94 американски филмски награди (Оскари 2021)

Кој филм е твој фаворит за Оскар за најдобар филм од 2021?


  • Вкупно гласачи
    9
  • Гласањето е завршено на .

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.483
Поени од реакции
5.580
Ми се виде интересно дека брачен пар се номинирани во иста година и кога изгуглав ова се случило 10 пати. :eek:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.900
Има мнооооогу изненадувања. Го гледав презентирањето на ABC, еден црнец (поим немам што е и кој е) рече дека годинава имало рекорден број на гласачи во историјата на Академијата. Заради тоа мислам дека и ги има изненадувањата. Пред да почнам со најголемите, морам: The Tragedy of Macbeth не е номиниран за најдобар филм, yeeeee! :vozbud: А Nightmare Alley и Drive My Car се, yeeeee! :vozbud:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Језиви номинации.
Само тој педерскиот и италијанскиот ми се гледани и навивам за нивни 0 Оскари, иако тој првиот очигледно е дека ќе собере све.
Не дека имаат тежина наградиве веќе но добро.

Jaс навивам вака:

Најдобар филм: Licorice Pizza.
Главен актер: Нека тепа Бенедикт ај или Хавиер Бардем сеедно.
Главна актерка: Џесика Честеин или Никол Кидман.
Споредна машка: Џеси Племонс ми е добар актер ама не знам на која основа има номинација. Тука не сум за никој.
Споредна женска: Џеси Бакли мојата омилена актерка моментално.
Режисер: Пол Томас Андерсон.
Странски филм: The Worst Person in the World.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.900
Едно од најголемите изненадувања: има многу странски филмови, во многу категории: Drive My Car, Parallel Mothers, Flee, The Worst Person in the World - сите се номинирани и во други категории, не само во категоријата интернационален филм (освен Parallel Mothers).

Flee мислам дека го скрши рекордот на нашиот Honeyland кој беше првиот странски филм номиниран во категоријата интернационален и документарен, зашто Flee е сега првиот странски филм номиниран и во тие две, и плус во анимиран филм! Значи 3 категории!

За најдобар филм реално 90% беа тие фаворитите. Единствено Nightmare Alley може да се нарече изненадување, зашто повеќе ги спомнуваа tick, tick, BOOM! и The Tragedy of Macbeth од него. Ама ептен ми е мило што е номиниран, зашто ептен ми се допадна, еден од моите фаворити е. Исто Drive My Car - очекувано беше, но сепак е за споменување, зашто ретко има странски филм номиниран и за најдобар филм. Мислам дека се на се има само десетина такви во историјата (се сеќаваме дека Parasite беше првиот странски Оскаровец, па зошто да не биде Drive My Car вториот). По оваа номинација, мислам дека веќе и не вреди да се зборува за конкуренција во интернационален филм - таму Drive My Car го зема Оскарот (сосема заслужено!)

Режија: го нема Џоел Коен :vozbud: Ама изненадувањето е што го нема Дени Вилнев, кој реално беше втор фаворит за Оскар. Другите беа очекувани, освен можеби Рјусуке Хамагучи. Ама номинацијата за него тука само потврдува дека заслужено е номиниран Drive My Car за најдобар филм, и дека таму веројатно бил меѓу најдобрите 5-6.

Актерка: ја нема Лејди Гага! o_O Не сум го гледал House of Gucci уште, ама мислам дека никој не ја изостави одноминација во предвидувањата. Пенелопи Круз е изненадувањето, ама не којзнае колку големо, зашто туканекаде беше во предвидувањата, на 6-7 место.

Актер: овде мислам дека ги погодив сите 5. Нема никакво изненадување, сосема очекувано.

Актерка во споредна улога - Џуди Денч и Џеси Бакли за Belfast и The Lost Daughter се изненадувањата. На 10 и 11 место беа во предвидувањата, зашто за Belfast поголеми шанси и се даваа на Каитриона Балф (или како и да се чита). Не знам дали има ваков случај и претходно, за една иста улога (ист лик) во иста година да бидат номинирани 2 актерки - годинава Оливија Колман и Џеси Бакли за The Lost Daughter, кои го глумат истиот лик: едната во млади години, другата како постара.

Споредна машка улога - тука има 2 огромни изненадувања: Џеси Племонс и Џеј Кеј Симонс за The Power of the Dog и Being the Ricardos. На листата предвидувања беа првиот на шесто, а вториот дури на 11 место. Изненадување е што ги нема Бредли Купер за Licorice Pizza и особено Џаред Лето за House of Gucci.

Странски филм: Lunana :vozbud::vozbud::vozbud: Не знам дали пишав некаде: филмов е всушност од 2019 година. Лани го пријавиле за Оскар од Бутан, ама бил дисквалификуван зашто Бутан не обезбедил комисија од филмски професионалци од Бутан одобрена од Холивуд која би го поддржала. Затоа одлучиле годинава да го предложат и оп - номинација за Оскар! Тука ОООООгромно изненадување е што отпадна A Hero од Иран - филм на двојниот Оскаровец и миленик на Академијата - Асгар Фархади.

Продукциски дизајн и Кинематографија - потполно идентични номинирани во двете категории. Тука мало изненадување е The Power of the Dog за продукциски дизајн, наместо фаворитот The French Dispatch, кој како и House of Gucci - мислам дека не зеде ни една номинација. За кинематографија, малку чудно е што го нема Belfast, ама да не бидат многу црно-бели филмови...

Визуелни ефекти - Free Guy? WTF is that? Овде мака ми е што го нема Eternals. А веројатно најголемо изненадување е што го нема The Matrix Resurrections.

Песна - нормално, ја има No Time to Die, се друго е небитно и вон конкуренција.

Анимиран филм - тука нема никакво изненадување, потполно очекувани 5 номинирани. Оскарот исто, веројатно ќе оди за Netflix и The Mitchells vs. The Machines, зашто ги собра сите можни награди на Luca и Encanto на Дизни. Изгледа трендот на woke-Дизни не им оди баш најдобро.

Шминка и фризура - а, House of Gucci сепак бил номиниран во некоја категорија. Тука нема изненадувања, потполно очекувани 5 номинирани.

Оригинално сценарио - Тука нормално, оооогромно изненадување е номинацијата за норвешкиот The Worst Person in the World.

Адаптирано сценарио - Овде нема изненадувања, сосема очекувани 5/5 номинирани.

Музика - Изненадување е што го нема The French Dispatch.

____________________________
Анкетата горе е update-увана, може да гласате за вашите фаворити годинава!
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Оскари 2022.jpg

BELFAST – Она што беше Roma на Куарон во 2018 e Belfast во 2022. Мирна нарација исполнета со реминисценциите на режисерот кој се навраќа во 60-тите години и периодот на граѓанската војна во Белфаст ни го прикажува во црно-бела верзија. Ги следиме настаните низ очите на 9 годишниот Бади чијашто љубов кон филмовите не можат да ја уништат дури ни немирите (религиски конфликти) во Белфаст. Драма која ги спојува трагедијата на тие времиња и фамилијарните предизвици. Ми се допадна cheerful хуморот, особено сцените во кои Бади добива љубовни совети од дедото и бабата. Ми се допадна и начинот на кој е потенцирана минливоста на времето. Преовладува нишка на меланхолија во целата екранизирана носталгичност. Сепак не верувам дека ќе се закити со статуетката, особено не во BEST PICTURE категоријата.

CODA – I’m not crying you are! CODA се занимава со толку чувствителна тема што во 3 сабајле ме натера да липам како мало дете. Буквално ќе ве обуе во чевлите на Руби (Child Of Deaf Adults) и ќе ве соочи со сите нејзини предизвици. Огромен плус е тоа што актерите навистина се дел од глувата заедница, протагонистката се потрудила да навлезе комплетно во нивниот свет, а и го научила знаковниот јазик за рекордно време. Фактот дека режисерот нè лиши од звук во клучните моменти нè натера да се чувствуваме благодарно што можевме да ја чуеме одјавната шпица. Ваквите теми се универзални и болат еднакво на сите континенти и меридијани. Особено ја ценам одлуката што овој филм се најде меѓу номинираните.

DON’T LOOK UP – Кој би рекол дека Лео ќе го личи да игра nerd? :D Фина актерска екипа, веројатно тоа имаше најголеми удел што направи „бум“ на Нетфликс. Сценариото - убава сатира за современиот свет, набиена со малку повеќе политичка пропаганда. Филм кој е ко брат близнак на Idiocracy (2006) и ни мава една сочна освестувачка шлаканица. Уште се смеам на посткредит сцената, Мерил Стрип и бронтерок иронијата. Ми сметаше еднодимензионалноста и тоа што нè смести во безизлезна ситуација, не се обиде да понуди или барем да навести можно решение. Се насмеавме на сопствената глупост, ај сеа да продолжиме да зјапаме во екраните, прозорците кон амбисот на човечката беда. Overall, се чини дека има големи шанси да ја грабне статуетката годинава.

DRIVE MY CAR – Јапонците лабаво си снимаат пролог од 40 минути и вртат opening credits кога другите филмови веќе ја подготвуваат перипетијата. Насетував дека Мураками на некаков начин замешал прсти во ова, за потоа да прочитам дека сценариото е базирано на негов краток расказ. Филмот трае скоро 3 часа и е со прилично споро дејство, но сето тоа е во функција на процесот на тагување и осознавање на неговата смисла што беше и главен мотив. Ликовите се ранливи и осамени, изгубени души кои меѓусебно се поврзуваат благодарение на заедничката болка. Начинот на кој уметничкото творештво во филмот (мини-приказните на жената како сценарист и театарските претстави на мажот како режисер) беа поврзани со главната нарација, збогатени со личната историја на младата жена возач го комплетираа ова искуство како едно убаво филмско возење. И буквално и метафорично. Drive My Car е мојот фаворит годинава и ако не Best Picture, се надевам дека ќе го земе Оскарот во категоријата за Best Foreign Language.

DUNE – По неуспехот на Линч во 1984, Вилнов си зеде голем товар на плеќи. Но според она што го постигна во Blade Runner 2049 отприлика бевме свесни дека нè очекува еден раскошен визуелен спектакл. Тоа несомнено го добивме. Огромен сетинг, филмска фотографија и звук, празник за сите сетила. Да се екранизира приказна од вакви размери секако е огромен залак. Ова би било далеку побогато искуство да се доживее на големото платно. Мојата замерка паѓа на сценариото, односно недоволно посветеното внимание да се запознаеме со ликовите и позадинската приказна. Ако му влезете неспремни со непрочитана книга, сигурно многу нешта ќе ви останат неразјаснети до самиот крај. Се надевам дека ќе има продолжение иако оваа одлука е извесна. Речиси неизбежни му се статуетките во техничките категории.

KING RICHARD – Една класична rags to riches приказна посветена на најголемите тенисерки на сите времиња – сестрите Винус и Серена Вилијамс. Вил Смит е како роден за да го игра тврдоглавиот, но правичен татко на овие големи тениски ѕвезди. Тешко е да се оцени биографска спортска драма ако доволно не ја познавате животната сторија на личностите за кои е наменета, но за мене ова беше доста инспиративно. Секако не изостанаа клишеата за верба, самодоверба и тешкиот, трнлив пат до победата. Тука беше и мотивот за обесправените Афро-Американци, а тоа додава плус поени кај Академијата секогаш, па му доаѓа ко да имате два аса во покер партија. Гледав интервјуа со Вил Смит и сестрите Вилијамс во кои тие се презадоволни од филмот, а ако тие велат дека се, кои сме ние да противречиме? Прогнозирам Leading Role Оскар кај Вил Смит овде.

LICORICE PIZZA – Ги сакам филмовите на Paul Thomas Anderson, но ова целосно ме разочара. Потпросечен филм во кој PTA си оживува спомени од 70-тите. Ништо што би ја заинтересирало пошироката публика која не може да се идентификува или на било кој начин да се поврзе со ликовите и приказната. Можеби не е фер филм со дејство од 70-тите да се анализира низ призмата на 2022, но не можам да ја оправдам контроверзноста на педофилскиот момент кои се прикажани како најнормални. Главните ликови беа нехаризматични и недопадливи и ја немаа потребната хемија. Продефилираа тука Шон Пен, Том Вејтс и Бредли Купер чисто онака за да има големи имиња на постерот. Сосема непотребен, празен филм, без поента. Не ми е јасно како успеа да добие толку номинации.

NIGHTMARE ALLEY – Дел Торо како да ги споил лукавоста на Патрик Џејн од The Mentalist и фантастиката од Carnivàle во една иронична, надреална бајка за возрасни. Наративот не понуди ништо ново, туку се придржуваше до некои веќе проверени формули, токму поради тоа и ми предизвика мало разочарување. Бредли Купер одлично си ја заврши задачата и го износи ликот на манипулативниот шарлатан. Jа имаме Руни Мара во улога на верна придружничка, а и Кејт Бланшет како фем фатал на чијшто лик опасно му фалеше мотивација, но идеално се вклопи во ноар клишето. Кинематографијата е фино „нашминкана“, филмот е стилизиран и пријатен за око, но страда од недостиг на оригиналност.

THE POWER OF THE DOG – Празнина што кога ќе порасне сака да биде вестерн трилер. Потрошено време на долги „молчаливи“ кадри каде што требаше да претпоставуваме работи „зад завесата“. Ликовите недоволно разработени, сценариото недоречено. Но, комплетно во функција на Woke и Cancel културата, па разбирлива е номинацијата за Оскар. Benedict Cumberbatch и Jesse Plemons се убав тандем, но односот на нивните ликови е во најмала рака чуден, а Kirsten Dunst има блед, невпечатлив лик којшто никако не придонесе во приказната, ами само делуваше иритирачки. Рака под рака со Licorice Pizza, најлоши и најдосадни филмови од сите номинирани. Според фаворизирањето што го забележувам кај публиката во Америка, не би ме изненадило ако ја шармира Академијата.

WEST SIDE STORY – Мора да признаам дека бев скептична во однос на овој римејк на Спилберг, тргнувајќи од ставот за немање нови, оригинални идеи. Плус мјузиклите секогаш ми предизвикувале некое awkward чувство и не сум ги прифатила убаво како жанр. Но, филмот ја гради својата тензија доста динамично, режисерот успешно го држи фокусот на гледачот цели 156 минути. Тука имаме улични банди, забранета љубов во Шекспировски манир, но и мотиви од античките грчки трагедии. Ова се силни карактери за кои навивате и не посакувате никому лошо. Наспроти клише релацијата bad guys – good guys, овде гледачот навива за избегнување на лошата судбина на протагонистите. Особено впечатливи за мене беа Ariana DeBose во ликот на Анита која имаше тешка задача, да пее, да танцува, да покаже љубов, тага, бес, лутина, очај, но и надеж, како и ликот на Rita Moreno како Валентина чие искуство му даде длабочина и мудрост на целокупниот впечаток за филмот. Трагичниот патос сепак царува во конфликтот за кој нема решение, па дури ни љубовта не успева да ја победи иманентната човечка самодеструкција.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.900
Конечно ги гледав сите филмови номинирани за Оскар во главните категории, па еве мое видување, ако некому му е гајле (од тој кој најмалку ми се допадна, до најдобриот, според мене):

10. LICORICE PIZZA - 4/10

What the actual fuck was this? Почна солидно, ама се изгуби во себеси. Досадно до бескрај!

9. WEST SIDE STORY - 6/10

Не сум некој голем фан ни на оригиналниот филм, главно поради истите причини тука: нереалистичноста. Особено
сцената во која Марија одлучува да легне во кревет со Тони ноќта откако тој го уби брат и и откако го запозна само 24 часа претходно.
Љубов, my ass! Очаен ми беше тој момент и во оригиналниот филм, исто и тука. Овде дополнително ми фалеше малку повеќе музика, сонгови и танцување, и ми сметаше што морале да го направат woke со вметнување на небинарни или трансродови актери. Лошо!

8. BELFAST - 6/10

Да му пуштиш филм за Илинденското востание на било кој Македонец и Ирец истовремено, 99% на Македонецот ќе му се допадне повеќе од на Ирецот. Ова е повеќе како љубовно писмо кон Белфаст, филм кој сигурно ќе побуди емоции кај секој кој има било каква поврзаност со тој град и таа култура. Кај мене didn't ring any bells. Кинематографија, глума, перспективата на раскажување низ очите на детето - убави, though.

7. DON'T LOOK UP - 7/10

Oва е дефинитивно најдобриот филм на Адам Меккеј кој сум го гледал до сега. Уште го имаше тој неговиот печат со неповрзаните „сликички“ но овојпат не ме нервираше тоа, туку напротив, ми одеше во прилог и уживав, но фала-богу, недостасуваа зум-ин и аут игричките што толку ме нервираат кај него, па може затоа ми се допадна повеќе од претходните негови.
Инаку, сосема ОК филмче, забавно, интересно, уникатно... Одлична сатира на (не)времето од кое сме дел. Крајот никогаш нема да го заборавам. :pos:

6. KING RICHARD - 7/10

Ова е можеби најпозитивното изненадување за мене годинава. Пред да го гледам немав поим дека е филм за детството и подемот на сестрите Венус и Серена Вилијамс. И иако како и во секоја спортска драма, неизоставен дел се клишеата и мотивацискиот bullshitting (тука засилен со тоа што спортистите кои се искачуваат на врвот се црнци), сепак беше feel-good, можеби уште повеќе е што сите ги знаеме како кралици на тенисот, од наше време се, па гледајќи на кој начин го постигнале сето тоа и колку татко им придонел за нивниот успех, некако воодушевувањето за истиот тој успех си го направи своето. Big like!

5. DUNE - 8/10

Конечно и јас го изгледав, без било какви претходни познавања, освен имињата на куќите и планетата (ова дека 2 пати го имам пуштено филмот на Линч додека го имаше на Netflix, и 2 пати не успеав да стигнам ни до 30 минута). Јас немав проблем со разбирање на целиот универзум, иако верувам дека е тоа многу поупростено разбирање од некој кој ги читал книгите, нормално. Инаку се согласувам со првото мислење на @Io Sono Interista дека во денешно време скоро сите серии и филмови ги прават вака: in medias res, без да ни направат некој build up. Ама, ете, тука јас немав толкав проблем со разбирање како што имав во (на пример, зашто најтазе ми е гледана таква) Shadow and Bone. Таму човече, до пред крај стигнав на сезоната а уште поим немав кој е кој и што е што. Слично ми беше и со The Witcher. Сега споредбиве може се неумесни зашто сепак тоа се серии, а ова филм, но штом во серија каде дејството може да го развлекуваат во недоглед они се одлучуваат да започнат од нигде никаде, во филм каде се далеку поограничени, сигурно дека ич нема да им смета.

За жената во црно веднаш сфатив дека е некоја архи-вештерка, или господин господин вештерка, сеедно, ама со кутијата да, не го сфатив филмот.

Инаку, цело време имав впечаток ко да сум го гледал филмов, а тоа е така зашто на некој начин, барем по визуелниот момент, го доживеав како трет дел од трилогијата на Вилнев: Arrival - Blade Runner - Dune. Особено визуелно наликуваше на вториот, но и значително послаб беше. Се согласувам и дека смета отсуството на емоции и дијалози во филмовите на Вилнев, или барем во овие три, но мене тоа не ми смета толку, посебно не во Blade Runner и Dune, зашто го доживеав како природен тек на еволуцијата на човештвото: по десетици илјади години од сега некако нормално ми е луѓето да се отчовечени, да се без емоции, налик роботи, и да ја изгубат потребата од интензивна комуникација (процес кој и ден денес е почнат, со целата оваа технологија, мобилни телефони и компјутери... На Рекорд дури и семафори на земја поставија за да можат тие кои главата не ја креваат од мобилниот да видат дали свети црвено светло, побогу).

И тоа.
4. THE POWER OF THE DOG - 9/10

The Power of the Dog навистина одличен! Моментално дури и го презеде првото место на листата фаворити за Оскар. Многу ме посеќа на There Will be Blood. Убаво раскажана, тивка драма која на крај се претвора во
хорор
. Гледајте го, мислам дека ќе биде hate it or love it филмот на годината, и претпоставувам ќе го ставиме следен на тапет во темата со спојлери.

Идејата на режисерката сигурно била:
how to make gay movie without gayish things in it?
И voilà!
3. CODA - 9/10

CODA одличен! Официјално оскаровската сезона може да ја прогласам за отворена, со еден од најсериозните кандидати за номинација. Може ќе ви изгледа крајно клишеизиран, но за мене беше прекрасен!
Ова беше првиот од сите кои го гледав. Малку спласна впечатокот со текот на времето, но уште сметам дека е прекрасен филм!

2. DRIVE MY CAR - 9/10

Оу, каков филм! Потсетува многу на филмовите на Нури Билге Џејлан, кој е еден од моите најомилени режисери - и по должината, и по дијалозите кои му се стожерот. Нема некакво дејство, всушност ништо и не се случува. Само дијалог, дијалог, дијалог... Сценариото - masterpiece! Плус, провејува духот на Мураками тука (филмов е направен според расказ / новела на Харуки Мураками, со истиот наслов), што е уште еден голем плус, зашто и Мураками е еден од авторите кои многу ги сакам. Го има тој меланхоличен сензибилитет, типично муракамиевски, кој навистина многу ми се допаѓа. Прекрасно! Штотуку видов дека и покрај тоа што еден Фархади и еден Сорентино се во истата конкуренција, баш овој филм е главен фаворит за Оскарот, пред нив. A Hero не сум го гледал, но во споредба со другиот, секако дека доколку овој освои, би било позаслужено. @Shawn Spencer погоди дека овој филм најмногу ќе ми се допадне. До сега, заедно со германскиот (погоре), во топ 2 фаворити! 9/10

И уште една препорака! (y)

(NOTE: филмов е ептен slow burner, па така - стоп за оние кои сакаат дејство - тука нема да го најдат)
1. NIGHTMARE ALLEY - 9/10

Го обожавам Дел Торо! Дефинитивно сум слаб на целата естетика во неговите филмови, на фантастичните елементи кои се најчесто дел од нив, на палетата на бои која ја користи... Кога гледам филм на Дел Торо се чувствувам како да сум дел од бајка, едноставно магичен е! Многу бев среќен што Nightmare Alley заработи номинација, зашто свесен сум дека е underdog во оваа конкуренција, и веројатно бил меѓу најслаборангираните по гласањето на членовите на Академијата. Но бидејќи скоро секогаш и секаде навивам за послабиот, за мене од трите филма кои морам да признаам дека најмногу ми се допаднаа: CODA, Drive My Car и овој, ми е на прво место. Знам и дека најчесто ќе бидам критикуван за ова, па... пуцајте!
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Мака ми е што ја кикнаа Катрина од номинација за Белфаст. Бабата (Џуди) немаше некоја поголема или појака улога од нејзе.

Од филмови, имам 6/10

Најдолу, идеме со Nightmare Alley и Don't look up.
Средно, King Richard.
Најгоре - Кода, Белфаст, Power of the dog.

Кода беше баш фил гуд филмче, со сите емотивни пропратни станици. Белфаст немаше потреба да ме поврзе со Ирците и градот, доволно ме фати на селидба, фамилијарни односи и драма, како фамилиите се понашаат во тој случај и одлуките кои ни го менуваат животот. А Power of the dog мислам дека го гледав најпрво, и уште сметам дека е најкомплетен за земање на оскарот. Не ја видов во израз толку и не ме занимаше политиката, колку што ми беше интересна психологијата за гледање.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.900
Еве до сега, сезонава, кој колку награди (за најдобар филм) има земено:

  • The Power of the Dog (AFCA, AWFJ, BSFC, BOFCA, CFCA, CIC, COFCA, DFCA, DFCC, DFCS-1, DFWFCA, FFCC, HFCS-2, KCFCC, LFCC, MCFCA, MNFCA, NCFCA, NDFS, NYFCO, OAFFC, OFCS, PCC, PFCC, SDFCS, SEFCA, SFBAFCC, UFCA, VFCC)
  • Drive My Car (BSFC, LAFCA, NSFC, NYFCC, SFCS, TFCA)
  • Licorice Pizza (AFCC, GAFCA, NBR, OFCC, StLFCA)
  • Belfast (IFCA, PFCS, LVFCS, WAFCA)
  • CODA (CIC, HCA, NFCS)
  • The Green Knight (NTFCA, PCA)
  • Cyrano (DFCS-2)
  • Happening (ICS)
  • The Harder They Fall (AAFCA)
  • King Richard (BFCC)
  • Last Night in Soho (HFCS-1)
  • The Lost Daughter (Gotham)
  • Mass (IFJA)
  • Pig (GWNYCA)
  • The Tragedy of Macbeth (CACF)
Значи, речиси сигурно е дека The Power of the Dog ќе го земе Оскарот за најдобар филм, евентуално Drive My Car, ама не верувам.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.147
Поени од реакции
83.842
Иако поима немам кои се некои од другиве филмови, чинам, Power of the Dog ќе земе. IMO доста добар филм, надвор од идеолошката загаденост.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.147
Поени од реакции
83.842
Дебел, црнец, жена
Body positivity, racial diversity, sexual diversity

сите квадратчиња ги штиклирале, при изборот на водители

напредно, нема што
Автоматски споено мислење:

IMO, Dune и Dont Look Up не се за Оскар уопште. (освен можда Dune во некои технички категории)
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.129
Дебел, црнец, жена
Body positivity, racial diversity, sexual diversity

сите квадратчиња ги штиклирале, при изборот на водители

напредно, нема што
Автоматски споено мислење:

IMO, Dune и Dont Look Up не се за Оскар уопште. (освен можда Dune во некои технички категории)
Ова е мислам мислење на сите, освен на некои хардкор фанатици на Dune.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.846
Поени од реакции
36.900
Откако CODA ја освои наградата за најдобар филм на PGA наградите - награди на продуцентите, кои се исто како актерите, една од најбројните групи гласачи во Академијата, на само неколку дена пред доделувањето на Оскарите, за прв пат сезонава The Power of the Dog не е веќе број 1 фаворит за Оскар за најдобар филм, туку баш CODA е.

1647958192348.png
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.129
Јака битка за "Најдобар" филм имаме. Не се знае кој од кој е подосаден. :D

Едино Дина и јапонскиов што се асални, ваљда.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom