Го гледав The Last Duel (2021), не знам како би го опишал. Како фан на историски филмови, едвај чекам да излезе нешто вакво да го изгледам. Обично не сум пребирлив бидејќи не ги прават многу. Тоа што ми се допадна е приказната и сценариото на Бен Афлек и Мет Дајмон, кои да пишуваа повеќе сценарија заедно а да глумеа помалку, сите ќе бевме посреќни. Ми се допадна начинот на кој е раскажана приказната од три различни агли, дијалозите и начинот на изразување од тоа време кој се обиделе да го рекреираат.
Тоа што според мене е промашено, режијата на Ридли Скот, синиот филтер и движењето на камерата од кои очи ме заболеа, изборот на местото за дуел во кој има река народ кој не може да види апсолутно ништо ама сепак ете, дошле, должината на филмот и фризурата на Бен Афлек.
Ми се допадна и како е одработен карактерот на Мет Дајмон и како се менува зависно од тоа кој ја раскажува приказната. Ќе беше подобро филмот да имаше фиктивен крај отколку вистинскиот, и онака не се знае ни ден денес вистината околу се што се случило, со исклучок на исходот од дуелот.
Го гледав и Death on the Nile (2021) и се прашувам, зошто, по ѓаволите, зошто?