Виртуелен читачки клуб (март: „Дипломец“ - Чарлс Веб)

Дали би учествувале во виртуелен читачки клуб?


  • Вкупно гласачи
    110

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.243
Дечки до каде сте со книгава?

Едвај чекам да ги прочитам рецензиите:love:
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.243
Мене Памук ми се допаѓа, следна на списокот ќе биде „Се викам Црвено“ :love:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.940
Поени од реакции
12.532
Ја завршив минатата недела а сега сум до пола од ,,Понижени и Навредени" од Достоевски.
Инаку не ме бива за пишување рецензии. Да сме на маса со по некоја ракија веќе би било друго, одма се претварам во супер - убер аналитичар хаха

Да ме биваше, би пишал рецензија за оваа од Достоевски пошто е ненормално јака книга не - нор - мал - но!
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.243
Ја завршив минатата недела
Дали ти се допадна книгата?Ако да, зошто да, зошто не.
Што мислиш за стилот на Памук, ти се допадна ли како автор?
Како ја доживеа книгата?
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.940
Поени од реакции
12.532
Дали ти се допадна книгата?Ако да, зошто да, зошто не.
Што мислиш за стилот на Памук, ти се допадна ли како автор?
Како ја доживеа книгата?
Абе...да. Генерално ми се допадна, повеќе од ,,Норвешка Шума" на пример, а дека ми се допаднала книга, показател ми е нетрпеливоста да го прочитам наредното поглавје што често ме принудува да си легнам да спијам подоцна од предвиденото.
Е сега пошто не сум компетентен поради што и не сум доволно образуван на овие полиња, не можам да дадам објективна анализа, а уште помалку за стилови на пишување.
И да пробам да пишам за впечатоци, тие би биле премногу субјективни и без соодветна основа.
Еве на пример многу ми пречеше тоа што премногу се употребуваше изразот ,,Жената со Црвена Коса", во првата половина од книгата, како да сакаше сосила да наметни некаква ,,head over feet" мистерија која верувам беше тотално непотребна, можеше на пример да ја нарече Хурем и немаше да има проблем. Или ,,тиќитукутака" после неколку небитни средби малиот си ебна милфица па и ја зачна побогу. И боже мој, после тој (со бунарот и мајсторот) инцидент и покрај тоа што замина во тој градот (како се викаше?!), не побара помош, туку, ете така си замина со минимум куроболие (да ми прости платформава) како ништо да не се случило. И почувствував дека поради митолошката поента писателов ја силувал приказнава сосема непотребно, како да брзал. Основата е добра и да имал малку повеќе трпение верувам дека ќе создадел многу поинтересно дело.
Еве се пробав.
Уф...
Вода...вода...!

П.С. Да, ми се допадна, и со мерак повторно би прочитал нешто од него.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
"Жената со црвената коса" - Орхан Памук

Секогаш, кога рецензирам филм или книга, сакам да започнам со поентите кои ми оставиле впечаток, а истите ги промашиле или не им обрнале внимание рецензентите пред мене.

Рецензијава ќе содржи многу спојлери, не ја читајте пред да ја прочитате книгата.

Првиот дел, за "бунарот" на Махмуд, ми беше крајно неинтересен. Глава по глава се надевав дека Махмуд ќе најде вода, го замислував како среќно рипа од нога на нога, во холивудски стил, на магнат кој штотуку нашол нафта.

Врската меѓу него и Џем е интересна за опсервација. Не само што се постави како фигура на татко, нешто за кое подоцна ќе пишувам, туку покажа одредена смиреност, толерантност, константност и упорност. Клачна мравка која се бори да го пробие окното во својот мравјалник. Тоа е нејзина улога, тоа е во нејзиниот ген. Да бидам искрен, се израдував што остана во "бунарот", затоа што личната агонија за дупката без дно и тегавењето на приказната конечно заврши.

Но уште во првиот дел го воочив мајсторлукот на перото кое го има Памук, сепак ова прва книга која ја читам од него, за сликовитата претстава на местото (Онѓорен), психолошката заднина на секој карактер, посебно на истоштеност и демолизираноста на Махмуд откако го проби рокот, до описот на текстурата на почвата. Од карпестоста, прашливоста, шаренилото до мешавината со школки. Дури и кога стигна до непробојната карпа, ми текна на една латинска поговорка за капката вода и карпата. Овој дел од наративот ми беше во преден план и занемарлив и на моќта на театарот, и за тоа ќе пишувам нешто покасно, и за Жената со црвената коса.

Вториот дел е нешто подинамичен, текот на приказната добива одредено темпо, само приказните за Едип и од Шахнаме се крајно напорни и досадни, пред сѐ поради тоа што се повторуваат. Како и грижа на совест, индивидуалноста и плиткоста на Џем. Но главната поента на книгата е потрагата по фигурата на татко.

Уште во првиот дел, Џем, изразува револт кон својот татко, кој не е константна фигура во неговиот живот, и го турка во своевидна изолација. Потоа нештата се менуваат, Џем има тегоба за својот бездетен живот, го губи својот татко и сонува да има дете. Кога осознава дека има син, приказната доживува обрт затоа што сега тој е негативецот во очите на својот син, кој копнее да го сретне и види. И да, претпоставував дека ја напумпал Жената со црвената коса. :icon_mrgr: (таа тука му вика "Можам да ти бидам мајка", многу слично на Едиповиот комплекс)

Зошто мислев дека книгата нема да заврши вака? Самиот наратив, самите приказни, дури и самите цитати на првата страна на книгата наговестуваа таткоубиство или синоубиство, повеќе мислев дека ќе се случи второто. Зошто? Иако и таткото и синот сонуваат да станат писатели, само еден од нив успева да го изреализира својот сон. Книгата, со исклучок на последниот дел, е пишувана од перспектива на Џем, затоа мислев дека е синоубиство, но автор на истата е неговиот син Енвер. Дури и самата смрт на Џем е идентична со самоказнувањето на Едип откако ќе осознае дека си го убил сопствениот татко и има неколку деца со својата мајка.

Театарот игра голема улога. Благодарение на него и на моќта на тие актери, денес сме во можност во рацете да држиме монументални дела чија намена била изведба пред група народ, кои пак биле инспирација за други класични дела, за потоа од амфитеатрите, со напредокот на технологијата и човековата имагинација, да се преселиме во кино салите.

Дали му пречи тоа константно "Жената со црвената коса", иако знае како се вика? Не, и јас имам слични врежани сеќавања од поедини личности кои ги паметам преку одредена описна симболика.

Убаво е склопена целата архитектура, за духот и животот на еден град, кој доживува прогрес и експанзија. Сликата на Турција се менува во тие години, Турција прогресира, станува прозападна, и да, секогаш имало внатрепартиски судири меѓу конзервативните исламисти и оние кои сакаат да и дадат одредени прозападна вредности. На некој начин на нив се гледа како уништување на духот, вредностите и културата на Турција. Во овој момент, тежиштето се враќа кон ставовите на Абдул Хамид II и се гази по наследството на младотурците и на Кемал Ататурк кој ја соединува и возвишува Турција.

Одлична инкорпорација на политиката, правото и науката во поглед на утврдувањето на татковството. Сепак книгата е пишувана во 21 век, а настаните се случуваат во 1980-тите години на минатиот век. Така, временската динамика е поразлична.

Последниот дел е напишан од перспектива на Жената со црвената коса, нејзината кратка автобиографија, со посебен акцент на врската со нејзиниот син. И дап, не проверив, ама Жената со црвената коса на корицата на оваа книга наводно е Данте Рабриел Росети.

Иако оваа побрзо ја прочитав, "Норвешка шума" повеќе ми се допадна. Книгава е лесно читлива и ја препорачувам. :noze:

пи.ес. Ако попатно унаказив име или топоним, книгата веќе не е во мој посед, ја дадов некој друг да ја чита, и белешките ми останаа дома. Така погледајте ми низ прсти. :noze:
пи.ес.ес. "Цар Едип" е инспирација и за The End од The Doors. И тука има сцена од филмот каде го истеруваат Морисон од клубот затоа што публиката не сакала да слуша за мајкоебачи. :icon_mrgr:
пи.ес.ес.ес. Во воведот користам "бунарот" затоа што тогаш тоа не е бунар во вистинска смисла на зборот, туку обична дупка.
пи.ес.ес.ес.ес. Рецензијата ја напишав нешто порано за да се отвори простор за дебата. :vrtioci:
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.243
"Жената со црвената коса" - Орхан Памук

Обично книгите ги делам на повеќе интересни и помалку интересни. Дефинитивно книгите на Орхан Памук спаѓаат во групата на повеќе интересни.
Станува збор за еден маестрален автор, кој умее да си поигра со очекувањата, предвидувањата и на крај да го почувствувате ролеркостерот што ви го приредил додека сте ја читале книгата. Неговите романи метафизички ја отсликуваат Турција со сите нејзини сјаења и темнеења.

„Жената со црвена коса“ - Лесно читлив роман, едноставно страниците сами се вртат, држи внимание. Толку живописни описи на околината, толку разработени до детал ликови, харизматичен спој на митот и сегашноста. Роман поделен на 3 дела, кој првично и според насловот наговестува дека се работи за некоја класична љубовна приказна, но самиот роман се одмотува на еден чуден начин и преоѓа во психолошка драма. Барем јас така го доживеав.
Роман во кој главниот јунак Џем ја запознава во исто време, љубовта, љубомората, чувството за одговорност, слобода, грижата на совеста, трагајќи и споредувајќи го односот татко - син.

Врската помеѓу Махмуд и Џем, започна како едно заедничко зближување, развиваат длабок однос. Махмуд во него го гледа синот што никогаш во немал, а Џем, таткото што го напуштил. Константно се навраќа и прави споредби на сопствениот роден татко и Махмуд. За да продолжи, така што го остава во бунарот, го напушта, без да се сврти назад, без да погледне и на крај завршува со молк. Молк на едно каење. Чувството на вина и олеснување, измешани во едно.
„Најдобро е да се однесуваш како ништо да не се случило“ - Распнат помеѓу приказните на Цар Едип и Сухраб, приказните за таткоубиството и синоубиството.

Интересна ми беше приказната и односот за „жената со црвена коса - Гулџихан“ и неговата венчана сопруга. Додека го опишуваше односот со “жената со црвена коса“, пишува со восхит, со почит, со љубов, иако ја има само 1 ноќ. А додека за својата венчана жена само ќе рече „ Дали има други радости во мојот живот, освен моето пријателство со жена ми“.

Дефинитивно книга која не се испушта од раце, од почеток до крај. Чувството на вина, со кој некои луѓе се присилени да живеат до крајот на нивниот живот и на кој начин таа вина и товар ги обликува нивните меѓучовечки односи и погледи. Раскажани од маестралното перо на Орхан Памук, ќе ви понудат вистинско уживање додека се дружите со книгава.

П.С. Единствена замерка имам на тоа дека преводот е вршен од англиски јазик.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
И да пробам да пишам за впечатоци, тие би биле премногу субјективни и без соодветна основа.
Не се работи за одредена компетентност при пишувањето на рецензии, обично се пишуваат впечатоците и главните поенти и за истите си градиш одреден став и презентираш одредено размислување. Убаво е да се развие и одредена дебата. И да, сите впечатоци се чисто субјективни. Многу ми се допаѓа тоа што читаш. Еве, со кое мое размислување не се согласуваш и зошто? :)

Нареден месец ти треба да предложиш книга, со оглед на тоа што ти прв напиша рецензија за оваа. Пиши ѝ пп на @Darklady некоја листа на книги и избери една од листата која мислиш дека ќе го привлече интересот и ќе го задржи вниманието, таман ќе си поразговарате и за рецензиите и за заокружување на поентите за предложените книгите. Ти ќе бидеш нејзиниот Мајстор, а таа твојата Маргарит(к)а, кога си кај руските класици, ова ремек-дело не смееш да го прескокнеш. Thank me later. :noze:

пи.ес. Заборавив да напишам за преводот, сакам кога книгата е преведена од својот оригинален јазик, а не кога е превод на превод.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.770
Поени од реакции
36.699
Само 3 рецензии за делово :(
Јас не успеав да ја дочитам. Месецов конечно, после 2 години пазење успеав да закачам ковид, и не дека поминав којзнае колку тешко, ама најизразениот симптом беше течење на нос и солзење на очите - слон пред око не гледав, а не па да земам да читам. :( Ќе почека некои подобри времиња.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
424
Поени од реакции
1.227
Уште 50-тина стр. Некако брзо ми пролета, лесно читлива книга.

Утре ќе рецензирам во двата клуба. :backa:
Кои два клуба? Мислам, освен овој има и друг клуб кој не го пратам? :cautious:
Засега само ве читам, ама ќе ви се приклучам и јас ако се погоди книга што ја имам дома или ми е во план за читање.;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom