Против ПСЖ, не би се согласил дека беме доминирани, првата утакмица да, можеби а имаа цело време они топката, ама ништо посебно не направиа со неа, освен што Мбапе не бушеше по десната страна, друго ништо. Вториот натпревар првото полувреме исто така, имаа некој шанси ПСЖ, ама ништо приближно како оние на Челзи и Манчестер Сити.
Би се сложил дека против Челзи се спасиме за влакно ете. Дали беше среќа или неспособност на Пулишич и Лакака да ги остварат зицерите кој ги имаа, којзнае. Првата утакмица во Лондон, покрај хет-трикот на Бензема, Реал имаше уште 1/2 добри акции, едната беше на пример таа што погоди пречка Винисиус. Од другата страна пак, Лакака пред натпревар за да му свете челавицата а намачкал изгледа со свинска маст па успеа 2 со глава сам оставен да ги промаше.
Исто така, да не се забораве дека на првиот натпревар, па и на вториот, Куртоа имаше 2/3 неверојатни одбрани.
Вториот натпревар против Челзи беме 80% од времето доминирани, заедно го гледав натпреварот со едно другарче кое навива за Челзи и му реков дека ќе не превртуат, едноставно имав чуство дека ќе влезиме како веќе да сме поминале и ќе примаме голови, среќа мастерклас на Модриќ и Бензема не спаси, а да не се забораве и Родриго и Камавинга кој внесоа свежина одкако влегоа на тој натпревар. Имаше и во Мадрид Реал 1/2 испуштени шанси, како пречката на Бензема со глава, ама ни приближно онолку колку што се изнапромашува Челзи чисти зицери.
Е сега, некој викат дека раката на Алонзо не била рака, вака нака, дискутабилно е, ама секако дека ќе викат така кога играт против најдобриот клуб Реал Мадрид, од секогаш имало некој кој нон стоп ни сереле на успехот, никој не го спомнува непостоечкиот корнер од кој падна гол, верувајте Реал да дадеше гол од поклонета корна ќе гореше интернетот, страшно плачење ќе имаше. Се на се, првата утакмица изедначена против Челзи, втората не доминираа 80% од времето.
Вчерашната утакмица не треба да се коментира уопште, цело прво полувреме не доминираа, во делови од второто исто така. Првите 2 гола примени на таков аматерски начин, па и другите би рекол, каде што целата одбрана беше во курац. Нема збор за тоа што беме доминирани, ама пак, неспособноста на Манчестер Сити да си ги искористат шансите сведе до тоа да имаме активен резултат во Мадрид и да имаме шанса да му наплатиме за тоа.