.. аууу како така, прваче со 7 години ли а сеуште неписмено со 8 години?
значи сме сведоци на најнеписмени генерации до сега,
јас со мои завршени 6 години бев веќе писмена, а на 8 години решавав задачи со една непозната и учев три странски јазици, леле тешко на нас кои генерации ќе не сменат!
... кои работнички права?
да за дел на вработени важи законот три дена ненајавени на работа добиваат отказно решение, додека другиот дел на исто место колеги дваесет, 10, 5 години не се јавиле на работно место све до пред некој месец, а цело време си ја земаа платата?
...кои работнички права да пишуваме, кои вработени со стаж и искуство не можат да дојдат до раководни места кои ги добиваат неискусните тукушто вработени што појма немаат каде се наоѓаат, а не пак за работа да организираат?
- порано имало закон да тукушто вработен си е приправник цела година иако дипломиран земал 70% плата, додека не се здобиел со искуство, а сите лекари задолжително требале да го поминат патешсвието по селските амбуланти од неколку години за да би имале право потоа да работаат по болниците, сега од студентска клупа директно шеф, раководител, директор пред другите вработени, тоа ли е право на работникот ко не е партиски засегнат!
...за кои работнички права да пишуваме, кога се наградени со КОВИД парична стимулација токму тие вработени кои не влегле воопшто во тие центри, ниту работеле, ниту пак биле воопшто присутни на работа, ај Директорите се поставени партиски, другите вработените не се моќни, но каде е синдикатот да ги брани работничките права токму од тие (не)работници со партиска книшка и непотизам?
Синдикатот спие никому ништо за ова неправда меѓу работниците, да работник што во една институција работи со години не може да си дозволи годишен одмор поради разни оправдувања на директорот, па и поради пандемија, а додека дојдени нови медицински лица тукушто вработени веднаш да користат годишен одмор и тоа неискористен во сосема друга работа во приватна дејност искористува без проблем во новото работно место добиено со партиска книшка, каде е тука Синдикатот да се избори токму за правата на работниците од партиските (не)работници?
и сега сите притиснати да се штрајкува за да овие сите „неработници’ со партиска книшка го добијат токму тоа покачување со ниеден работен ден, не штајкувам бе, нека каже Претседателите на сите Синдикални организации што прават со парите кои се слеваат од месечните одбитоци на вработените, нека кажат колку ТИЕ си поделуваат дополнителна плата? знае ли некој? им се дава отчет некому, на работникот ли? поголема манипулација со Синдикатот немало како сега, до сега!
СОНК ќе штрајкува за покачување, а што не штрајкува поради неписмени генерации што излегуваат токму додека тие треба да се горди што поминува низ нивните раце? тие се тие кои треба да ги остранат сите негативности што ја уништува описменувањето на генерацијата, дали е виновно однесувањето на родителите, дали на новите методи за работа, дали за недоволно транспарентност и согласност од просветните работници за носење нови закони на министерство за образование што се однесува за учениците и методите за учење, а за тоа треба да се штајкува, а покачувањето после само од себе ќе дојде!
ехее хееее само јас колку идеи имам за работење во образованието, ама со кого, фабрики, аграр, трговија нула, ќе покачуваме плати во јавен сектор од пари земени од европски фондови и до кога тоа? нема ли да секне? теба да се пополни пензиониот фонд, здравствениот фонд...од што, од кредити ли? каде е економијата на приватниот сектор, каде е земјоделецот, дајте бре субвенции да се обработува земјата да има од каде да се слива вистински пари, обновите ги фабриките кои се како споменици расфрлени низ цела МКД како отворени руини за едно време кога се работело во МКД, јавна администрација, ај така ќе се врти европски кредити бутај администрација и толку ќе ја снема МКД, а новите генераци неписмени, тупи ем глупи, освен за ФБ, Инста и смартфони, се разбира!
ајт, се изнервирав!