Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е проблемот со Денис Вилнев. Добра музика и vistas не го прават филмот да биде најбољи.
Па пред да се префрли на научна фантастика имаше филмови со многу богато сценарио. Али мислам дека тие филмови не допреа до Оскарите. Сепак и Оскарите не се абсолутно мерило за најдобри филмови.
 
Па пред да се префрли на научна фантастика имаше филмови со многу богато сценарио. Али мислам дека тие филмови не допреа до Оскарите. Сепак и Оскарите не се абсолутно мерило за најдобри филмови.
Знам, мене Prisoners ми е најбољи од тие што сум му ги гледал.
 
Prisoners не е напишан од Вилнев, ни пак овој ронче што го пиша.

Вилнев е феноменален режисер, еден од најдобрите во моментов.
Супер све, али чувствувам како да му се празни филмовите... и Блејд Ранер и овој. Све му е добро, ама му фали нешто на врвот. Тоа е моето неодредено чувство за него.

Да го ставам у група со Тарантино - ни од далеку. Трет ешалон на добри режисери, така некако ми е.
 
Prisoners не е напишан од Вилнев, ни пак овој ронче што го пиша.

Вилнев е феноменален режисер, еден од најдобрите во моментов.
Да во право си, мислев како режисер има обработувано и богати сценариа во минатотото. Но сепак има сценариска заслуга за Incendies, па знае и јако сценарио да напише.
 
Супер све, али чувствувам како да му се празни филмовите... и Блејд Ранер и овој. Све му е добро, ама му фали нешто на врвот. Тоа е моето неодрдено чувство за него.

Да го ставам у група со Тарантино - ни од далеку. Трет ешалон на добри режисери, така некако ми е.

Е да, што ќе го ставаш со човек кој у цела кариера има само еден филм снимено, не буквално да ме сфатиш...
 
Супер све, али чувствувам како да му се празни филмовите... и Блејд Ранер и овој. Све му е добро, ама му фали нешто на врвот. Тоа е моето неодредено чувство за него.

Да го ставам у група со Тарантино - ни од далеку. Трет ешалон на добри режисери, така некако ми е.
Никој не го става во таа група.... Тарантино, Нолан, Кјубрик, Копола итн се и режисери и сценаристи, ама тие две работи не мора да идат секогаш заедно.

Скорсезе во глобала не ги пишува/ше неговите филмови, тоа не го прави трет ешалон режисер.
 
FB_IMG_1648916826054.jpg

Оваа најдолу десно, зелената - поим немам која е.

Џејн Кампион ми е многу језива.
 
Никој не го става во таа група.... Тарантино, Нолан, Кјубрик, Копола итн се и режисери и сценаристи, ама тие две работи не мора да идат секогаш заедно.

Скорсезе во глобала не ги пишува/ше неговите филмови, тоа не го прави помалку режисер од овие горе.
Сепак и режисерот сам по себе придонесува многу за сценариото и ако нема заслуга дека работел на него. Не за џабе режисерот се смета за автор на еден филм а не сценаристот.
 
Една од моите најомилени режисерки, а не ја познав. Ама како да ја познаеш, само десната веѓа и се гледа. :pos:

Па уствари испадна ова јака слика - сите се од различна националност (иако верувам некои од нив се сметаат за Американци).
 
Го гледав The Last Duel (2021), не знам како би го опишал. Како фан на историски филмови, едвај чекам да излезе нешто вакво да го изгледам. Обично не сум пребирлив бидејќи не ги прават многу. Тоа што ми се допадна е приказната и сценариото на Бен Афлек и Мет Дајмон, кои да пишуваа повеќе сценарија заедно а да глумеа помалку, сите ќе бевме посреќни. Ми се допадна начинот на кој е раскажана приказната од три различни агли, дијалозите и начинот на изразување од тоа време кој се обиделе да го рекреираат.

Тоа што според мене е промашено, режијата на Ридли Скот, синиот филтер и движењето на камерата од кои очи ме заболеа, изборот на местото за дуел во кој има река народ кој не може да види апсолутно ништо ама сепак ете, дошле, должината на филмот и фризурата на Бен Афлек.

Ми се допадна и како е одработен карактерот на Мет Дајмон и како се менува зависно од тоа кој ја раскажува приказната. Ќе беше подобро филмот да имаше фиктивен крај отколку вистинскиот, и онака не се знае ни ден денес вистината околу се што се случило, со исклучок на исходот од дуелот.

Го гледав и Death on the Nile (2021) и се прашувам, зошто, по ѓаволите, зошто?
 
Нема врска, буџетот е главен проблем секогаш. + многу зависи од кое студио работи на филмовите.

Според Википедија (ок знам дека не е најрелевантен извор) буџетот бил 90 милиони што не е малце, и требало да се снима во Мароко... На крај цел филм бил снимен во Англија.
Ова ми изгледа на чиста мрзеливост, ништо повеќе :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom