Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.324
- Поени од реакции
- 46.935
Лаутаро го усерува зашто прима топка на центар, свртен со грб накај гол, и притоа не е во ситуација да даде асален пас до соиграч, истото го прави и Џеко кој е многу подобар во таква ситуација.Мислам дека не е толку мотивацијата проблем во екипава колку што имаат проблеми во нападот.
Не е дека немаат мотив да победуваат, туку едноставно од јануари навака мака мачат со постигнување на голови.
Ова мислам дека највеќе се должи на падат во формата на Чалханоглу, едноставно нема кој да искреира во напад за напаѓачите, а и тоа што ќе го искреираат Лаутаро го усерува зашто и он е апла паднат во формата.
Оваа победа повеќе треба да им биде wake up call, да ги освести малце и некои од играчите да пробаат повторно да си ја пронајдат формата.
Искрено не гледам кривица овде во Инзаги, сами треба да бидат свесни и да знаат дека Чалханоглу не е константен играч и е играч на кој му е доста променлива формата.
Зашто вчера иако беа послаба екипа победија, со гол од пенал. Претходно, а и после пеналот не успеаа ниту една шанса да искреираат.
Буквално, ниту една единствена шанса. И ова нема никаква врска со поставеноста на Јуве или со добрата одбрана која ја играа, туку повеќе е проблем со кој Интер се соочува зашто и со послаби екипи успевале да не креираат доволно шанси или да не постигнат ниту еден гол.
Вчера им помина ова, во иднина, дури и со помали екпи, ако не се подобрат во напад ќе губат бодови.
Движењето без топка на играчите е многу лошо, премногу се статични кога напаѓаат и споро се префрлаат останатите на противничка половина, или се иде ко во баскет, смирува игра плејмекерот и се трга во напад кога веќе одбраната на противникот е позиционирана онака како што тренирале.
Не ги гледаш Интер често претпоставувам, ама да ги гледаше немаше да ти текне кога последен пат успеале да дадат гол од контра и да искористат што повеќе играчи на противникот се на противничка половина , а имаат играчи во ростер кои тоа може да го изнудат, не е само Хакан во прашање.
Не само гол, и шанса од контра не памтам кога направиле, а тоа до лани ги красеше на пример, и општо у фудбал ова е нешто што секој голем тим го прави моментално, Реал на пример трејдмарк му се контрите на Карло и искористувањето на дупките во одбрана што другиот тим ги има откако дел од играчите што треба да помагаат назад, се напред.
Интер смирува игра увек и темпо, наместо напред, идат назад, или до Ханда или до Броз, за тоа време противникот е спремен да брани, или па да врши организиран пресинг, ова за тренери што тоа го милуваат.
Така да не е точно ова со Хакан, како тим немаат план како да нападнат, со Конте играа ко у баскет, нацртани акции имаа и цело време одеа по тој план, него ко џокер у покер му дое тоа што немаше публика цело време им се дереше кој каде да стои и све се слушаше на терен.
Со Инзаги имаат поголема слобода во фаза од напад, тоа Барела на старт од сезона го кажа, оставени се сами да одлучуваат и ова сметам дека е голема грешка на тренерот. Пример Реал кога прави контри, одат онака како што им се дадени насоки од тренерот и онака како што тренирале, секој знае каде да се насочи без разлика дали има топка у него или не, исто е и со Пеп инстантно после одземена топка, па кога да даеш гол ако не у ситуација кога противникот нема позиционирана одбрана. Интер чека да се позиционираат па да нападнат, и тоа го прават константно така да тоа ти е насока од тренер и нема врска со играчите. Затоа и нападот ни е анемичен у задњи неколку месеци, а се ротираат се праат комбинации, и со сите играчи истото е и тоа не е случајно, прелесен залак сме моментално кога напаѓаме и прекините ни се главна закана за противничките голови, нешто што многу пати не извадило сезонава, мислам дека сме убедливо први во тој сегмент.
Реков вчера, ова нема кога да се смени во овој дел од сезоната, тоа е што е, ама може многу да не извади победата од вчера во поглед на мотивација и самодоверба, и тоа да ни донесе резултати, ја на тоа се надевам повеќе, за играта и промени тука потребно е мислам цело лето, и нови тренинзи и секако нови играчи.
Последно уредено: