Што бара умрен американец кога се зборува за умрени руси?
Или си копирал од друго место и не си ја видел сликата.
@loophole мислев да не ти останам должен во врска со вчера, ама нема потреба да постирам нешто што одамна го знаеме и да отиде водата на друга страна, туку најдов нешто интересно за што се правеа споредби со Италија, издадено е во мај 2020г за 2017г од Еуростат.
https://ec.europa.eu/eurostat/documents/2995521/10868691/2-19052020-BP-EN.pdf/bb14f7f9-fc26-8aa1-60d4-7c2b509dda8e
Сметајки во ППС Русија е подобра од Британија, а од ЕУ веројатно само Германија и можеби Франција имаат повеќе.
Што е ППС, Гугл вика
Значи кога сметаш во евра/долари една е вредноста, ама ако сметаш во рубљи друга ќе биде.
Не знам што има врска големина на БДП на Русија, дали сметан во номинален или ппп начин, со тоа што јас го пишував, али ај да одговорам. Btw, пад на БДП ќе се случи, без разлика на методологијата со која го пресметуваш.
Не е до валутата во која го сметаш, секоја држава си ги објавува податоците во своја, домашна валута, туку до начинот на кој го претставуваш во некоја "универзална" валута, за да биде споредливо со други економии.
Ппп е одличен теоретски метод и дава пореален компаративен приказ за големината на секоја економија. Ама, во пракса е многу ретко прецизно, поради недостаток на податоци и некои претпоставки на кои се базира.
Иначе, по Ппп и Индонезија има поголема економија од УК, а Индија е 10 трилионска економија, поголема од Јапонија. Најсоодветно е да се употребува при споредба на географски блиски економии, со слични пазарни економии и сличен степен на развој.
Плус не е баш соодветен за економии кај што надворешно-трговска размена е голем дел од БДП, што е случај со Русија кај што е историски над 40%.
Како и да е, економскиот удар од војната (санкциите) ќе се случи, без разлика како ја сметаш големината на Бдп на Русија.
odlicen post i analiza. imam nekolku komentari od moja gledna tocka.
industrija - kolku i da ne gi sakam svabite, se si e na mesto. industrijata i ekonomijata im se megju najkonkurentnite vo svetot, i bas kako so naglasi
vo sofisticirani high-end proizvodi.
ne se soglasuvam so delot okolu vlijanie na cena na energens. da ne baram izvori, vo finalna cena na sekoj produkt (od svirce do mercedes)
ucestvuva cena na energensot. generalno e zemeno 1/3 od cenata na proizvod odi na energens, a ima industrii/proizvodi kade odi do 70%.
tocno deka cenite se formirani na globalna berza (market equilibrium, supply-demand a u), ama bas vo momentov se gleda koga zapnaa OPEC zemjite
da drzat niska proizvodna stapka (low supply), kako se drzi naftata nad 100$ po barel.
berza i market se super ekonomski alatki, ama vo knigite i priracnicite ne pisuva so se vlijae na nivnata dinamika (geostrateski interesi).
tocno e deka Japonija i Korea plakjaat megju najskapite energensi (posebno Japonija za LNG gas posto e zemja so golem broj ostrovi,
i samata geografija ne dozvoluva tehnicki resenija kako vo kontinentalna Evropa).
ne e bas najidealna sporedbata so 70tite. ako pamtam dobro, arapskite zemji namalija/stopiraa izvoz na nafta poradi podrska od zapadna Evropa kon Izrael?
na baza na toa iskustvo, eden ton simulacii/proekcii (forecasting n scenarios) se praveni posebno vo zapadna Evropa, i moze da se dobie dosta cista slika
koi se opciite za snabduvanje so energensi i nivni efekti - pozitivni i negativni.
sekoja nafta od razlicni regioni e razlicna (vo odredena mera vo odredeni parametri), pa najcesto rafinerii i seta infrastruktura e gradena na baza na doverba i dolgorocni odnosi kupuvac-dobavuvac.
ne e sporno deka mozat da izgradat LNG terminali i red drugi raboti - vo period od 5-10 godini, ne ovaa i narednata.
toa e sosema nepotrebno dupliranje na kapacitet - imas doma parno na peleti da receme, dovolno za zimoto,
i vikas aj kje kupam i toplotna pumpa so ist kapacitet za cela kukja, neka ima, kje se najde.
odlicna poenta deka alternativite se politicki teski za goltanje. embargo kon Rusija opravduvaat od agresija/invazija kako i da go definiraat.
pa nema zemja vo OPEC bez krv i konflikt vo pobliskata istorija. ne ja gledam poentata ...
nikade ne sum pisal deka bi propadnala EU ekonomija, ama fakt e deka problemite se se pobrojni i pokrupni.
namesto EU da razviva/podobruva ekonomija/industrija, se opravuva so begalci (pak), sankcii, i vrtenje vo krug i gazenje vrz
celiot napor koj e vlozen vo energetika i ekologija, posledni 20 godini. posto sme na tema ekonomija, da ne go naglasuvam faktot
so bukvalno sloboda na govor (sprotivno mislenje) e svedeno na minimum.
da propadne ne, ama bi rekol deka zagarantirano odi vo seriozna nadolna linija. mozebi nema da se vidi direktno vo indikatorite
koi gi gledame najcesto, ama kvalitetot na zivot za sekoj eden vo EU e namalen.
ne sum zapoznat najdobro so Ruska ekonomija, ne bi komentiral mnogu. golem del od priliv vo budzet e od prodazba na energensi, metali i voena oprema. po konfliktov ne gledam kako niedno od tie bi se namalilo, a cenite se sky-high na se. Ukraina kako Evropska Sirija verojatno e najdobar opis na sostojbata.
Не е толкаво учеството на трошоците за енергија, во вкупните производни трошоци за некој производ, со исклучок на транспортни дејности и некои специфични индустрии, кај што има потреба од голема потрошувачка на енергија за работа на погоните, а има многу малку други инпути. Најчесто учествуваат со 1-10% од производните трошоци. За хај-тек, софистицирани индустрии, најчесто не поминува 5%. Има добри анализи за оваа тематика, со големи сетови на податоци, изработени или нарачани од ЕК.
Така да, има влијание врз профитабилност и компетитивноста на европската индустрија, ама не е ни блиску до најбитен фактор што ќе ја одреди иднината на германската (европската) индустрија. Европската индустрија традиционално плаќа меѓу највисоките цени за енергенси, заедно со Јапонија, Кореја и Кина. Плаќа една од највисоките цени за струја, што е најчесто користен енергенс од индустријата.
Компетитивноста на една индустрија многу повеќе зависи од други фактори, индустриска политика, технологија, квалификувана работна сила, големина на пазар, синџир на набавка, инфстраструктура. Баш затоа што цените на основните инпути се формираат на глобални или регионални берзи, кај што геополитика нема преголемо влијание. Не го кажувам ова од книги и прирачници, не сум студент. Освен за земјите кои се големи производители, кога ќе се исклучат трошоците за логистика, за сите останати цената за сите commodities на глобално ниво е иста. Така е од 90ите години навака. Овој doom and gloom наратив дека ЕУ, Германија, ќе бидат во слободен пад, ако плаќаат повеќе за енергенси и не и се поклонат на Русија, излегува од еден центар и знаеме за која намена служи.
Нафтената криза од 70ите е добар репер за денешната ситуација. Затоа што, тоа беше уште посериозен шок на страна на понудата, од ова што го имаме денес, или тоа што потенцијално може да се случи. Заливските земји тогаш имаа практичен монопол на снабдувањето на Западот со нафта. Ембаргото, повисоките цени, па револуцијата за Иран, цела декада на шокови. Иако, ефектите беа сериозни, со неколку години рецесија, целата геополитичка игра не ја смени битно траекторијата на економијата на САД и сојузниците.
Не викам дека ова е идеална ситуација за економијата на Германија и останатите држави во ЕУ, сигурно дека и они не би го бирале овој развој на настаните. Нормално дека никоја држава во Европа не сака да гради двојни капацитети и да инвестира повторно во алтернативи. Меѓутоа, во политичката математика, за нив тоа е помал трошок од продолжување на зависноста од руски енергенси. Русија сама избра да се трансформира од држава кон која мнозинството Европјани беа амбивалентни, во држава која е безбедносна закана. Нормално е дека нема да биде business as usual.
Проблемите на ЕУ ќе стануваа поголеми и посериозни и да не се случеше оваа криза. Европа ќе губеше (релативна) економска и политичка моќ, првенствено во однос на земјите од Источна и Југоисточна Азија, дури и да имаа пристап до уште поефтина руска енергија. Тоа се однесува на сите земји во Европа, тука ја вклучувам и Русија. Крупниот гео-политички потрес во 21 век е растот на Кина и префрлање на центарот на светската економија во Азија. Русија е економски и демографски европска држава и страда од истиот релативен пад на својата моќ, како и останатите европски држави. И тоа нема да се смени. Меѓутоа, тоа не значи дека Западна Европа ќе стане Балкан и ќе го изгуби богатството и општествениот капитал г(к)раден со векови. Освен ако не се случат некои историски потреси, голема војна, комплетен распад на ЕУ, огромни природни непогоди и сл.
Во однос на руската економија. Не е толку едноставно, руската економија не е само фосилни горива, метали и оружје. Финансискиот сектор, услужен сектор, останатот индустриско производство ќе трпат штети со години, ради оваа авантура во Украина. Русија од 90ите има проблеми со огромно намалување на индустриските капацитети. Индустријата им е во голема мера интегрирана во европскиот синџир на набавка и во моментов зависи од европскиот пазар. Ако ова продложи, ќе треба неповратно да се тргнат од западна технологија, што е многу тешко и бара огромни инвестиции во физички капитал. За тоа треба зрел и развиен домашен финансиски пазар, или пристап до меѓународни пазари и волни инвеститори. Русија едноставно нема пари за тоа, ни ќе има пристап до меѓународните пазари на капитал и до оние што имаат пари, освен по абнормални услови. Тоа значи дека производниот капацитет ќе трпи и ќе се намалува постепено, дури и во индустриите на вадење на фосилни горива и обработка на метали. И тоа е само еден сегмент од економијата. Имаме историски примери за вакви работи, предвидливо е што ќе се случува.
И Германија и Русија и цела ЕУ ќе се приспособат, меѓутоа ефектите и трошоците од тоа приспособување нема да бидат ни блиску до пропорционални.
Респект за цивилизираниот одговор и одличниот пост.