Инаку за санкциите кон Русија. Мислам дека истите се game changer и ќе имаат долгорочни последици во смисла како во иднина земји како Индија, Кина, Турција и други кои не се дел од тој западен свет ќе ја постават нивната економија на глобалниот пазар.
Санкциите кон Русија покажаа дека сите тие интернационални институции како SWIFT, Mastercard и други кои постојат да ја олеснат глобалната трговија и соработка, се уствари во шаката на САД и лесно можат да бидат weaponized против некоја држава. Тие интернационални институции со една наредба од Вашингтон се трансформираат во економски оружја кои и нанесуваат сериозни удари на која било држава. Колку повеќе една држава се ослонува на вакви институции толку е поголем нејзиниот ризик да биде уништена по желба ипотреба на САД.
Истото важи и за чувањето на државни резерви на националните банки во странство кај други банки и институции. Замрзнувањето на имотот на Руската национална банка по дискрециона наредба на странска влада, покажува дека парите на една држава кои се чуваат во странство може да бидат собрани со еден клик, и дека безбедноста на тие средства е халуцинација.
Мислам дека секоја посериозна држава која не е дел од западниот курс сериозно ги следи овие работи и прави планови да си ги обезбеди своите резерви. Очекувам земји како Кина, Индија и други да започнат со правење на in house системи и да ги забрзаат процесите за градење на домашни алтернативи на овие “институции” и да направат сериозни планови за елиминирање на изложеноста кон ваков тип економска војна.
се точно си напишал и онака без посебна подготовка, а се гледа од изборот на зборови.
Сите тнр. меѓународни институции кои некогаш се создадени за унифицирање и олеснување на проток на пари-стоки-луѓе се претворени во инструмент на САД+Еу преку кои ја остваруваат својата доминација и грабеж, замрзнување на нечии пари е грабеж, еден од попознатите е тнр. замрзнување на парите на Либија над 270 милијарди кои никогаш не и се вратени на Либија, исто е и кај нас ти ја блокираат сметката некои велат оправдано и се така ќе мислат се додека не биде нивната сметка блокирана а тогаш ќе биде доцна.
тики да прашам, ти дури сега после санкциите против Русија увиде за каков накараден систем се работи, па тоа го видел дури и еден инфомакс со овој текст, ако се свесни за последиците, би требало според насловот, ама доцна е, процесот на дедоларизација, инаку еден од основните елементи во планот е започнат некаде во 2014, сега веќе дебело се работи на тој процес.