@Little_girl Кога бев малку позелена у памет бев со еден што пафкаше често.
Не само што пафкаше туку и го мрзеше да оди на работа колку и да го молев, инаку доста паметно дете беше но не го користеше тоа, а верувам дека ќе успееше во животот доколку малку се потрудеше.
Секогаш кога пафкаше, се губеше..
Не знаеше што зборува, кој ден е, се расправаше со домашните и беше нападен.
Тоа мене почна да ми пречи и прекинавме.
Неколку месеци откако бевме во врска дознав.
Мислев дека ретко пафка, но било почесто.
Верувај, ниту една девојка не и е кул да биде со некој што користи тоа премногу често, па и уште ако е флегматичен, и антисоцијален.. кога тогаш ќе пукне тиквата.
Девојките бараат стабилност, среден живот, приземјеност, а тој ако е пребирлив и не нуди ништо, ништо нема да постигне.
Веќе ти кажаа, разговарај со него, што планира, дали има некој план, цели во животот и слично.
Ништо друго не кажа за него, да знаеме како да те советуваме.