Генерален штрајк на СОНК

Член од
7 септември 2016
Мислења
20.394
Поени од реакции
35.943
... ццц ццццц ќе го прекинат штрајкот, се кладам штом толку зборуваат и не кажуваат директно, миц, миц оправдување,
... штом овој месец ќе биде исплатена само најниската ставка од здравствено и пензионо, без нето плата, не ми се верува дека ќе се тера за повисок % на покачување освен 10%, и што? ќе ја покачат платата 10%, а ја изгубиле априлската плата 100% :toe:
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.759
Поени од реакции
7.586
... ццц ццццц ќе го прекинат штрајкот, се кладам штом толку зборуваат и не кажуваат директно, миц, миц оправдување,
... штом овој месец ќе биде исплатена само најниската ставка од здравствено и пензионо, без нето плата, не ми се верува дека ќе се тера за повисок % на покачување освен 10%, и што? ќе ја покачат платата 10%, а ја изгубиле априлската плата 100% :toe:
За време на штрајк синдикатот е задолжен да исплати плати. Башка тие 10% со тек на време ќе покријат доколку се јави еднократна загуба. :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.394
Поени од реакции
35.943
Пример си ти со твоето спомнување на Жан Митрев. Точно е дека се збогатил човек, но народ сам, на доброволна база иде кај него и му ги остава парите. Вработени кај него не смеат да забушаваат, крв серат, 24/7 рмбаат и за тоа платени се.
... се сложувам со претходниот текст што си го напишал, ама со овој дел си малку грешка, вработените кај него работаат во нормални стерилни услови како што треба да биде за пример секоја болница, инвентар, инструменти, апаратура цакум пакум гланц, без стрес и надвикување меѓу персоналот, дури обратно има некој лекари (медицински персонал) кои нему му се силат, па си заминуваат барајќи плати од не 500 евра, не од 1000 евра туку 2000 евра и над, па сега види ти колку „крв серат“ тоа би го споредила со ЕВН и МЕПСО што таму вработените гревчиња „крв серат“ и се знае кои се тепаат таму да се вработат!
За време на штрајк синдикатот е задолжен да исплати плати. Башка тие 10% со тек на време ќе покријат доколку се јави еднократна загуба. :)
...мислиш? нема дупка таму законот поинаку да се интерпретира?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
18.098
Поени од реакции
9.735
... ццц ццццц ќе го прекинат штрајкот, се кладам штом толку зборуваат и не кажуваат директно, миц, миц оправдување,
... штом овој месец ќе биде исплатена само најниската ставка од здравствено и пензионо, без нето плата, не ми се верува дека ќе се тера за повисок % на покачување освен 10%, и што? ќе ја покачат платата 10%, а ја изгубиле априлската плата 100% :toe:
За време на штрајк, синдикатот дава плата, така да СОНК пред да започне со генералниот штрајк, направи финансиска пресметка....никој нема да биде без редовната плата, таман работа, инаку кој би штрајкувал.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.394
Поени од реакции
35.943
Еве решение:
...за да има администрација и повисоки и редовни плати, треба да има пари во буџетот кои ќе е слева токму од приватниот сектор, тоа не е решение, тоа е нормален процес во нормална планирана економски силна држава, исплата на адинистративци не се врши од европски заеми и кредити, туку од тој кружен процес на инвестирање во селата за земјоделецот, субвенции и подобрување на работниот процес на тој што на 40 степени со свиткан грб работа на поле (додека административците си го сончаат грбот по светските плажи), фабриките треба да се рестартираат, да се изградат патишта до секое забутано место во државата за да се развие туризмот, да се вратат луѓето во селата да заживее аграрот, ама самата држава е во процес на (само)уништување на секој план и економски и духовно и идентитетски и воспитнообразовно, што на жалост ние сме обични смртници и обични сведоци што не можеме ама баш ништо да направиме!
За време на штрајк, синдикатот дава плата, така да СОНК пред да започне со генералниот штрајк, направи финансиска пресметка....никој нема да биде без редовната плата, таман работа, инаку кој би штрајкувал.
...да го прочитаме членот во законот ако се може, за да се сложиме за истото!
мислиш синдикатот ќе си одвои пари од својот буџет? пиххх, па ние секој месец одвојуваме средства за синдикатот со години, ете ќе те прашам што добиваш од тие куп пари, каде одат?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.127
Поени од реакции
34.963
Злате, прилично добро сум запознаена со образовниот процес и неговата работа.
1 наставник во Шведска или Германија никогаш нема да си оди во 12:30 дома. Туку после завршувањето на часовите тој си ги завршува административните работи во училиштето, а не дома. За да не мора во недела да губи неколку часа пред компјутер.
Се согласувам со тебе, потполно. Нели и бесплатно е образованието, така? Е па за да останат после часови за да си ја завршат работата, училиштето треба ли да им обезбеди на наставниците хартија за печатење, принтер, тонер и какви се не други канцелариски материјали? Е, ама не им обезбедува! Мора да купуваат сами. Дури и компјутери нема. Не за децата, за наставникот. Оние кои немаа лаптопи за време на пандемијата, мораше да купуваат за да ги поврзат учениците онлајн. Онлајн наставата трае и денес, инаку, за дел од учениците, па лаптопот од дома го влечкаат на училиште за тие деца што не можат да следат настава со физичко присуство да можат да се приклучат онлајн. Често нема ни интернет во школото, па треба да си пуштиш hotspot од телефон. Ама не сфаќам како за сето ова се криви наставниците? Јас да сум наставник, на пример, милион пати повеќе би ми одговарало да останам на работа 8 часа, и дома да сум слободен, наместо дома да правам наставни ливчиња за утре и да принтам електронски дневник (да, иако го внесуваат електронски, а до пред година-две го пишуваа и писмено и електронски, треба да го испринтаат и чуваат на училиште. А во училиштето нема ни компјутер со интернет, а не па принтер со тонер. И како да си ги завршат обврските таму?

Уште еднаш ќе повторам - за сето ова не се наставниците криви, туку државата.

Ајде да те прошетам низ охридските училишта после 10-ти јуни, колку наставници ќе најдеме во 1 училиште.
За Охрид не знам. За тука гледам дека се на работното место, зашто и јас не можам да одам на одмор до 15 јули, никогаш! ;)


Во нашето време, наставниците запишуваа час во дневникот, пишана форма. Сега наместо во пишан дневник, часот го запишуваат во електронски дневник. За да го пополни електронскиот дневник што тој работел денес и колку ученици биле отсутни, не му требаат повеќе од 10 минути.
Во наше време имаше и ученички книшки и свидетелства, а сега до 3 одделение има евидентни листови со описно оценување за секој ученик поединечно. И тие треба да бидат испринтани, да се потпише родител на нив, на секое тромесечје, да бидат внесени во е-дневникот и исто и таму потврдени од родител. Со други зборови: скоро секоја работа што треба електронски, ја прават дупло, и во печатена форма.

Прашај дали во Шведска и Германија наставниците не одат на работа по 8 часа откако ќе им заврши школската година.
За споредбите со Шведска и Германија што ги правиш повторно на никаков начин не се виновни наставниците. Moreover, неумесни се: во Шведска не ни имаат работна недела од 40 часа, туку помалку. До државата е, не до даскалите. ;)


Дневните подготовки на следниот ден, ќе ги направат еднаш, за подоцна (следните години) да им ја менуваат само датата ;) доколку нема промена во наставната програма. Па така имаш професори (посебно предметните професори) каде што со години наназад немало никаква промена во наставната програма, па со истите дневни подготовки тие си тераат години. Обврска им е само промена на датумот и толку.
За предметните наставници не знам. Одделенските: колку што имаше промени во последниве неколку години, толку немало во минатите претходни! Еве сега најново со промената на Царовска во прво и четврто одделение да учат („наводно“) без учебници (ќе видам в година дали е навистина така и како функционира во пракса). Што значи - тешко дека можат да ги користат истите од лани.

Да се разбереме, јас не сум против тоа да штрајкуваат и да си ги бараат своите права. Секој работник има право на штрајк. Ама не на сметка на децата. Штрајкуваат скоро 2 недели. За време на штрајк треба да се сите на своето работно место. (не знам како е во Скопје, ама во Охрид), од 100 вработени, 50 луѓе одат на работа, а другите 50 се дома, па следниот ден се менуваат.
Секој ден одат на работа, сите. И покрај тоа што најавата е дека овие денови нема да им бидат платени (сосема легитимно, не спорам ништо тука). А за тоа дека децата патат, да, и моето дете е второ одделение, и тоа трпи штета. Но - пак ќе повторам - ЗА ТОА НЕ СЕ КРИВИ НАСТАВНИЦИТЕ, ТУКУ ДРЖАВАТА! Нели викаа дека обврска на директорот била да најде замена - такви кои нема да штрајкуваат и наставниот процес да не прекинел. Најдоа? Нормално дека не, зашто нема каде да најдат. Јас ако штрајкувам не значи дека го попречувам образовниот процес. Како што стои во законот, слободно нека најдат замена и нека го продолжат.

Семинарите, обуките ги имаш во секоја професија, професионална надоградба. И не разбирам зошто тоа треба да претставува некој посебен терет. Се менуваат методите, пристапите, нови техники и слично. Земи пример еден доктор или правник или било која друга професија, зарем тие немаат обуки, семинари и сл?
Не го спомнав тоа во тој контекст, туку за сите такви семинари, обуки, натпревари и сл. на кои учествуваат учениците, наставниците треба да напишат извештај кој исто така стои во електронски дневник. Значи зборував за специјалните обуки или што и да се - за децата, а не за наставниците. Прочитај ја реченицата погоре.

Знаеш ли колкава штета трпат моментално првооделенците? Во време кога се учат букви и бројки.
Буквите се учат во второ. Во прво има само препознавање на дел од буквите. ;) Првото одделение денес е нешто како нашето забавиште.

Да се сложувам комплетно со тебе дека да се биде наставник не е воопшто лесно. Ама која професија е лесна? Зарем секоја професија не си носи свои предизвици, позитивни и негативни страни?
Е, ова те чекав! Значи тие кои како теба зборуваат против наставниците зашто не ја заслужувале ни таа плата која ја добивале и сл, нека ја свртат малце приказната обратно - ако им е толку лесно, што не завршивте вие Педагошки факултет или педагошки доквалификации и не станавте вие наставници? Нели ништо немаше да работите, ќе си пиевте само кафиња, а платата ќе ви беше таман, пошто нели - таман е за таа работа. Ако секоја професија има свои позитивни и негативни страни да ги оставиме сами да си се изборат за да ги намалат негативните во нивната. Нам ништо не ни одземаат, а за децата дека патат, обвини ја државата, а не нив.
Автоматски споено мислење:

Како ќе ги извршуваат административните работи во училиште кога немат ни лаптопи ни компјутери ни ништо, па тие се принудени административните работи да ги извршуваат дома плус тоа да земат кредит и да купуват лаптопи бидејќи ова држава дигитализра све во образованието а на учителите не им омозвожува ништо.
Е, истото го реков. За ова на никаков начин не се наставниците криви. Обвинувањата се адресирани на погрешно место.
Автоматски споено мислење:

Јас сум прва генерација деветолетка (скокавме од прво во трето одделение), генерација на која што се експериментираше секоја реформа. Знаеш кога професорите пишуваа е-дневник? Само на почеток кога се уведе, а сега пишуваат неколку пати годишно за да надокнадат за тоа што не пишуваат секојдневно, или пак само кога ќе им најават инспекција. Нема теоретска шанса да им требаат дневно неколку часа за тоа.
ОК, ај нека ти биде, штом ти така велиш. Јас слеп сум. ;) А @Anon ваљда не ни знае што е тоа е-дневник. ;)

Семинарите не им се ништо друго освен платени излети, или пак ништо не ги учат на тие семинари. Купишта професори идат на тие семинари, за на крај да се вратат и да не го променат начинот на предавање, ниту пак да експериментираат со истиот.
Пак за семинарите. Ај трк горе, прочитај ја реченицата кај што ги спомнувам семинарите уште еднаш и врати се назад да продолжиме со муабет.

Професорите, учителката и наставниците кои што имале најголемо влијание врз мене не ме тепаа, не ми се закануваа или ми повишуваа тон, туку преку примери, преку убаво објаснување и одвојување на време, преку мудрост ни покажуваа тоа што сакаа да ни покажат и да не научат.
И сега ти сметаш дека сегашните професори и наставници не знаат да дадат убав пример, не објаснуваат добро и не одвојуваат доволно време, па затоа не заслужуваат да си ги бараат своите права?

Секоја работа си има своја тежина, точно. Не им е лесно ни на наставниците ни на професорите, но сепак, знаеле што ги очекува кога ги потпишувале договорот и тука не треба што да ги жалиме.
Па никој не ги жали де. Си ги бараат правата, сосема легитимно. Наше е да ги поддржиме или не, но ни јас не ги жалам.

Јас сум прва генерација деветолетка
Македонски кој ти предаваше? :D
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.056
Поени од реакции
10.759
Ако било толку лесно што не завршивте педагошки, синки нема потешки факултети
Ај да не зборам за порано ама сега без партија ни господ не те вработува во школо и тоа треба поприлично да трчаш за партија што значи никој со сила не го натерал и ке му дојде како денешниве џандарчиња што плаќаа по 5к евра и партиски што се набутаа за да ги слушаш сеа како плачат мала е платата мислиш од дома ги донесоа на сила
 
J

joli1

Гостин
Автоматски споено мислење:


ОК, ај нека ти биде, штом ти така велиш. Јас слеп сум. ;) А @Anon ваљда не ни знае што е тоа е-дневник. ;)


Пак за семинарите. Ај трк горе, прочитај ја реченицата кај што ги спомнувам семинарите уште еднаш и врати се назад да продолжиме со муабет.


И сега ти сметаш дека сегашните професори и наставници не знаат да дадат убав пример, не објаснуваат добро и не одвојуваат доволно време, па затоа не заслужуваат да си ги бараат своите права?


Па никој не ги жали де. Си ги бараат правата, сосема легитимно. Наше е да ги поддржиме или не, но ни јас не ги жалам.



Македонски кој ти предаваше? :D
Малку возбуден делуваш, шо е, дн се наљути?

Јас завршив школо 2018-та, ти кога? Пиши па да ги споредиме перспективите.

Моја грешка околу семинарите, можеби погрешно сфатив што беше напишано у моментот, извињавам се.

Да, МНОЗИНСТВОТО млади професори и нововработени не знаат ни приближно толку добро да пренесат знаење, ниту пак толкаво знаење поседуваат како професорите вработени во време на Југославија или пред распадот на истата. Причината за тоа е што кешираат за вработување или пак се вработуваат преку партија. Се додека тоа се критериумите за да станеш професор, не протести, не дигање плати, што и да се имплементира во образованието како реформа е за џабе.

Прочитај ја мојата последна реченица, јас убаво реков дека постојат млади професори и професорки кои се способни и полни знаење и со желба за работа, но тие не излегуваат до израз поради тоа што мнозинството се пијавици. Секој квалитетен професор ќе се сложи со истово што го пишав затоа што и самиот е свесен дека додека он работа, пренесува знаење и ги спрема учениците за понатамошниот живот, неговите колеги работаат на принципот отвори таа и таа страна, прочитај, одговори ги прашањата у тетратка и одговори ми усно што си пишал.

Јас сум за покачување плати на професорите, многу пати нагласив, но само откако ќе се направи солидна чистка на пијавиците. Дали си ти за дигање на платите на јавната администрација до 45.000, знаејќи дека мнозинството од нив не ги ни вршат дневните работни обврски, добар дел од нив не ни одат на работа и слично? Јас ги подржувам протестите, но за да излезеш на протест тражејќи плата од 45.000 која е практички скоро дупла од таа што сега ја имаат, а да немаат никакви резултати како колективитет да приложат е сулудост.

И за крај, за професорка по македонски имав супер жена која секоја година ме земаше на саемот на книга иако бев проблематичен, како и тоа што жената уживаше да ги чита моите текстови, па дури и знаеше и да ме форсира да пишувам.

Иначе, точно, моабет не е литературен збор (реално, не ни пишувам литературно туку некој микс на мојот дијалект и литературно за да ви биде полесно да ме разберете), далеку побрзо би пишал разговор отколку муабет.

 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.731
Поени од реакции
5.003
Една моја блиска фаца зима 300 денари за час на државно 1000 денари за на приватно во МК а 2500 за час онлајн во странство. Реално Македонците треба да добијат 8-9 пати помал квалитет што сигурно не го добиваат така да толку пари толку музика и ова е 50-60% гратис.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.328
Поени од реакции
21.793
За време на штрајк, синдикатот дава плата, така да СОНК пред да започне со генералниот штрајк, направи финансиска пресметка....никој нема да биде без редовната плата, таман работа, инаку кој би штрајкувал.
I borbata za rabotnickite prava ne e povekje toa sto bese. Strajk samo ako nema licni zagubi. Luda idea bilo toa nekoj rabotnik da strajkuva za povekje pari i prava bez da trpi privremena zaguba na plata. So toj pamet i ovie 10% se mnogu.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.394
Поени од реакции
35.943
Буквите се учат во второ. Во прво има само препознавање на дел од буквите. ;) Првото одделение денес е нешто како нашето забавиште.
.. аууу како така, прваче со 7 години ли а сеуште неписмено со 8 години? :confused:
значи сме сведоци на најнеписмени генерации до сега, јас со мои завршени 6 години бев веќе писмена, а на 8 години решавав задачи со една непозната и учев три странски јазици, леле тешко на нас кои генерации ќе не сменат!:facepalm:


... кои работнички права?

да за дел на вработени важи законот три дена ненајавени на работа добиваат отказно решение, додека другиот дел на исто место колеги дваесет, 10, 5 години не се јавиле на работно место све до пред некој месец, а цело време си ја земаа платата?

...кои работнички права да пишуваме, кои вработени со стаж и искуство не можат да дојдат до раководни места кои ги добиваат неискусните тукушто вработени што појма немаат каде се наоѓаат, а не пак за работа да организираат?
- порано имало закон да тукушто вработен си е приправник цела година иако дипломиран земал 70% плата, додека не се здобиел со искуство, а сите лекари задолжително требале да го поминат патешсвието по селските амбуланти од неколку години за да би имале право потоа да работаат по болниците, сега од студентска клупа директно шеф, раководител, директор пред другите вработени, тоа ли е право на работникот ко не е партиски засегнат!
...за кои работнички права да пишуваме, кога се наградени со КОВИД парична стимулација токму тие вработени кои не влегле воопшто во тие центри, ниту работеле, ниту пак биле воопшто присутни на работа, ај Директорите се поставени партиски, другите вработените не се моќни, но каде е синдикатот да ги брани работничките права токму од тие (не)работници со партиска книшка и непотизам?

Синдикатот спие никому ништо за ова неправда меѓу работниците, да работник што во една институција работи со години не може да си дозволи годишен одмор поради разни оправдувања на директорот, па и поради пандемија, а додека дојдени нови медицински лица тукушто вработени веднаш да користат годишен одмор и тоа неискористен во сосема друга работа во приватна дејност искористува без проблем во новото работно место добиено со партиска книшка, каде е тука Синдикатот да се избори токму за правата на работниците од партиските (не)работници?

и сега сите притиснати да се штрајкува за да овие сите „неработници’ со партиска книшка го добијат токму тоа покачување со ниеден работен ден, не штајкувам бе, нека каже Претседателите на сите Синдикални организации што прават со парите кои се слеваат од месечните одбитоци на вработените, нека кажат колку ТИЕ си поделуваат дополнителна плата? знае ли некој? им се дава отчет некому, на работникот ли? поголема манипулација со Синдикатот немало како сега, до сега!

СОНК ќе штрајкува за покачување, а што не штрајкува поради неписмени генерации што излегуваат токму додека тие треба да се горди што поминува низ нивните раце? тие се тие кои треба да ги остранат сите негативности што ја уништува описменувањето на генерацијата, дали е виновно однесувањето на родителите, дали на новите методи за работа, дали за недоволно транспарентност и согласност од просветните работници за носење нови закони на министерство за образование што се однесува за учениците и методите за учење, а за тоа треба да се штајкува, а покачувањето после само од себе ќе дојде!

ехее хееее само јас колку идеи имам за работење во образованието, ама со кого, фабрики, аграр, трговија нула, ќе покачуваме плати во јавен сектор од пари земени од европски фондови и до кога тоа? нема ли да секне? теба да се пополни пензиониот фонд, здравствениот фонд...од што, од кредити ли? каде е економијата на приватниот сектор, каде е земјоделецот, дајте бре субвенции да се обработува земјата да има од каде да се слива вистински пари, обновите ги фабриките кои се како споменици расфрлени низ цела МКД како отворени руини за едно време кога се работело во МКД, јавна администрација, ај така ќе се врти европски кредити бутај администрација и толку ќе ја снема МКД, а новите генераци неписмени, тупи ем глупи, освен за ФБ, Инста и смартфони, се разбира!
ајт, се изнервирав!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom