Premier League - 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?


  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Судењето денес класика катастрофа, ама не е судијата крив што 3 минути не може clean sheet да сочуваме.
Далеку дека некој ја оспорува победата на Арсенал, неколку пати реков дека најмногу го заслужуваат тоа 4 место.
Ама ова гнаса последните 2 сезони не има најмногу оштетено. Ако се сеќаваш претходната сезона со ВБА во гости масакр не направи. Со Саутемптон второ коло оваа сезона исто. На Вест Хем - Ливерпул есента исто беше криминален.
 
Овој мочкото денес со уште еден - двајца се најлошите судии во топ лигите во цела Европа. Нема утакмица да не ја посерат. Не знам кој им даде да судат ПЛ. Детето до осмо в гаќи да му се моча, кој и да бил.
Автоматски споено мислење:



Чудно, ама сепак сам го препуштил.
Судењето денес класика катастрофа, ама не е судијата крив што 3 минути не може clean sheet да сочуваме.
Се океј, не ми е алиби за поразов, а уште помалце за ситуацијата на табелата. Ама Јунајтед имаше иницијатива цело второ полувреме до голов. Па чисто да не помине незабележано. :D
 
Не ми е намерата да плачам, ама не ли е офсајд голов? (Знам дека тука топката е веќе шутната, ама секако во офсајд беше Нкеита)

Прегледај го приврзокот 329729
Објаснувањето од Питер Волтон на Скај беше дека правилото гласело ако играчот е во пад и топката го удри во рака се смета дека не е пенал затоа што рацете ги користел за да го ублажи падот. Денеска на дело се покажа дека свесно или несвесно Седрик ја искористи недореченоста во истото. Класична намерна игра со рака беше ама јбг ова може да се случи против сите.
 
Не се судиите криви спомна видук имаше грешки али проблемот беше до Јунајтед само 2 од 11 играчи играа денеска останатите беа зомбиња во Јунајтед.
Не се овие ни првите ни последните судиски грешки мразам да дискутирам на таа тема.
 
Конечно некој да им стои во место на таканаречените петел пенали, Фабиански (y)
 
На Жоржињо треба со закон да му се забрани да изведува пенали. Ова неговото веќе е непочитување на трудот на колегите од репрезентација и од Челзи. Некој напорно работи за да дојде до тие пенали за недоветниов да им подава на голманите ко на тренинг за загревање.
 
Згусна во борбата за опстанок. Барнли изненадувачки почнаа да вадат позитивни резултати откако го отпуштија Шон Дајч.
Очекувам сега да летаат искри, а богами и картони на градското.
 
Ако Ливерпул играат хеви метал фудбал, Барни играат поп фудбал. Мајкл Џексон како почна, ќе направи Шон Дајч да изгледа како лош менаџер.
 
Луис Диаз е едно пријатно освежување во Ливерпул. Влезе дечкото и уште толку се размрда играта. А овие Евертон се таков еден дно тим, со оној фарбаниот и оној Гордон, English wanker face, што паѓа во шеснаесетник и мисли ова ракомет е па пенал ќе му судат. :sick:
 
Објаснувањето од Питер Волтон на Скај беше дека правилото гласело ако играчот е во пад и топката го удри во рака се смета дека не е пенал затоа што рацете ги користел за да го ублажи падот. Денеска на дело се покажа дека свесно или несвесно Седрик ја искористи недореченоста во истото. Класична намерна игра со рака беше ама јбг ова може да се случи против сите.
Кул ова, ама јас зборам за офсајд тука. :D
 
Го видов податокот кај Лос на ФБ, ми беше чудно, па проверив.

Уште 6,8 оценка :icon_lol:

20220425_132719.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom