Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.169
Поени од реакции
18.195
Ама стварно е така :pos:
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.021
Поени од реакции
9.721
И да не го заборавиме господинот Чиро Имобиле, кој ако сака и 500 гола нека даде за Лацио, не успеа дуел да земе против Велковски. Превара од играч.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.126
Поени од реакции
2.215
Еве да пишам овде.

Поголеми лузери од Италијанците нема, препотентни до небо, каде бе со Жоао Педро, каде?

Ако еден од овие играчи направи трансфер во Јуве летово јас ќе се одлогирам и ќе се откажам од нив, тоа ќе значи поголем потоп од ова што им се дешава.

На толку таленти тие одат со полупензионирани играчи, па уште изненадени.

Ќелини, Бонучи, Емерсон, Инсигне, Флорензци, Берарди, Емерсон :pos:, Ачерби, Кристанте, Де Шиљо:vozbud:, Политано, абе ова не е за прва постава во Венеција не за Светско Првенство.

Па имаше и шпекулации дека ќе го повика и Балотели, ова како намерно да бара отказ да добие, ако ја поминеа Македонија срам ќе јадеше од Португалија.

Како само Англија, Германија, Шпанија и Франција направија смена на генерации, овај токмаков што мислеше.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.859
Поени од реакции
23.230
Проблемот кај Италија е што не преценија играчите а не тренерот.
Реално Манчини иако има вина за ова, сепак несериозноста на играчите доведоа до ова. Претходно беше Вентура, сега Манчини, а реалноста е дека нешто е скапано во нивната репрезентација. Манчини откако ја превзеде Италија, им донесе долко посакуван трофеј и има скор од 30-13-4
Дури 64% победи. Да не споредуваме дека воедно ја води и можеби најслабата генерација некогаш.
Жоао Педро е најмал проблем. Тој е измислен за одбранбени играчи како Велковски и Муслиу, да не се лажеме. Тој кај нас, со Елмас, би биле убедливо најдобрите и најконстантните играчи. Кој други опции ги имаше? Кин? Капрари? Скамака? Кој и да влезеше од овие, исти ќе беше исходот. Они се изгубија колективно.
Околу 70та минута, Ристовски имаше полн трк напред и беше бркан од Верати. Значи Ристовски кој игра за Динамо Загреб и кој вчера буквално издиша од трчање, го изеде Верати. Жоржињо и Барела делуваа пресмешно. Емерсон не успеа ниту еднаш да го помине Чурлинов во второ полувреме. Ејјј, Чурлинов...десно крило имаше за задача да го покрива Емерсон и тоа го направи на врвен начин. Не ми текнува Емерсон да имаше некој центаршут или соло пробив.
Инсиње, Имобиле? Како ниту збор никој не пиша за ова а сите се фатија за Жоао Педро? Па овие двајца да има оценка минус 1, и тоа ќе им е многу.
Реално да не беше и брзината на Флоренци, Македонија можеше и порано да го постигне тој гол. Но ок, вака е послатко.
Милевски имаше убава изјава - Ја победивме Италија на италијански начин.

Ќелини, Бонучи, Емерсон, Инсигне, Флорензци, Берарди, Емерсон :pos:, Ачерби, Кристанте, Де Шиљо:vozbud:, Политано, абе ова не е за прва постава во Венеција не за Светско Првенство.
Со кој играчи ти би ги заменил? Нема он на располагање Матераци, Канаваро, Неста и Барѕаљи па да ги комбинира. Ако не му се во комбинација Бонучи и Киелини, оставен е на Ачерби, Бастони и Манчини.
Овој последниов игра на високо ниво само затоа што е италијанец. Да беше нон-ЕУ како Велковски, сега ќе тркалаше топка во Жељезничар.
Да не ги споредувам средината со Тоти, Дел Пиеро, Пирло, Гатузо, Де Роси и нападот со Пипо, Џилардињо и Лука Тони. Па овие моменталниве се еден гооолем чекор назад. Европски првак е голем успех на Манчини со оваа генерација. А реално беше и близу пласман до СП. Жоржињо промаши два клучни пенали, па и вчера место да се обиде да го блокира Трајковски он бара играње со рака. Многу несериозно за играч кој многумина сметаа дека треба да добие златна топка за минатата сезона. :unsure:

EDIT - да се надополнам. Вчера после натпреварот а и денес сабајлево се изнагледав доста италијански јутјубери и прочитав доста коментари на твитер и Македонија беше буквално споредувана со Чезена, Потенца, Авелино...
Тоа е арогантноста на Италија и затоа вчера испаднаа магариња. Истото мислење сум сигурен го делат и фудбалерите и мислеле ова ќе биде само еден тренинг натпревар пред Португалија. Тие самите изјавуваа дека цело време стравуваат од Португалија но никогаш никој освен Манчини не рече дека треба да обрнеме внимание и на Македонија.
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2011
Мислења
4.933
Поени од реакции
14.961
Истата слика со ароганцијата и потценувањето беше и во Палермо. Низ град се смееа, викаа џабе сте дошле 3-0, 4-0 прогнозираа. Од деца на екскурзија до пензионери. Едно дебело миџетче на екскурзија најави инсиње хет трик, језда имаше 10 години ама се осеќаше ментална заостанатост.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
7.300
Истата слика со ароганцијата и потценувањето беше и во Палермо. Низ град се смееа, викаа џабе сте дошле 3-0, 4-0 прогнозираа. Од деца на екскурзија до пензионери. Едно дебело миџетче на екскурзија најави инсиње хет трик, језда имаше 10 години ама се осеќаше ментална заостанатост.
Па вчера после победата на нашите, Италијанец неможело да се најде по улиците.
Дури и Жозе ги предипреди Италијаните да не не потценуваат.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.226
Поени од реакции
14.523
За Инсиње нема што да се пишува, цела сезона има само повремени блесоци. Толку од него, дури и паметно си направи што избра да заработи големи пари.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Најверојатно ќе поднесе оставка Манчини а како негови заменици се спомнуваат Канаваро-Липи тандем, Раниери и Пиоли.

Канаваро освен у Кина нигде нема работено на друго место, Липи има 900 години, Раниери има 700 и нема поима да биде тренер, Пиоли е океј што се однесува на работа со млади играчи само не знам колку е спремен за турнири и 5 утакмици годишно.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.169
Поени од реакции
12.972
Најверојатно ќе поднесе оставка Манчини а како негови заменици се спомнуваат Канаваро-Липи тандем, Раниери и Пиоли.

Канаваро освен у Кина нигде нема работено на друго место, Липи има 900 години, Раниери има 700 и нема поима да биде тренер, Пиоли е океј што се однесува на работа со млади играчи само не знам колку е спремен за турнири и 5 утакмици годишно.
Чудим како големиот стручњак, според тебе,стефан и никој друг на планетава,мистер С.Инзаги не е во ниедна комбинација...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.400
Поени од реакции
113.903
Чудим како големиот стручњак, според тебе,стефан и никој друг на планетава,мистер С.Инзаги не е во ниедна комбинација...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Зашо е зафатен можеби?
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.226
Поени од реакции
14.523
Капело изјавил дека Италија треба да го следи германскиот модел, како стил на игра и работа со млади фудбалери.

Интересна му е забелешката за "вертикалните напаѓачи" Абрахам и Лукаку, кои во англиското првенство биле просечни, а во италијанското поради нивниот стил на игра и нееоволуцијата на тамошниот фудбал, изгледаат како феномени.


Но, кој е тој Капело да го фали германскиот модел и нивните стручњаци, за Џонтра тоа Германците и фудбалот се само Гехехехермахаханци. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom