Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Ете го морковот. Реално се гледа дека сме поквалитетни, ќе биде жустро во Скопје ама мора да ги скршиме. Штета за испуштената победа.
 
Можи и подобро вака. Ако добиеа 5, 6 разлика ќе влезеа ептен опуштено и ќе ја превземеа утакмицата Чесите од старт.
А навистина штета од 7 разлика да спалните на нерешено. После солидното прво, и одличниот почеток на второ, очекував некоја победа од 3 - 4 разлика.
Da mu ebes mater mozno,ja iskreno pred utalmica ova bi go racunal ko pobeda.Ama sega ne,trebase i morase ova da go zatvorime

Sent from my SM-A325F using Tapatalk
 
Имавме 22-16 за нас 49 мин, последни 10 мин голем пад, како физички така и психички, каков шут беше тоа на контрата на Марковски? Тажен.
Одигравме добра одбрана за првпат, реално мислев ќе не бушат ко шо сакаат познавајќи колку сме дупе во тој сегмент.
Нејсе, во Скопје ги чека пекол, кој бил спортист па и на аматерско ниво знае како е да се игра на гостински терен и што значи домашна публика.
 
Типично македонски сепак тоа е нашата ДНК, зошто да е едноставно кога може да е комплицирано !
 
Навистина штета. Ги имавме, ама катастрофалните последни 10 мин може скапо да не коштаат. Чешка нема шанси да изигра толку лошо во Скопје, единствено се надевам дека нема по втор пат Мрква да ги откажи нашите. Денес ги врати од мртвите, спремни беа чесите за потоп, ако влезеа некои од пеналите и зицерите во средината на второто полувреме, сосема поинаков тек ќе имаше завршницата.

Имаше и Кире одредена вина, не само на ограчки туку и на тренерски план. Кога виде дека ептен не оди нападот во финишот можеше да проба со 7-6. Ја претера со Миркуловски, нема кондиција за ваква минутажа Жути. Ептен фалеше шут од 9 во финишот, откако ни ги затворија пикерите. Верувале или не требаше да го изротира Талески со Миркуловски, можеби ќе пројдеше некој шут.

Што е тука е. Било каква победа во Борис Трајковски ни брка работа, тоа е добра шанса иако помалку ме плаши да не изгориме самите под притисокот на публиката, наместо да го сомелеме противникот.
 
И јас мислам дека во Недела ќе му биди последна утакмица на Кире, Жути и Столе.
Наместо мирен реванш да си имаме, со победа од 3-4 гола, ние прокоцкавме и +7 разлика, се ни одеше буквално се вчера во напад и фрижидер да фрлевме ќе влезеше, се додека не го разбранивме Мрква, клучни беа пеналите на Кире двата и на Фитиљо, три промашивме, после си влезе во серија тој....
И ние имавме ден на голманот, пак Митревски беше најдобар играч кај нас.
Се чудам само зошто Талесен не доби повеќе шанса во второ, а до тогаш имаше 5 гола, повеќе со Жути игравме непотрбно....

Ќе биди заебана и тесна во Недела, ништо не е сигурно, треба да се искористи домашниот терен и домашно судење малку да имаме, вчера во 2-3 наврати удари во предел на главата абер немаја турците од 2 мин....
И да биди во сенка пак Кашпарек, ако се разигра е доста опасен.
 
Многумиа велат дека чесите вчера имаа лош ден ама јас би рекол дека нашите играа супер одбрана па не им дозволивме да се размаваат нивните бекови и пред се правевме малку грешки во нападот за да можат чесите да постигнуваат лесни голови. Додека се имаше свежина се виде квалитетот, последните 15 минути паднаа пред се кондиционо, се виде дека Миркуловски тешко пробива па можеше да проба со Митев или пак со Талевски преку шутеви од надвор. И од Столе е толку во напад и таму каде успеа да дојде до шут се шутираше напамет па лесно промашуваше. И во недела во Скопје ќе биде падни стани до последните секунди ама ако играме пожртвовано во одбрана како вчера мислам дека же одиме на светско
 
Несфатливо е зошто не го играше Талески во завршницата на натпреварот, најдобар играч беше кај нас, искина напад и одбрана..
Кузмановски и Миркуловски тотално се изгубија, немаше потреба упорно да се форсираат до крај.
 
Мислам дека дефинитивно во недела ја завршуваат репрезентативната кариера Кире и Миркуловски, бидејќи оваа сезона им е последна и на клупски план колку што знам.
И за Столе е дефинитивно или не се знае?
 
Столе нека остане уште еден циклус има ракомет у него плус да држи контрола у соблекувална колку толку. Рестово нека се преориентира на совети од клупа
 
Најискрено мислам оти Кире треба да заврши со овие екскурзии и да се преориентира на клупа.
И сепак сеуште е најдобар играч на терен. 3/3 имаше од игра до последните 5 минути кога ги промаши последните шутеви затоа што Кузмановски нема теорија во такви тензични моменти да превземе одговорност и он да шутира, како мува без глава само ги бара Жути и Кире, исто ќе беше и Талески да беше на терен, во такви моемнти срцето им е лешник сеуште на нив двајца, огромен проблем ќе ни биде тоа во иднина кога Кире и Миркуловски ќе се пензионираат. Сите цепелини ако не се лажам беа на асистенција на Кире, мислам дека беа 5 и сигурно уште најмалку толку асистенции други за голови, пак е со директно учество во пола ако не и повеќе од головите.
 
Некои од младиве репрезентативци на Чешка, како она крилото Чолева, се самоуверени дека ќе победеле во Скопје. Очигледно никогаш не играле пред толку полна сала, па ќе видиме дали кога ќе излезат пред полна сала дали ќе биде баш како што кажуваат.
Утакмицава личеше на онаа од квалификациите против Чешка за ЕП 2016, само што таму ние губевме 7 па се вративме, мислам дека и поведовме на крај со 1 разлика ама заврши нерешено. Чесиве губеа од сам почеток вчера и првото израмнување им беше на 10 секунди пред крај.
 
Може некаде да се најде утакмицава на интернет или па да не знае некој кога има снимка на МРТ? Барам дневна програма од МРТ 3, никаде не можам да најдам.
 
Недела ќе мора да навиваме цели 60 минути, макар и нејдабоже да губиме мора да ги оставиме грлата на терен како навивачи, да не дозволиме пад во атмосферата на навивачите каков што имаше во Злин до 45 минута (говорам за нивните навивачи), мора да направиме пеколен амбиент да не знаат кај се Чесите, да се пласираме на светско во кое што ќе го задржиме континуитетот кој го имаме, и пред се да се простиме од Лазаров и Жути со победа :love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom