Па да не знаеше како да троши пари и како да прави работи т.е ако беше извеан цело време немаше да води фирма така да едуцирај се малку молим те или и ти така од времето на дедо Ное..
Јасно е дека во одредена инстанца во животот ќе имаш волја само за периодично излегување, што поради работни обврски, што поради домашни обврски, што поради самото друштво кое е омажено/оженето или се бори за егзистенција на овој свет.
Иницијалното прашање требаше да ти биде формулирано на поинаков начин. Требаше да прашаш што би требало да промени кај себе, но претходно мораше да избалансираш меѓу пофалбите и критиките, требаше да доловиш една пореална слика за твојот брат. Твоето прашање, без навреда, е групаво. Каде бараме?Локациите, да речеме, се константни, но луѓето кои ги посетуваат нив не секогаш се. Дали има специфична локација/локал каде се собираат нематеријалистки? Не. Сѐ е до интересот и преференците. Па дури и да најдеш жива копија на твојот опис, нему можеби нема да му се допадне!
Или ако ти одговорам на прашањето, ќе ти одговорам лично, што е предмет на мој интерес и што ми е привлечно (физички, интелектуално и карактерно), кај женско и каде го барам, она нешто кое во твојот вторичен пост недостасуваше. Тоа сигурно нема да биде диско или локал каде се пушта шунд музика. И тука, што е шунд за мене, за тебе или за твојот брат може да е репер за квалитет. Некои луѓе и воопшто не обрнуваат внимание на тоа.
Твојот пост има многу непознати, крајно е штур, и вообичаено оние кои сакаат решение на својот проблем, повеќе се задлабочуваат во проблематиката и опфаќаат повеќе компоненти. Затоа и ти реков да почнеш од почеток.
Трол или нетрол, делот критики кои беа добронамерни се на место, останатиот дел беа чисти провокации на твојата заштитничко-воинствена природа. Истата е крајно секси.
