По се изгледа целта му е да отцепи поголем дел од територијата, трајна демилитаризација и да не влезат во Нато никогаш. И да ги тресне малку западот со реалноста дека иако се на врвот по се изгледа времето им поминува на западот како доминантни. Не дека Русија ќе преземе таа улога пошто нема капацитет да го води светот.
Тие цели си беа најавени. Непочитување на договорот од пред 30г за неутралност на Украина. Договорите од Минск да им се дозволи на регионите каде 90% зборат Руски, самостојно да одлучат дали сакаат да останат под капата на Украина или не и спречување на злосторствата против луѓето од тие региони.
Украина ништо од ова не испочитува, Зелениот дојде со ветување дека ќе ги спречел злосторствата, ќе ја намалел корупцијата, но се обратно направи. Украинците си останаа пасивни, навикнати на тој начин на живот, не се побунија против злосторствата, па сметката е оваа.
Единствена работа која е доказ дека Русија и сите останати играат по планот на светската елита
е тајмингот што сега се спроведува оваа специјална операција. Западот си доби оправдување за инфлацијата, за намерното рушење на светскиот ланец на логистика, за рушење на сегашниот систем, Руската и Кинеската елита секако пак ќе се на врвот, нема тие да страдаат, нивните фирми како што се гледа без проблем извезуваат и примаат долари и евра.