Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
ДОБРО БЕ ИГРА ЛИ НЕКОЈ ОДБРАНА У ВИА ТИМ. КАКВИ ДВА АМАТЕРСКИ ГОЛА БОЖЕ МОЈ.
 
Надеж за повратниот дуел ми е Касемиро и магијата на Бернабе, и не знам што им е кога противникот нафрла топка да стојат на 2 метра од него место да му идат у нозе
 
Толку срамно да одигра некоја екипа во дефанзива, на вакво високо ниво, не сум видел.
Всушност, оние ботовите од Јунајтед нешто слично се глупираат само. Не ми е јасно како успеавме само со -1 да си одиме.

Најпосле, незнам со што план ќе излегуваме наредната недела? Ај да се надеваме дека Касемиро ќе внесе некоја сигурност во одбранбениот дел, ма да , како се глупираат и Милитао и Алаба , може се џабе да е.

Како што веќе и еднаш кажав, за мене лично и да испаднат тука, со освоена ЛаЛига, пак е успех. Иако многу блиску, барем према резултатот сме сега и до финале на ЛШ. Ама само по резулатат, никакко по ништо друго.
 
Ма, со 30 милиони потрошени изминатото лето, две титули сезонава, полуфинале во ЛШ до кое стигнавме елиминирајќи ги ПСЖ и Челзи против кои важевме за големи аутсајдери, за мене би било одлична сезона. Ако ништо друго барем имаме какви такви шанси во реваншот, а на Бернабе 90 минути се многу долги. Само се надевам дека одбраната ќе се стабилизира колку-толку и нема да прави непромислени грешки, шансите за гол ќе си дојдат, видовме и на денешниот натпревар и одбраната на Сити не е баш сјајна, имаа неколку киксови кои не успеавме да ги искористиме.
 
Точно! Дури ме изненадија и тие позади при build up, како се изглупираа 2-3, само штета многу аматерски одреагираа нашиве. Не сум ги гледал Сити многу, ама секој пат кога ги гледав беа многу сигурни при истиве ситуации.
 
Се надевам сега со Еспањол ќе ги пуште Карло виа од клупа сите што се, нека извадат таму нерешено или победа, другите нека одмарат за во среда против Сити пак.
Следната утакмица со Сити, со Каземиро назад во стартниот состав се надевам одбраната ќе изгледа подобро па и ќе стигниме до финале, а зошто да не и 14-та Лига Шампиони титула.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom