Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе бидне ли конечно една преубедлива победа од 15-20 разлика, во првото коло против Луксембург дома?
 
Ќе бидне ли конечно една преубедлива победа од 15-20 разлика, во првото коло против Луксембург дома?

Малку веројатно. Прво ниту една од 32те екипи во ждрепката не е до толку слаба за таков триумф од близу 20 разлика, второ Луксембург не се до толку слаби (иако е можеби најслаба екипа од сите групи). Можеби е можно некогаш да се случи, ама сигурно не е нешто што може да се очекува.

Во секој случај одлична ждрепка. И Луксембург и Турција и Португалија се едни од најдобрите опции во своите шешири. Добра ждрепка за релаксирани квалификации, во кои ќе може да се искреира една нова Македонска репрезентација, а ако се укаже можност, дури и да се нападне првото место (што треба да ни е таргет иако Португалија ќе биде фаворит).
 
Screenshot_1.jpg


Кукуловски и Аларов аут, Лазаревски и Џонов ин
 
Пак е изоставен Карапалевски...
Кире претерува. Почнува да иритира дури со вакви глупости, Дејвис го гледа Карапалевски како иднина, он не го гледа. Секоја чест за играчкото ама како тренер до сеа нема успех Кире и треба уште да гради реноме од клупа да покаже што е и како е.
 
Кире претерува. Почнува да иритира дури со вакви глупости, Дејвис го гледа Карапалевски како иднина, он не го гледа. Секоја чест за играчкото ама како тренер до сеа нема успех Кире и треба уште да гради реноме од клупа да покаже што е и како е.
Го гледа како иднина ама сепак Додиќ го игра пред него..
 
Го гледа како иднина ама сепак Додиќ го игра пред него..
Па реков иднина не реков сегашност, разликата е во тоа што во Вардар има кој да игра пред Карапалевски, во репка нема. Факт е дека Додиќ моментално е подобар од Карапалевски. Ама у репка ние го немаме Додиќ ниту па имаме некој приближен на Додиќ што може да организира и тоа ти е уште еден факт. Миркул е стар и спор може да извлече 10тина минути и толку треба да го користиме него да извади пенал, некое исклучување. Ресто организација треба да падне на Карапалевски и Митев.

Во ресто утакмици во наша лига сега треба Карапалевски да добива минутажа, на клучните нормално дека Гаџа и Додиќ дека ќе влечат.
 
Кире претерува. Почнува да иритира дури со вакви глупости, Дејвис го гледа Карапалевски како иднина, он не го гледа. Секоја чест за играчкото ама како тренер до сеа нема успех Кире и треба уште да гради реноме од клупа да покаже што е и како е.
Карапалевски на позиција среден бек е моментално нашата најдобра опција.
Против Пелистер дечкото одлично пробиваше и имаше одличен настап, реализации, изнудени седмерци, влезови..
Според типот на игра многу потсетува на Стеинс од Холандија, и е токму тоа што и недостасува на нашата репрезентација.
Голема замерка е што не се најде на списокот против Чешка, пример пред еден Ѓоргиев кој игра очајно и во втора лига.
 
За Карапалевски сите се согласуваме дека требаше да биде повикан,исто така Танкоски не знам зошто е буквално отпишан кога е во прашање репрезентација.
Со Вардар изигра сосема солидно,беше еден од подобрите играчи,стварно не ми е јасно што е работата.
Кире како тренер односно селектор многу ми наликува на Червар,според потезите кои го влече,вика упорно некои играчи што ни самите не знаат како стигаат до тука,ако добијат шанса се катастрофални,ама пак води инат и ги става на список.

Брука е Карапалевски и Танкоски да ги изоставиш,а ги викаш Младеновиќ,Мишевски,Ѓорѓиев,Џонов и ТОМЧЕ СТОЈАНОВСКИ.:shook:

Само ме интересира како овие завршија на список и кои работи треба да ги постигнеш за да добиеш повик.
Младеновиќ тотален промашај од играч,овој не е способен ништо да одигра па решиле дефанзивец од него да прават.
Пуна им е устата на Кире и цела федерација дека играме по застарени системи и странци го фаќаат местото на нашите деца во клубовите,а после ти самиот го викаш Младеновиќ.
Мишевски од нова година навака мислам дека има изиграно вкупно 0 минути,барем јас не се сеќавам да го видов на терен од кога е Дејвис тренер.
Нема везе тоа битно двајцава ќе одат во Алкалоид од лето,тоа е доволно за да добијат повик.
Ѓорѓиев одамна е таму,така што и него тенк не го мрда веќе од репрезентација.

Да не ме сфатите погрешно,немам ништо против Алкалоид и јас сакам да играат млади играчи и да им се даде шанса барем на поширок список,не се бунам што добиле повик Митев и Стојковиќ на пример,нема да имаат минутажа ниту битна улога во составот ама ете за некое искуство да добијат може да бидат повикани.
Само неможе ти да викаш играчи поради твои лични интереси на сметка на други што го заслужиле тоа.
 
Последно уредено:
@shweps
Танкоски е катастрофа, оправдано е што не е повикан.
 
На 16.04. Или на 17.04. Се игра вториот натпревар со Чешка ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom