- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 16.975
- Поени од реакции
- 30.515
Можеби ќе ни дозволи коронавирусот оваа година порелаксирано да патуваме, без правила и протоколи, но за секој случај нека има едно катче каде ќе се потсетиме која дестинација каков протокол за влез треба да поседува патникот.
ВЛЕЗ ЗА МАКЕДОНИЈА
„...Владата на Македонија, на седницата одржана на 19.04. 2022 година донесе Одлука со која во МКД може да се влезе без потреба на приложување на медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест.
Се укина мерката домашна изолација/карантин на сопствен трошок во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини на територијата на МКД....“
ЗА ВЛЕЗ ВО ИТАЛИЈА ( до 30.04.2022)
„...Согласно Уредбата на Министерството за здравство од 29 март 2022 година, со која се продолжуваат мерките од претходната Уредба од 22 февруари 2022 година, заклучно со 30 април 2022 година за влез во Италија од Северна Македонија или која било друга земја, доволно е да се прикаже:
- дигитален европски Ковид сертификат (потврда за вакцинација или сертификат на оздравување) или негативен молекуларен / антигенски тест
- формуларот PLF (Passenger Locator Form) во дигитална или хартиена форма.
Во случај да не се поседува еден од горенаведените сертификати, се применува мерката карантин во времетраење од 5 дена, со обврска да се направи молекуларен или антигенски тест на крајот на тој период.
Децата на возраст под шест години се ослободени од обврската за спроведување на молекуларен или антигенски тест.
Под услов да не постојат симптоми на Ковид-19 и со обврска да се поседува PLF, горенаведените одредби не се применуваат:
1) за превозниците;
2) за екипажот на превозниците;
3) за прекугранични работници кои влегуваат и излегуваат од Италија поради докажани работни причини и заради последователно повторно патување во своето живеалиште или дом;
4) за ученици и студенти кои учат/студираат во држава различна од онаа на живеење, дом или престој, во која се враќаат секој ден или најмалку еднаш неделно во своето живеалиште или дом;
5) за секој кој транзитира, со приватно возило, на италијанската територија во период не подолг од триесет и шест часа, со обврска, по истекот на тој рок, веднаш да ја напушти националната територија или, доколку тоа не го стори, да започне период на изолација од пет дена на адресата наведена во формуларот PLF, и на крајот на тој период, да се подложи на молекуларен или антигенски тест, извршен со брис;
6) за секој кој се враќа во Италија, по престој од не подолг од четириесет и осум часа, од странство, од места на оддалеченост не повеќе од 60 км од местото на живеење или домашната адреса, доколку патувањето е извршено со приватно возило;
7) во случај на престој не подолг од четириесет и осум часа во локалитет кој се наоѓа на италијанска територија, што се наоѓа на оддалеченост не повеќе од 60 км од местото на живеење или домот на лицето кое живее на таа локација во странска држава, под услов патувањето да се одвива со приватно возило...“
За овие и други прашања кои се однесуваат на Конзуларното одделение и Канцеларијата за визи, можете да се јавите:
Во понеделник од 10:00 до 13:00 часот и од 14:30 до 16:00 часот. Од вторник до четврток од 14.30 до 16.00 часот и петок од 13.30 до 15.00 часот....“
ЗА ВЛЕЗ ВО АВСТРИЈА 3Г (вакциниран, прележан или тестиран).
„....За вакцинираните лица времетрањето од примената втора доза не смее да биде подолго од 270 дена. Времетрањето од примената бустер доза, исто така не смее да биде подолго од 270 дена. За лицата кои прележале Ковид 19 рокот не смее да биде подолг од 180 денови.
Доказ за тестирање е ПЦР тест не постар од 72 часа или антиген тест не постар од 24 часа. Внатре во земјата постои генерална обврска за носење на ФФП2 маски во сите затворени простории, јавен превоз,трговија, гастрономски објекти, културни и спортски настани, и сл. За собири од повеќе од 100 лица, организаторот прави избор меѓу носење на маска или контрола на 3Г (вакциниран, прележан или тестиран).
Во Виена во гастрономските објекти важи правилото 2Г (прележан или вакциниран)....“
ЗА ВЛЕЗ ВО СРБИЈА
„..Во согласност со постоечките правила, за влез на македонските државјани од МКД во Србија не постојат никакви ограничувања.
Ограничувањата се само доколку нашите државјани доаѓаат од останатите земји, при што и за нив важат востановените правила:
- Поседување на негативен PCR тест или негативен Антиген FIA Rapid тест доколку лицето доаѓа од САД - (не постари од 48 часа);
- Сертификат за потполна вакцинација доколку лицето е вакцинирано во РС, односно во држава со која РС има склучено договор за признавање на вакцинацијата (Грција, Унгарија, Романија, Словенија, Турција, ОАЕ, Чешка, Индија) односно држава со која РС има фактички реципроцитет за признавање на сертификати за вакцинација (Хрватска, Словачка, Грузија, Мароко, Кипар, Либан, Молдавија, Сан Марино, Тунис, Ерменија, Египет);
- Потврда за прележана болест COVID 19 - потврда или друг јавен документ во кој е наведено дека имателот на документот имал болест предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, односно дека присуството на вирусот SARS-CoV-2 било утврдено кај тоа лице, во период не помалку од 14 дена и не повеќе од шест месеци, кои се издадени од Институтот за јавно здравје основан на територијата на Република Србија, или од надлежниот орган на државата со која Република Србија има склучено договор или де факто реципроцитет на признавањето на таквите документи (Хрватска, Германија, САД, Швајцарија, Данска, Луксембур, Шпанија, Австрија, Бугарија, Грција, Андора, Сан Марино, Словенија, Тунис, Турција, Романија;
- Лицата кои се во транзит низ СРБИЈА (вклучително и македонските државјани) истото можат да го сторат без никакви ограничување во период не подолг од 12 ч.
- За малолетни лица до 12 години нема никакви ограничувања.
ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА
„..Влезот на патници од земјите - членки на ЕУ и Шенгенскиот договор, како и од 37 земји кои не се членки на ЕУ, а кои се приклучиле на Системот за дигитални сертификати на Европската Унија (European Union Digital Covid Certificate, EUDCC), меѓу кои е и РС Македонија е дозволен со прикажување на Европски дигитален сертификат, алтернативно според следниот редосл
а) Сертификат за вакцинација: доколку имаат навршено најмалку 14 дена од вакцинацијата и не повеќе од 9 месеци по завршувањето на основната вакцинација или без временско ограничување за патниците кои ја примиле и третата доза,
б) потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со методот PCR или по контрола со користење на брзи антиген тестови (rapid test). Европскиот дигитален сертификат за прележана болест се издава 14 дена по првиот позитивен тест и неговата важност трае до 180 дена по тестот
в) негативни резултати од лабораториски тест со методот PCR спроведен во последните 72ч пред нивното пристигнување во Грција или со брз антиген тест (rapid test) во рок од 24ч пред пристигнувањето во Грција.
Влезот на патници кои доаѓаат од сите други земји освен оние наведени во став 2 е дозволен доколку биле негативно дијагностицирани при лабораториски тест за корона вирус со PCR методот, спроведен во последните 72ч пред нивното пристигнување во Грција или алтернативно биле негативно дијагностицирани по контрола со употреба на брзо откривање на антиген на корона вирусот COVID-19 (rapid test) во рок од 24ч пред пристигнувањето во Грција од референтни лаборатории во земјата на потекло или транзит или јавни или приватни лаборатории на таа земја, под услов овие приватни лаборатории да се овластени од надлежен национален орган за акредитација во земјата и имаат сертификат на наведената дијагноза на англиски јазик, која го вклучува името на лицето, како што е запишано во пасошот.
Обврските од став 2 и 3 важат и за малолетни лица над 5 годишна возраст.
Сите патници во Грција, без оглед на државјанството и начинот на влез во земјата, подлегнуваат на лабораториски тест со земање примероци со методот PCR или брз тест за откривање на антиген (rapid test) врз основа на здравствен алгоритам и се должни за време на нивниот престој во земјата да се придржуваат до вонредните мерки за ограничување на ширењето на корона вирусот COVID-19, согласно заедничката министерска одлука Δ1α / ΓΠ.οικ.6756/04.02.2022 (Β ’430). Контролите ги спроведуваат претставниците на Генералниот секретаријат за цивилна заштита и Националната агенција за јавно здравје задолжени за вршење на лекарски прегледи.
Лицата кои подлегнуваат на проверка со земање примерок од став 7 остануваат во областа на влезната точка, сè до издавањето на резултатот од контролата.
Лицата од став 7 подлежат на привремено ограничување, дома или на соодветното место на привремен престој, кое се определува од надлежните органи, 5 дена во случај да бидат позитивни на тестот за КОВИД-19. Привременото ограничување започнува следниот ден од позитивната дијагноза. По истекот на 5 дена и доколку лицето нема симптоми или симптомите се подобрени, по целосно повлекување на температурата во текот на 24 ч без употреба на антипиретици, истекува привременото ограничување. Доколку температурата продолжи и по 5 ден, привременото ограничување се продолжува се до целосното повлекување на температурата.
Од горенаведените лица се бара да носат маска исклучиво со висока респираторна заштита (FFP2 или N95) или алтернативно двојна маска (хируршка и од ткаенина) најмалку уште 5 дена од истекот на ограничувањето.
Потестуваме и дека од 14 март 2022 година е укината обврската за приложување на пополнет PLF-формулар за влез во земјата.
Новата одлука ќе се применува од 18 април 2022 година од 06:00 часот до 1 мај 2022 година до 06:00 часот...“
ЗА ВЛЕЗ ВО БУГАРИЈА
„...Од 13 април, се укинува потребата за прикажување на соодветни сертификати (дигитален сертификат на ЕУ за COVID за вакцинација, ПЦР тест, брз антиген тест или прележана болест ) за влез во Република Бугарија за граѓаните на Република Северна Македонија
Република Северна Македонија е на слободен режим за влез во Република Бугарија, без никакви ограничувања за граѓаните во однос на КОВИД 19....“
ЗА ВЛЕЗ ВО АЛБАНИЈА
„... Почнувајќи од 06.09.2021 граѓаните што влегуваат во Албанија мора да ги исполнуваат следниве услови:
Пасош за вакцинација (Доказ за примена вакцина за Ковид 19, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две недели)
Негативен PCR тест не постар од 72 часа или антиген тест не постар од 48 часа
Потврда дека прележале Ковид, валиден до 6 месеци по заздравувањето.
Горенаведените мерки важат и за граѓаните кои ќе реализираат транзит низ Албанија. Децата до 6 години се ослободени од овие мерки.
Доколку албански државјанин/странски државјанин кој има престој во Албанија не ги исполнува горенаведените услови задолжително оди во 10-дневна самоизолација и по 10 дена треба да направи КОВИД-19 тест во овластена установа по претходна консултација со матичен лекар.
Доколку странско лице нема престој во Р. Албанија и не исполнува ниту еден од горенаведените услови ќе му биде одбиен влез во Албанија...“
ЗА ВЛЕЗ ВО ДАНСКА
„..Од 29.03.2022 год во Данска нема забрани ниту рестрикции за туристи за влез во државата кои беа наложени поради пандемијата...“
ЗА ВЛЕЗ ВО БЕЛГИЈА
„...Од 18.02.2022 год., се укинува задолжителниот карантин и тестирање за лица кои поседуваат важечки сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или направен тест пред влегување, патниците со важечки сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или направен тест при влегување во Белгија повеќе нема да мора да се карантинираат или да се тестираат по пристигнувањето, беше објавено денес на прес конференција на Министерството за здравство.
Олеснувањето на правилата за тестирање и карантин доаѓа како додаток на поедноставените мерки објавени од страна на Консултативниот комитет
Олеснителните мерки се однесуваат на сите патници и белгиски и небелгиски жители кои поседуваат валиден сертификат, а со што престанува обврската да бидат тестирани на 1 или 7 ден по влегувањето во Белгија, како што беше досега.
Досега, ова сè уште беше неопходно за патниците кои доаѓаа од црвена зона надвор од ЕУ.
Сепак, жителите кои не поседуваат една од овие потврди, а кои се враќаат во Белгија од земја од со „неповолна епидемиолошка ситуација“ сепак мора да подлежат на брз антигенски тест (RAT) или PCR тест на 1-виот ден по пристигнувањето во Белгија.
Овие земји ги вклучуваат оние со „темно црвена“ боја на мапата за патување со коронавирус на ECDC, како и земји кои не се членки на ЕУ, а кои не се на белата листа.
Консултативниот комитет веќе одлучи дека патниците кои не се белгијски државјани или немаат регулиран престој ќе мора секогаш да докажат дека биле вакцинирани или ја прележале болеста или неодамна биле негативни на направен тест пред да влезат во Белгија.
За секој што влегува во Белгија од земја или регион со „нова варијанта “ (VOC), сегашните правила за тестирање и карантин остануваат непроменети...“
ЗА ВЛЕЗ ВО ИРСКА
„...Од 06.03. 2022 година, од патниците во Ирска не се бара да покажат доказ за вакцинација, доказ за закрепнување или негативен резултат од PCR тестот по пристигнувањето.
Нема барања за тестирање или карантин по пристигнувањето во Ирска.
Секое лице кое развива симптоми на Ковид-19 додека е во Ирска треба да ги следи упатствата за HSE во врска со изолацијата и преземање антиген или PCR тестирање како што е соодветно.
Од патниците во Ирска веќе не се бара да пополнат формулар за лоцирање (PLF) на патници COVID-19.
Компаниите-превозници нема да бараат од патниците потврда за PLF пред започнување на патувањето во Ирска...“
ВЛЕЗ ВО ПОЛСКА
„...Од 28.03.2022 год, согласно одлуката на Советот на министри на Полска од 25.03.2022 година за воспоставување одредени ограничувања, наредби и забрани во врска со епидемија, сите ограничувања за патување, влегување во Полска се укинуваат, што значи дека повеќе не постои обврска за:
- покажување потврди/сертификати за вакцинација, прележан COVID-19 при преминување на границата,
- тестирање за САРС-КоВ-2,
- упатување на т.н влезен карантин.
Од 28.03.2022 година, нема обврска да ја пополните картичката за локација на патниците (KLP) пред да пристигнете во Полска...“
ЗА ВЛЕЗ ВО РОМАНИЈА
„...Според Одлуката на Националниот комитет за вонредни состојби од 08.03.2022 се укинува:
- Обврската за пополнување на формуларот за локација на PLF.
- Обврската да се прикаже зелен сертификат за COVID (со QR).
- Карантин/самоизолација на влез во Романија.
- Класификација на државите според степенот на инфекција.
- Обврската за носење маска на затворени или отворени простори (истата останува препорака/личен избор).
... во моментов во Романија укинати се сите рестриктивни ограничувања за влез и престој во државата кои беа донесени за борба против пандемијата Ковид – 19 и не е потребно приложување сертификат за вакцинација /прележан ковид/ негативен тест, ниту за влез во државата, ниту за влез во јавни објекти, ресторани, барови, спортски сали и сл....“
ЗА ВЛЕЗ ВО ТУРЦИЈА
„...Оние кои исполнуваат барем еден од условите наведени подолу ќе можат да влезат во Турција и исто така ќе бидат ослободени од карантин.
Оние кои поднесуваат документ кој покажува дека имале најмалку две дози (единечна доза за Џонсон и Џонсон) од вакцините одобрени за итна употреба од Светската здравствена организација или Министерството за здравство на Република Турција и дека поминале 14 дена од последната доза,
За патниците кои ја имале болеста, оние кои доставуваат документ издаден од официјалните власти на соодветната земја дека ја имале болеста во последните 6 месеци, почнувајќи од 28-миот ден од првиот позитивен резултат на PCR тестот,
Мерките за карантин нема да се применуваат за оние кои ќе поднесат негативен PCR тест направен максимум 72 ч пред да влезат во Турција или негативен резултат на брз антиген тест направен најмногу 48 ч пред тоа.
Патниците помлади од 12 години се ослободени од PCR/антиген тест и апликации за сертификат за вакцинација кога ќе влезат во Турција.
Возачите на камиони се ослободени од SARS-CoV-2 PCR тестирање и карантин.
ЗА ВЛЕЗ ВО ФИНСКА
„...Влезот во Финска од земји надвор од ЕУ/ЕЕА и од зелената листа земји (надворешен граничен сообраќај), е дозволен за патниците кои ги исполнуваат општите услови за влез и следните специфични услови, било кој од овие три:
- да поседуваат потврда за целосна и валидна серија на вакцинација (со поминати најмалку седум дена од примањето на последната доза на вакцината);
-потврда дека лицето оздравело од Ковид-19 и дека примило една доза вакцина. Се поистоветува со комплетна серија вакцинации против Ковид-19;
- дигитален сертификат за COVID-19 на ЕУ што докажува дека лицето оздравело од COVID-19 во последните шест месеци.
Сите горенаведени барања се однесуваат на лица родени во 2006 година или порано...“

Последно уредено: