаклено ѕвоно живееш и ги согледуваш учењата низ светот, ама мудро е да излезеш и да увидиш дека не може така да зборуваш како што зборуваш... веќе го зборувавме ова, но не може да зборуваш за твојата религија без да ги напаѓаш другите и да ги осудуваш нели?
Пробај, како една добра мисловна гимнастика, па и духовна - ќе ти биде многу подобро а и јас ќе ги прифаќам зборовите многу полесно, нели :coffee:
Чунки пророк си...
 
Другиот пат кога ќе посакаш на посочиш релација меѓу Заповедите и било која друга религија, историска или тековно позната, потруди се да посочиш и која е таа зависност.

Да, верата Христова има потекло уште од вечноста и од вечноста, Христос ни ја пренесе во историјата и во времето, во створениов Свет, како единствено учење кое има решение за сите човекови проблеми.

Сите други религии, небитно колку и да се фалат дека се стари, не се постари од створениот Свет и не се постари од вечноста (би било тежок апсурд ако кажат дека се...), туку се створени во времето, во историјата, и, повеќе или пмалку, имаат демонско потекло, кое е лесно воочливо по една многу проста работа, нарена „лага„. Религија која во себе има барем грам лага, јасно е кој лик додал зачин во нејзината манџа.

Тоа што и во другите религии може да се најде по некоја вистина, не смее да го залаже умот дека ете, и кај ни има вистини од духовна природа.

Тоа што сите патишта водат кон Рим, не значи дека сите религии водат кон истиот бог.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Имам посочувано многупати низ подфорумов, ако за секој нов што доаѓа да дискутира и јас морам да се повторувам... не ме плаќаат до толку :coffee:

Ма секако само христијанството е од вечноста и ништо друго.... исламот кој што исто така влече корени од еврејската религија и езотерија - на патот е најден.
Евреите исто така, не се од вечноста иако христијаните веруваат во тој концепт на божественост, ама ете така се погодило - христијанството вечноста и Македонецот на Земјата! :cautious:
Христос (нормално од грчки значи нешто) е „нова“ кованица за познатиот еврејски концепт на спасител/месија на еврејскиот народ. И не може да го негираме тој факт дека месија доаѓа од еврејските учења и еврејскиот народ. И не може да негираме дека христијаните имаат негативен поглед кон мајката на нивното учење, еврејскиот мистицизам.

Христијанскиот свештеник и верник е најмалку повикан да одлучува кој пат на каде води и колку се оди. Не може да се облечат туѓите обувки и да се оди туѓиот пат на искушенија... од вечност до вечност не се оди туку така...

Ништо не е постаро од човекот кога се работи за човекот. Така да прво (и ова да ти ѕвони во умот засекогаш) беше иницијацијата, а потоа учењата и верувањата. Езотеријата се преточи мудро во егзотерични обожувања (религии) како потсетување на обичниот човек дека постојат нешта кои се надвор од нивниот моментален видокруг и да бараат повеќе искуство и да не се задоволуваат само со верување :)
Зад симболите постои пракса. Искуство кое го менува секој човек.

Пак истото: упорен си во твојот негативен став кон другите постари религии од христијанството. Ако не ги знаеш, да се запознаете, ќе ти биде подобро...

Со ова последното ми кажуваш дека нема само еден бог и нема само еден пат... јас нешто слично зборувам, но имам друго разбирање за ова „еден бог“ - но не го расправам тоа по форумов.
Избегнувам да зборувам за боговите тука на форум, некои работи се свети - не може да ги влечкаме низ нашите секојдневни дискусии... нема смисла. :coffee:
 
Веќе објаснив за потеклото од верата Христова и од другите вероисповести. Кој разбрал-разбрал. Кој не, има уште време од својот живот за трошење во лутања и заблуди...

Се чини дека погрешно си ме разбрал; има само еден жив Бог и само еден пат до Него, а патот е прилично тесен. Другите богови и патишта се широки и примамливи во својата содржина и понуда па која сака, нека тргне по нив.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Веќе објаснив за потеклото од верата Христова и од другите вероисповести. Кој разбрал-разбрал. Кој не, има уште време од својот живот за трошење во лутања и заблуди...

Се чини дека погрешно си ме разбрал; има само еден жив Бог и само еден пат до Него, а патот е прилично тесен. Другите богови и патишта се широки и примамливи во својата содржина и понуда па која сака, нека тргне по нив.
Ти на крајот кажа дека иако сите патишта водат кон Рим (значи има многу патишта) не водат сите кон истиот бог (значи има различни богови).
Внимавај како пишуваш, јас барам во ситница карпа - за религиите мора така. :coffee:
Ништо не си објаснил, туку само раскажуваш она што свештениците тебе ти го раскажуваат... немаш знаење или го избегнуваш знаењето што се коси со твојот романтичарски поглед кон верувањето во новиот завет. Не те интересира од каде доаѓа, кога се појавува, зошто, како, зошто токму таму, а не на друго место итн итн...

Не, нема само еден пат. Тоа е заблудата на христијанството што постојано нејзините припадници јадат слатки за другите без да ги разберат или воопшто знаат туѓите учења. Тоа е таа догма: има само еден пат, има само еден симбол и тоа е крст. Крстот е симбол, но е постар од христијанската религија која го презема од постари учења - и да, нема да ти кажам од каде и со што е поврзано бидејќи не сакаш да знаеш за историјата на човештвото, сакаш да веруваш и тоа ти е доволно.

Исклучени од човештвото се дрзнуваат да глаголат како нивниот бог ќе казнува сешто што оди по Земјата и да зборуваат за другите учења како се заблуда.
Доста е со тоа, по кој знае кој пат...

Со муабетиве што ги правиш само ми ја потврдуваш тезата наназад што ја зборувам. Ширите омраза и сте припадници на такво учење што ги исклучува сите ако не се дел од вашето верување. Сите патишта се зло, само христијанството (не кажуваш која црква бидејќи има над 3000 христијански цркви завојувани меѓу себе, не пак со другите) е оној вистинскиот пат.
Ако за тебе е, никој не ти вели да не го одиш тој пат... туркај си патот и мир со тебе. Што имаш потреба од вакви муабети да ги правиш?
Да толкуваш свети книги пред други, да зборуваш како што зборуваш за туѓите учења кои ти се далечни една вечност?
Прави како што мислиш дека си разбрал од твоите свети книги и ќе видиме од што си направен како човек!
Толку е...

Но да тврдиш како муслиманите дека само нивните ритуали и обожувања се вистински и даваат напредување кон божественото е во најмала рака бедно, да не кажам злонамерно... :coffee:
 
Твоево релативизирање на религиозноста и религиозните доктрини не може да биде бесконечно, оти смртта доаѓа ненајевана, а после неа нема време ниту за религиозен избор, ниту а покајание, понајмалку за дискусии за тоа која религија е вистинската...

Во Црквата постоја апологети, поединци-теолози кои исклучително добро ја познаваат верската наука и преку споредби и очигледни докази, ја бранат вистинитоста од црковното учење во однос на другите религии. Од друга страна, немам потреба да барам духовност кај народи и верски учења кои ми се далечни по секој можен основ: по географски, по историски, по традиционалистички, по ментален склоп и сл., а притоа пред себе ја имам верата од сите мои претходници, која стои во моја непосредна близина...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Премногу краткотрајно временски и просторно се ограничуваш во однос на предците. Твоите предци не од секогаш биле христијани, дали си ги знаеш до 6-то колено своите предци...

Денес се е блиску и географски и историски, само човек треба да се потруди да го разбере човештвото и како е поделено насила... и разбираме дека ништо не е издвоено како под стаклено ѕвоно кога се работи за човештвото.

Но ти не знаеш што може да биде бесконечно во однос на мене и целото човештво. Што сега смртта ти дојде на ум? Со тоа сеуште ќе се китите за да човекот сепак прифати грев, а со тоа и спасител кој што го нуди твојата црква?
Сите доктрини и религии имаат различен пристап кон смртниот дел на поединецот кој што оди по Земјата... ништо посебно не е твојата христијанска догма.

Тоа што си роден тука и си прифатил христијанство заради традиции и слично само покажува дека ако си бил роден во Израел ќе си бил евреин, или во Индија ќе си бил дел од некоја од многуте будистички или хиндуистички секти...
Што пак ме води кон идејата дека сепак карма јогата која се учи на истокот сепак содржи некоја вистина за непрекинатоста на животот, па секој поединец го фрла токму таму каде што треба да се надмине! И во однос на човештвото и во однос на божественото!

Црковните апологети и теолози не ја познаваат добро компаративната религија и не ги интересира ништо друго освен сопствената религија и постојано „толкување“ за верните бидјеќи нели мирјанинот е неспособен, нема свет дух врз него, не може туку така да го разбере божественото.
За поединците-теолози само добро се обучени да зборуваат негативно за се што не е христијанство. Посебно православните апологети кои задскриени зад лажна понизност и „љубов“ зборуваат сешто злонамерно за туѓите учења кои никогаш не ги проучувале.

Не потои „верска наука“. Тоа го користат премногу исламските „учени“ во стилот дека се добро запознаени со сопствената доктрина и сите варијации - поточно за секој стих имаат развиено илјадници толкувања за да пробаат мене или некој друг да му докажат „за вистинската вера“.

Не може да има вистинска вера денес заради:
  1. постојат премногу религии кои се дијаметрално спротивни една на друга и се негираат и го делат човештвото на секој можен начин, а користат исти свети книги НО ги толкуваат како ним им се чини дека треба и градат хиерархии и ритуали и догми од тоа;
  2. самите религии изродиле премногу секти и меѓусебе шират омраза и си ги поткопуваат учењата иако зборуваат за една иста света книга по која треба, зборувам треба да се води целото човештво
  3. се заборава на историјата од каде потекнуваат и како се развивале религиозните системи низ човешвтото.
  4. Нема потреба од 4, доволни се претходните ствари иако може цела азбука да ја истрошиме и ќе биде бесцелно бидејќи старите религии кои потекнуваат од еврејскиот мистицизам и закон бараат исклучителност: или ние или сите ќе ве казнува нашиот концепт на божественост.
 
ОК, продолжи да релативизираш, се‘ додека не дојдеш до заклучок дека и твоето приклонување кон оваа или онаа религија или ова или она философирање, у ствари, се твоја тешка заблуда...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
ОК, продолжи да релативизираш, се‘ додека не дојдеш до заклучок дека и твоето приклонување кон оваа или онаа религија или ова или она философирање, у ствари, се твоја тешка заблуда...
Сега зборуваш слично како мене, но пак оној христијански став: ние сме оние кои судат, не вие, другите.

Јасс не реков дека твоето е заблуда на пример, јас реков, ќе морам да се цитирам:

Се сложувам. Секој со својот пат и својата заблуда и искушенија. Тоа е новото време и нема да дозволиме да се одржува старата нарација на старите религии... тоа ќе биде минато. Или ќе зборуваш за сопственото учење без да дрдориш за другите како се во заблуда, ќе горат, грешни и слично или молчи ако не знаеш како со различноста во светот и човештвото како целина...
За да разбере некој дали е или не во заблуда мора да се сомнева, мора да истражува. Другото е догма и страв од божественото, а така јас не сум запознал некој да напредува и да надминува.
Не мора да се измислуваат идеи како „искушенија“ да не се напушти верата... не постои бог или човек на Земјата што може да те спречи на твојот пат каков и да е... ако знаеш да го одиш и ако го разбираш во потполност.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Сега зборуваш слично како мене, но пак оној христијански став: ние сме оние кои судат, не вие, другите.

Јасс не реков дека твоето е заблуда на пример, јас реков, ќе морам да се цитирам:

За да разбере некој дали е или не во заблуда мора да се сомнева, мора да истражува. Другото е догма и страв од божественото, а така јас не сум запознал некој да напредува и да надминува.
Не мора да се измислуваат идеи како „искушенија“ да не се напушти верата... не постои бог или човек на Земјата што може да те спречи на твојот пат каков и да е... ако знаеш да го одиш и ако го разбираш во потполност.
Хептаа зборувај ми за тие што напредувале и надминале...имаше порано една емисија-Каде се и што прават?На некоја од тв. програмите па истото прашање ми се врти во главата согласно болдираново...:coffee:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Како мислиш да ти зборувам за нив? :coffee: Да ти раскажувам нивна историја за да мастурбираш колку се успешни на Земјата или не се успешни според некои твои стандарди?
На тоа мислиш или грешам? Ако грешам дообајсни се да ми те разберам поубо...
Дали ти повеќе си за догма, без потреба да се сомневаш и истражуваш, или сомнеж и истражување само да има кога се работи за туѓото, не за своето?

Многу некако бесцелни или празни прашања ти се вртат во главата јас да ти кажам... и ти како христијанин се фати за орото заедно со @PROROKOT? А мислев подруго ќе играш... ама не може на друг начин нели?

Како тетки на улица: де кажи ми за тој и тој што прави, слушам 4-ца од 7-те синови не ги бидува ;) Ама да беа ова и ова - ќе ги бидеше...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom