Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Везе неам, да не наиде баш тогаш инспекција..:)
 
Кој друг ако не, ProjectVeritas открива. Уште во 2020 знаеја дека имунокомпромитираните нема да можат да се вакцинираат, но без разлика упорно тераа агенда.

AstraZeneca Source Recording from 2020 Shows CEO Pascal Soriot Saying, ‘Millions of [Immunocompromised] People Can’t Be Vaccinated…Antibody [Treatment] Has Enormous Potential’

На државно не давале европски пцр тест, тест со кој може да се патува надвор. Само приватно давале според некои лица, вистина е?
А зашто би ти давале европски тест на државно кога за да се тестираш треба да имаш симптоми, веројатно не мислиш дека треба сите што некаде патуваме да идеме да се тестираме во време кога оние што немаа пари да направат пцр со симптоми да мораат да чекаат по неколку дена за термин?
Сите на државно што направиле пцр и биле позитивни добиваат сертификат европски дека го прележале вирусот и по 14дена може да се патува одреден временски период
 
тест кој важи 72 часа со кој ќе може да се минуваат граници, според матичната не даваат. Тестот е обврзен ако не си вакциниран за минување граници (можда не сите во моментов), не е жељотека. А некои не смеат да се вакцинираат во моментов од разни причини.
Ти тоа што го збориш за тест по прележаност нема врска со овој тест за кој се збори.

Прашњето е зошто да не даваат? Зошто да ги полнат со пари приватните за 2000 денари? Прљав бизнис?
Инаку не е за мене, ова ми е информација од лице кое требаше да патува за празниците. Јас патував и ќе патувам со вакцина.
 
Па тоа ти викам, немаше термини за оние со сиптоми тест да направат а не пак да има за некој што сака да шета, тоа е луксуз и сметам дека треба да се плати, не знам зашто мислиш дека државата е обврзана да прави бесплатни тестови за патување?
 
тоа што нема термини е глупост на власта и МЗ за која цената треба да ја платат оние кои ги плаќаат.
Луксуз? За стотина евра се прават тури, тестовите повеќе чинат неголи турите. Сто и девет евра до Италија +7 8 евра за осигурување.
Зашто барем вие младите се навикнавте да ве лажат со поимот "луксуз". Не сме говеда та само јади, седи, работи да живееме.
 
Зашто тој што има пари да шета ке има и за тест, во време на пандемија ти бараш некој да се секора што ке си плаќал тест за шетање?
До сега јас искрено немам слушнато друга држава да праи тестови за шетање, бесплатн скрининг имаше насекаде ама дека со тие можеле да шетаат не би рекол, ако има таква држава те молам посочија попто си гледам многу вчудовиден како само кај нас да е овака
Пример грците тестираа на граница со брз тест и ти стига по смс со датум со све ама ипак со тоа не можеш да влезеш у продавници, логика?
 
ПРАВИЛАТА ЗА ВЛЕЗ ВО ИТАЛИЈА ( до 30.04.2022)

„...Согласно Уредбата на Министерството за здравство од 29 март 2022 година, со која се продолжуваат мерките од претходната Уредба од 22 февруари 2022 година, заклучно со 30 април 2022 година за влез во Италија од Северна Македонија или која било друга земја, доволно е да се прикаже:

- дигитален европски Ковид сертификат (потврда за вакцинација или сертификат на оздравување) или негативен молекуларен / антигенски тест

- формуларот PLF (Passenger Locator Form) во дигитална или хартиена форма.

Во случај да не се поседува еден од горенаведените сертификати, се применува мерката карантин во времетраење од 5 дена, со обврска да се направи молекуларен или антигенски тест на крајот на тој период.

Децата на возраст под шест години се ослободени од обврската за спроведување на молекуларен или антигенски тест.

ИСКЛУЧОЦИ

Под услов да не постојат симптоми на Ковид-19 и со обврска да се поседува PLF, горенаведените одредби не се применуваат:

1) за превозниците;

2) за екипажот на превозниците;

3) за прекугранични работници кои влегуваат и излегуваат од Италија поради докажани работни причини и заради последователно повторно патување во своето живеалиште или дом;

4) за ученици и студенти кои учат/студираат во држава различна од онаа на живеење, дом или престој, во која се враќаат секој ден или најмалку еднаш неделно во своето живеалиште или дом;

5) за секој кој транзитира, со приватно возило, на италијанската територија во период не подолг од триесет и шест часа, со обврска, по истекот на тој рок, веднаш да ја напушти националната територија или, доколку тоа не го стори, да започне период на изолација од пет дена на адресата наведена во формуларот PLF, и на крајот на тој период, да се подложи на молекуларен или антигенски тест, извршен со брис;

6) за секој кој се враќа во Италија, по престој од не подолг од четириесет и осум часа, од странство, од места на оддалеченост не повеќе од 60 км од местото на живеење или домашната адреса, доколку патувањето е извршено со приватно возило;

7) во случај на престој не подолг од четириесет и осум часа во локалитет кој се наоѓа на италијанска територија, што се наоѓа на оддалеченост не повеќе од 60 км од местото на живеење или домот на лицето кое живее на таа локација во странска држава, под услов патувањето да се одвива со приватно возило.

За овие и други прашања кои се однесуваат на Конзуларното одделение и Канцеларијата за визи, можете да се јавите:
Во понеделник од 10:00 до 13:00 часот и од 14:30 до 16:00 часот. Од вторник до четврток од 14.30 до 16.00 часот и петок од 13.30 до 15.00 часот....“

ЗА ВЛЕЗ ВО АВСТРИЈА 3Г (вакциниран, прележан или тестиран).

„....За вакцинираните лица времетрањето од примената втора доза не смее да биде подолго од 270 дена. Времетрањето од примената бустер доза, исто така не смее да биде подолго од 270 дена. За лицата кои прележале Ковид 19 рокот не смее да биде подолг од 180 денови.

Доказ за тестирање е ПЦР тест не постар од 72 часа или антиген тест не постар од 24 часа. Внатре во земјата постои генерална обврска за носење на ФФП2 маски во сите затворени простории, јавен превоз,трговија, гастрономски објекти, културни и спортски настани, и сл. За собири од повеќе од 100 лица, организаторот прави избор меѓу носење на маска или контрола на 3Г (вакциниран, прележан или тестиран).

Во Виена во гастрономските објекти важи правилото 2Г (прележан или вакциниран)....“

ЗА ВЛЕЗ ВО БУГАРИЈА

„...Од 13 април, се укинува потребата за прикажување на соодветни сертификати (дигитален сертификат на ЕУ за COVID за вакцинација, ПЦР тест, брз антиген тест или прележана болест ) за влез во Република Бугарија за граѓаните на Република Северна Македонија

Република Северна Македонија е на слободен режим за влез во Република Бугарија, без никакви ограничувања за граѓаните во однос на КОВИД 19....“
 
Последно уредено:
Moze za Albanija da mi kazete dali baraat nesto na granica?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom