Исто, мора играчиве лично и индивидуално да се изборат да играат во подобри лиги.
Океј си е Хрватска, Маџарска за лабав и лагоден живот, ама мора повисоко ниво да покажат дечкиве. А можат. Аријан Адеми исклучок, он има веќе култен статус во Динамо.
Сепак подруго е ако играш во рецимо Холандија, Германија, Португалија, Италија него Хрватска/Маџарска и тн и тн. Ќе се соочиш со големи екипи, апла фаворити и ќе стекнеш искуство. А вака во Фехервар МТК, Ференцварош ти е единствениот "кредибилен" противник во годината. Од нив па до ПСВ, Ајакс и Фејнорд на пример, разлика огромна. Пластифицирам со муабетов, ама поентата е дека мораат и на клубско ниво да покажуваат игри и соодветно да напредуваат.
Ми е страв дека за оваа генерација веќе тоа е малку прекасно. Но сепак, како и се, така и ова е школа за во иднина на целокупниот мак фудбал.
Не знам искрено Муслиу како може да игра у закован на дно Инголштад во Германија 2, екипа која 99% ќе испадне во трета лига. Играчов е најмалце за во прва Бундес у оние Арминија Билефелд или Гројтер Фурт такви некои фенерџии
. Не го пратам многу колку е константен (очигледно тоа е проблемот), ама дефанзивно е одличен играч и многу потценет. Не знае многу со топка, се гледа, ама затоа нема мрдање, навремени клизачи, интервенции, цврст, стаменит и тн и тн.
Алиоски братот од Лидс отиде да стека пари и да изиграва марадона во Ал АХАМАОАСЈОАФЕИХ пичке си мајчине. Цела година дали 1 ептен компетитивен натпревар имал. Репрезентативните настапи му се будење од зимски сон онака. Плус што е тешка петарда у главата.
Мораме да го зголемиме капацитетот и квалитетот на домашните фудбалски школи во сите категории и да се фокусираме многу повеќе на тоа. Не е толку скап спорт ко сениори, ама мислам дека Македонија може да биде расадник на таленти налик Хрватите.