Jас имам 2 дадилки, жена што доаѓа на 3 дена за чистење и група што доаѓа за генералки. Дадилките се тука од кај 9 до 15, за да можам тој хаотичниот период да го поминам, а откако ќе тргнат во градинка сега уште малку ќе ги викам по потреба да се оди некаде. Од 15ч до сабајле сме сами на себе, често скроз сами на себе јас и ќерката на маж ми со 3 бебиња под 1г, го немам тој комфорт да оставам други да ми чуваат деца, не од финансиски аспект, од морален, емотивен, не знам како да се изразам. Другар ми немаат дадилки, се има десено да мора да викнат бидејќи и двајцата беа зафатени еден период, ама воглавно он ги чува од школо/градинка зимање до кај 5, после разнесува по термини или шетаат. Работи по неколку часа на ден, колку да не му е досадно и малтене она што му е ќеф, продукт дизајнер е. Можам да си приуштам и јас и они да имам помошнички и дадилки 24/7 ама тоа за мене не е живот, да живеам со други луѓе по дома, да ми се мотаат цело време, не фала.
Мојот маж? Разлика во години помеѓу мене и сопругот е 15г, апсолутно небитна стафка, другар ми е 3г помлад од партнерката. Претходниот сопруг беше 2 години поголем од мене, да не гледаше од страна некој на скриена камера ќе речевте дека сум 15г постара јас од него. Се е до мајндсетот.
Непобитен факт, кај што тропа криза финансиска на врата пукаат сите спојки, ако не во бракот онда во главата, не знам дали ќе беше полесно јас да седам дома со 3 деца под 1г а маж да работеше од јутра до сутра и да не го гледав дома, да беше цел терет дома на мене а цел финансиски терет на него, ќе пукневме јер во такви ситуации никој не гледа со бистра слика на ситуацијата. Немам искуство по тоа прашање искрено. Ние двајцата сме кариеристи, ама додека се мали бебињата ќе мора мојата кариера да стагнира, ама и неговата малку поднамали јер сака да си ги гледа децата како растат а не на Вибер како што си ја гледал ќерката голема.