Инаку за санкциите кон Русија. Мислам дека истите се game changer и ќе имаат долгорочни последици во смисла како во иднина земји како Индија, Кина, Турција и други кои не се дел од тој западен свет ќе ја постават нивната економија на глобалниот пазар.
Санкциите кон Русија покажаа дека сите тие интернационални институции како SWIFT, Mastercard и други кои постојат да ја олеснат глобалната трговија и соработка, се уствари во шаката на САД и лесно можат да бидат weaponized против некоја држава. Тие интернационални институции со една наредба од Вашингтон се трансформираат во економски оружја кои и нанесуваат сериозни удари на која било држава. Колку повеќе една држава се ослонува на вакви институции толку е поголем нејзиниот ризик да биде уништена по желба ипотреба на САД.
Истото важи и за чувањето на државни резерви на националните банки во странство кај други банки и институции. Замрзнувањето на имотот на Руската национална банка по дискрециона наредба на странска влада, покажува дека парите на една држава кои се чуваат во странство може да бидат собрани со еден клик, и дека безбедноста на тие средства е халуцинација.
Мислам дека секоја посериозна држава која не е дел од западниот курс сериозно ги следи овие работи и прави планови да си ги обезбеди своите резерви. Очекувам земји како Кина, Индија и други да започнат со правење на in house системи и да ги забрзаат процесите за градење на домашни алтернативи на овие “институции” и да направат сериозни планови за елиминирање на изложеноста кон ваков тип економска војна.