Premier League - 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?

  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
До Мегваер, односно само или во голема мера поради Мегваер, никогаш и не било.

Ама мора некој scapegoat да се пронајде, полесно е. И да се јава на медиумски наратив. Тимот не може една крстена акција да склопи од декември, Рагник не знае дали дошол, дали отишол, еден куп проблеми надвор и во тимот, Мегваер...
Мегваер игра лошо, нема збор, туку греота е во вакво колективно расуло да се издвојува еден-двајца поединци.

Голем предизвик ќе му следи на Тен Хаг. Или ќе биде ѕверка, или Де Бур. Нема средина.
 
Нема тренер што ќе ги оправи ако не фрлат пари на паметни трансфери. Освен голман, сѐ друго не им е за во шампионски тим. Едино Бруно и Роналдо, ама нели Роналдо ќе си оди. Не се во позиција да се ценкаат, треба да се преплати едно лето, за после раат да бидат.

До тогаш ќе имаат повремени блесоци и ќе се хајпаат дека уште еден играч им фали за титула, а реалноста дека само еден им е кадарен за титула.

Конкуренцијата е преголема, Сити и Ливерпул се 2-3 класи подобри од другите. Тука се Челзи, Арсенал, Тотенхем, па и Вест Хем еве ги уште се држат. Јунајтед не е ни блиску до овие екипи, според моменталната состојба во тимот. Норич има подобра хемија у тимот од ваков Јунајтед.
 
Кој сака нека им дојде на Утд. Прејаки се Сити и Ливерпул. Прочитав негде 5 години титула не вишле, минимум уште толку. Фановите поише треба да се надеваат Клоп и Пеп да си идат од Пул и Сити, така ќе имаа повеќе изгледни шанси за титула, него ли некој нов тренер они да добијат.
Автоматски споено мислење:

Добро и Артета :D
 
Како не ограбија Арсенал за Одегард, секоја им чест.
Предводник на екипава на Арсенал, пополека ги води кон место во ЛШ, прв во искреирани шанси во ПЛ дури и пред Де Брујне.
Не знам тактички каков тренер е Артета, не ни навлегувам во тоа, али има сенс да погоди трансфер.
 
Види ги Арсенал ненормална екипа. На страна тоа што навивам за нив да фатат топ 4, али се ментални од крајност во крајност.
Добра работа врши Артета, ама во секој случај летоска ќе им требаат едно 3-4 засилувања првотимци, по можност некои искусни играчи. Шпиц е маст, везњак исто.
 
Ако ги земеме последните 15 кола, Њукасл би биле трети, веднаш зад Сити и Ливерпул. Во доста добра серија се влезени, одлична работа врши Еди Хау. Ќе испаднат невидени дебили ако го заменат на лето за да донесат некое звучно име.

Еди сакав многу да дојди во Арсенал, и сега прави екстра работа во Њукасал.

Со добри трансфери (читај, не мега ѕвезди) може да се борат за топ 4 следна сезона.
 
Еди сакав многу да дојди во Арсенал, и сега прави екстра работа во Њукасал.

Со добри трансфери (читај, не мега ѕвезди) може да се борат за топ 4 следна сезона.
А и овој Гимараеш им се погоди, топ потег испадна.
 
Не ми е намерата да плачам, ама не ли е офсајд голов? (Знам дека тука топката е веќе шутната, ама секако во офсајд беше Нкеита)

asd.JPG
 
Не ми е намерата да плачам, ама не ли е офсајд голов? (Знам дека тука топката е веќе шутната, ама секако во офсајд беше Нкеита)

Прегледај го приврзокот 329729
Овој мочкото денес со уште еден - двајца се најлошите судии во топ лигите во цела Европа. Нема утакмица да не ја посерат. Не знам кој им даде да судат ПЛ. Детето до осмо в гаќи да му се моча, кој и да бил.
Автоматски споено мислење:

Да го имаш Роналдо во екипа, докажан победник што колку и да има притисок и важност натпреварот секогаш погодувал, и да му дадеш на некој друг да ти шутира одлучувачки пенал, треба стварно нешто да не ти е добро.

Чудно, ама сепак сам го препуштил.
 
Не ми е намерата да плачам, ама не ли е офсајд голов? (Знам дека тука топката е веќе шутната, ама секако во офсајд беше Нкеита)

Прегледај го приврзокот 329729

Судењето денес класика катастрофа, ама не е судијата крив што 3 минути не може clean sheet да сочуваме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom