Генерален штрајк на СОНК

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.072
.. аууу како така, прваче со 7 години ли а сеуште неписмено со 8 години? :confused:
значи сме сведоци на најнеписмени генерации до сега, јас со мои завршени 6 години бев веќе писмена, а на 8 години решавав задачи со една непозната и учев три странски јазици, леле тешко на нас кои генерации ќе не сменат!:facepalm:
Првачињата се сега со 6 години, не со 7. Некои дури со неполни 6, на 5 тргнуваат. Второто одделение е она што во наше време беше прво.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.569

... не знам како да кажам, но ги гледам денешниве матуранти и дипломиците каков ракопис имаат и како не можат да се изразат со пишување, а што остана за основците, ништо ретко некое писмено, нажалост!
 
Член од
9 август 2014
Мислења
511
Поени од реакции
1.704
.. аууу како така, прваче со 7 години ли а сеуште неписмено со 8 години? :confused:
значи сме сведоци на најнеписмени генерации до сега, јас со мои завршени 6 години бев веќе писмена, а на 8 години решавав задачи со една непозната и учев три странски јазици, леле тешко на нас кои генерации ќе не сменат!:facepalm:

... кои работнички права?

да за дел на вработени важи законот три дена ненајавени на работа добиваат отказно решение, додека другиот дел на исто место колеги дваесет, 10, 5 години не се јавиле на работно место све до пред некој месец, а цело време си ја земаа платата?

...кои работнички права да пишуваме, кои вработени со стаж и искуство не можат да дојдат до раководни места кои ги добиваат неискусните тукушто вработени што појма немаат каде се наоѓаат, а не пак за работа да организираат?
- порано имало закон да тукушто вработен си е приправник цела година иако дипломиран земал 70% плата, додека не се здобиел со искуство, а сите лекари задолжително требале да го поминат патешсвието по селските амбуланти од неколку години за да би имале право потоа да работаат по болниците, сега од студентска клупа директно шеф, раководител, директор пред другите вработени, тоа ли е право на работникот ко не е партиски засегнат!
...за кои работнички права да пишуваме, кога се наградени со КОВИД парична стимулација токму тие вработени кои не влегле воопшто во тие центри, ниту работеле, ниту пак биле воопшто присутни на работа, ај Директорите се поставени партиски, другите вработените не се моќни, но каде е синдикатот да ги брани работничките права токму од тие (не)работници со партиска книшка и непотизам?

Синдикатот спие никому ништо за ова неправда меѓу работниците, да работник што во една институција работи со години не може да си дозволи годишен одмор поради разни оправдувања на директорот, па и поради пандемија, а додека дојдени нови медицински лица тукушто вработени веднаш да користат годишен одмор и тоа неискористен во сосема друга работа во приватна дејност искористува без проблем во новото работно место добиено со партиска книшка, каде е тука Синдикатот да се избори токму за правата на работниците од партиските (не)работници?

и сега сите притиснати да се штрајкува за да овие сите „неработници’ со партиска книшка го добијат токму тоа покачување со ниеден работен ден, не штајкувам бе, нека каже Претседателите на сите Синдикални организации што прават со парите кои се слеваат од месечните одбитоци на вработените, нека кажат колку ТИЕ си поделуваат дополнителна плата? знае ли некој? им се дава отчет некому, на работникот ли? поголема манипулација со Синдикатот немало како сега, до сега!

СОНК ќе штрајкува за покачување, а што не штрајкува поради неписмени генерации што излегуваат токму додека тие треба да се горди што поминува низ нивните раце? тие се тие кои треба да ги остранат сите негативности што ја уништува описменувањето на генерацијата, дали е виновно однесувањето на родителите, дали на новите методи за работа, дали за недоволно транспарентност и согласност од просветните работници за носење нови закони на министерство за образование што се однесува за учениците и методите за учење, а за тоа треба да се штајкува, а покачувањето после само од себе ќе дојде!

ехее хееее само јас колку идеи имам за работење во образованието, ама со кого, фабрики, аграр, трговија нула, ќе покачуваме плати во јавен сектор од пари земени од европски фондови и до кога тоа? нема ли да секне? теба да се пополни пензиониот фонд, здравствениот фонд...од што, од кредити ли? каде е економијата на приватниот сектор, каде е земјоделецот, дајте бре субвенции да се обработува земјата да има од каде да се слива вистински пари, обновите ги фабриките кои се како споменици расфрлени низ цела МКД како отворени руини за едно време кога се работело во МКД, јавна администрација, ај така ќе се врти европски кредити бутај администрација и толку ќе ја снема МКД, а новите генераци неписмени, тупи ем глупи, освен за ФБ, Инста и смартфони, се разбира!
ајт, се изнервирав!
А сега дремеш по неколку часа дневно на Кајгана форум... :cautious:
Автоматски споено мислење:

Една моја блиска фаца зима 300 денари за час на државно 1000 денари за на приватно во МК а 2500 за час онлајн во странство. Реално Македонците треба да добијат 8-9 пати помал квалитет што сигурно не го добиваат така да толку пари толку музика и ова е 50-60% гратис.
Што часови држи ако не е тајна?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692

Е па зошто фацата која добива 300 денари на државно не ја напушти државната работа?Нека не се мачи кутриот.
Автоматски споено мислење:

Проклет македонски синдром..љубомора,завист, себичност..ете затоа не бива ништо од нашава држава.
КАДЕ ВИ Е СОЛИДАРНОСТА ?????
Сите луѓе треба да имаат финансиски примања за да можат барем малку достоинствено да живеат.
Нека намалат цените, нека ги вратат на старо, струјата, парното, горивото, зејтинот, градежен материја идр. па потоа нема да шрајкуваат.
Наместо да ги подржите сите штрајкуваќи, вие како баби оговарачки, па и со колкава злоба сте со коментарите...страшно....
За сите знаете кој колку работи, дали клати врата.. Срамно, многу срамно од свои сограѓани..па затоа нека ни поскапуваат се живо и диво, битно ние ке нагледуваме кој колку работи а не да гледаме дали со тие плати МОЖЕ ЛИ ДА СЕ ПРОЖИВЕЕ.
Каде ви беше солидарноста за време на транзицијата кога работниците беа исфрлени на улица без скршен динар?Како бе не ви е срам уште солидарност да барате!?
 
Последно уредено:

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Денешново образование и основно и средно и високо е само една болна сенка на некогашното многу пати поефикасно и помоќно образование кое го искусивме или во целост или делумно во минатиот век... Јас бре кога бев основец пред 30ина год. учевме се до детаљ, колку тони руда извезува Шведска, колку млеко произведува Нов Зеланд и сл. а сегашниве млади генерации не знаат ни сонцето од кај изгрева, не можат на глобус ни континентите, ни океаните да ги пронајдат, страшни ствари ни се дешаваат... ама така е кога со години и со децении наназад се уништува образованието преку разно-разните модерни реформи... :tapp:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.569
А сега дремеш по неколку часа дневно на Кајгана форум... :cautious:
Што часови држи ако не е тајна?
... јас пари правам дополнителни на Нет и додека чекам ѕиркам тука, а богами побајаги пишувам на форумов не дека дремам,
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Е па зошто фацата која добива 300 денари на државно не ја напушти државната работа?Нека не се мачи кутриот.
Автоматски споено мислење:

Каде ви беше солидарноста за време на транзицијата кога работниците беа исфрлени на улица без скршен динар?Како бе не ви е срам уште солидарност да барате!?
Мислам дека е што нема доволно часови приватно. А има и малку притисок од други луѓе...знаеш како е државна работа од навика ја земаат зошто тупат старите кои мислат уште е времето на Тито кога имаше само државно за сигурност. Глупости некои...во државно да влезеш и да не работиш т.е. да работиш за кикирики само знаеш сигурни се па ти труди се максимално да забушаваш зошто тешко е да те отпуштат. И затоа е катастрофа образованието платата е смешна и се пишуваат оценки за една бонбониера. Зошто голема бонбониера вреди како 2-3 одржани часа. Што може да е и една дневница.
Автоматски споено мислење:

А сега дремеш по неколку часа дневно на Кајгана форум... :cautious:
Автоматски споено мислење:

Што часови држи ако не е тајна?
Некоја Математичка гранка.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Денешново образование и основно и средно и високо е само една болна сенка на некогашното многу пати поефикасно и помоќно образование кое го искусивме или во целост или делумно во минатиот век... Јас бре кога бев основец пред 30ина год. учевме се до детаљ, колку тони руда извезува Шведска, колку млеко произведува Нов Зеланд и сл. а сегашниве млади генерации не знаат ни сонцето од кај изгрева, не можат на глобус ни континентите, ни океаните да ги пронајдат, страшни ствари ни се дешаваат... ама така е кога со години и со децении наназад се уништува образованието преку разно-разните модерни реформи... :tapp:
И што доби ти од информациите за Шведската руда, или Ново Зеландското млеко?

Образованието е така базирано да ти ја убие целата логика, а воедно и не те учи ништо корисно што може да го примениш во реален живот, или пак работа. Па подобро да имаш предмети што: ќе те научат како да учиш (да, ретко кој знае да учи), логика, механика, примена на електроника и сл, отколку да знам колку крави имало во Индија.

Да им се мочам во фацата на тие што ги правеа програмите, и што не малтретираа да учиме секакви глупости. Имав неколку комплексаши од професори по тотално небитни предмети (музичко, граѓанско, историја, македонски и тн.) кои со нивните глупости ни арчеа повеќе време отколку со предмети кои ни беа клучни за на факултет, а воедно и сега за работа. Дури и кога се имавме определено по насоки и 100% знаеја дека ќе продолжуваме на факултети со: математика/физика/програмирање и сл, пак не замараа со тотални глупости, и сме трошеле повеќе време на нивните небитни предмети, отколку на нешто што го користам и ден денес за заработка.

После тоа да им се плукнам во суратот на тие што на факултет не имаа заглавено со програма од пред 50 години, завршивме факултети со познавање на помалку од 5% од тоа што треба да се работи во реалност, па се дупнавме од учење после факултетот, а да не правиме муабет што првите месеци работевме за без пари, чисто како пракса, бидејќи факултетот имаше смешна пракса на која не научивме ништо.

... не знам како да кажам, но ги гледам денешниве матуранти и дипломиците каков ракопис имаат и како не можат да се изразат со пишување, а што остана за основците, ништо ретко некое писмено, нажалост!
Тотално е небитен ракописот во денешно време, хартија/пенкало/молив е завршена работа. За некоја година нема да има потреба ни од тој краткиот потпис (и сега нема, ама не е фул имплементирано).
Побитно е државата да ги насочи во просперитетни професии, и да изгради квалитетен кадар за да може да привлекува странски инвеститори. Како кинисала работава Македонија веќе нема ни ефтина работна сила, а ни квалитет, читај е тотално неконкурентна.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
И што доби ти од информациите за Шведската руда, или Ново Зеландското млеко?

Образованието е така базирано да ти ја убие целата логика, а воедно и не те учи ништо корисно што може да го примениш во реален живот, или пак работа. Па подобро да имаш предмети што: ќе те научат како да учиш (да, ретко кој знае да учи), логика, механика, примена на електроника и сл, отколку да знам колку крави имало во Индија.

Да им се мочам во фацата на тие што ги правеа програмите, и што не малтретираа да учиме секакви глупости. Имав неколку комплексаши од професори по тотално небитни предмети (музичко, граѓанско, историја, македонски и тн.) кои со нивните глупости ни арчеа повеќе време отколку со предмети кои ни беа клучни за на факултет, а воедно и сега за работа. Дури и кога се имавме определено по насоки и 100% знаеја дека ќе продолжуваме на факултети со: математика/физика/програмирање и сл, пак не замараа со тотални глупости, и сме трошеле повеќе време на нивните небитни предмети, отколку на нешто што го користам и ден денес за заработка.

После тоа да им се плукнам во суратот на тие што на факултет не имаа заглавено со програма од пред 50 години, завршивме факултети со познавање на помалку од 5% од тоа што треба да се работи во реалност, па се дупнавме од учење после факултетот, а да не правиме муабет што првите месеци работевме за без пари, чисто како пракса, бидејќи факултетот имаше смешна пракса на која не научивме ништо.

Тотално е небитен ракописот во денешно време, хартија/пенкало/молив е завршена работа. За некоја година нема да има потреба ни од тој краткиот потпис (и сега нема, ама не е фул имплементирано).
Побитно е државата да ги насочи во просперитетни професии, и да изгради квалитетен кадар за да може да привлекува странски инвеститори. Како кинисала работава Македонија веќе нема ни ефтина работна сила, а ни квалитет, читај е тотално неконкурентна.
Гледам како родители им се тресат на 4ки по ретардиран предмет. Жално за нив и за детето.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Гледам како родители им се тресат на 4ки по ретардиран предмет. Жално за нив и за детето.
Оценката е проблем само и само поради што може да ги зезне понатаму при уписи (државни квоти, приемен, квота колку студенти се примаат и сл.).
Класичното гимназиско обраозование мора да се реформира што побрзо, максимум 1-2 години да се учат општи предмети, а после тоа насочување кон одредена област.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Оценката е проблем само и само поради што може да ги зезне понатаму при уписи (државни квоти, приемен, квота колку студенти се примаат и сл.).
Класичното гимназиско обраозование мора да се реформира што побрзо, максимум 1-2 години да се учат општи предмети, а после тоа насочување кон одредена област.
Остај големото фајде од факултет дали 10% учењето вреди нешто. Чисто за на хартија да биде легално.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
И што доби ти од информациите за Шведската руда, или Ново Зеландското млеко?

Образованието е така базирано да ти ја убие целата логика, а воедно и не те учи ништо корисно што може да го примениш во реален живот, или пак работа. Па подобро да имаш предмети што: ќе те научат како да учиш (да, ретко кој знае да учи), логика, механика, примена на електроника и сл, отколку да знам колку крави имало во Индија.

Да им се мочам во фацата на тие што ги правеа програмите, и што не малтретираа да учиме секакви глупости. Имав неколку комплексаши од професори по тотално небитни предмети (музичко, граѓанско, историја, македонски и тн.) кои со нивните глупости ни арчеа повеќе време отколку со предмети кои ни беа клучни за на факултет, а воедно и сега за работа. Дури и кога се имавме определено по насоки и 100% знаеја дека ќе продолжуваме на факултети со: математика/физика/програмирање и сл, пак не замараа со тотални глупости, и сме трошеле повеќе време на нивните небитни предмети, отколку на нешто што го користам и ден денес за заработка.

После тоа да им се плукнам во суратот на тие што на факултет не имаа заглавено со програма од пред 50 години, завршивме факултети со познавање на помалку од 5% од тоа што треба да се работи во реалност, па се дупнавме од учење после факултетот, а да не правиме муабет што првите месеци работевме за без пари, чисто како пракса, бидејќи факултетот имаше смешна пракса на која не научивме ништо.

Тотално е небитен ракописот во денешно време, хартија/пенкало/молив е завршена работа. За некоја година нема да има потреба ни од тој краткиот потпис (и сега нема, ама не е фул имплементирано).
Побитно е државата да ги насочи во просперитетни професии, и да изгради квалитетен кадар за да може да привлекува странски инвеститори. Како кинисала работава Македонија веќе нема ни ефтина работна сила, а ни квалитет, читај е тотално неконкурентна.
Една од најбитните работи во животов е колку Нов Зеланд произведува млеко и колку мерино овци стрижат во Австралија!:confused:Абе ги замараат децава со глупости и нас не замараа место да те насочат на нешто шо стварно ќе ти вреди во животот.Очај ни е образованието.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Една од најбитните работи во животов е колку Нов Зеланд произведува млеко и колку мерино овци стрижат во Австралија!:confused:Абе ги замараат децава со глупости и нас не замараа место да те насочат на нешто шо стварно ќе ти вреди во животот.Очај ни е образованието.
Просечниот македонец плаќа 6000 денари данок од кој 10% е за образование. Или 600 денари од месец за тие пари јас не се нафаќам куче да шетам а тек дете да учам. Колку пари толку музика. За овие пари неможе боље и ова е многу и тоа ептен.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Просечниот македонец плаќа 6000 денари данок од кој 10% е за образование. Или 600 денари од месец за тие пари јас не се нафаќам куче да шетам а тек дете да учам. Колку пари толку музика. За овие пари неможе боље и ова е многу и тоа ептен.
Шо зборвиш бе какви 600 денари какво куче?Колкав данок треба да плаќа просечниот македонец за да се наситат тие од државна администрација???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom