Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Баражот е завршен, ја не ни палам телевизор у четврток.
У16 би требало да излезат да „одработат„, да не кашкаат име стариве...
==========================================================================
Италијанскиот амбасадор во Македонија во посета на ФФМ

Објавено на March 18, 2022

lg.php


ff-1.png



Во пресрет на плејоф натпреварот во Палермо меѓу Италија и Македонија за пласман на Светското првенство во Катар, гостин во „Куќа на фудбалот“ беше амбасадорот на Италија во нашата држава, Андреа Силвестри.
Заедно со раководството на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски ги споделија своите очекувања од важниот натпревар на 24. март и имајќи в предвид дека Македонија и Италија се пријателски земји, дадоа збор на финалниот бараж натпревар да навиваат за една од двете репрезентации.
lg.php

Голема чест за Фудбалската федерација на Македонија е гестот на италијанската амбасада и амбасадорот Андреа Силвестри кој ни подари фотографии од репортажата „За Првпат“ на фотографот Матео де Мајда и новинарот Козимо Биѕари направени од повеќе места во Македонија во времето пред историскиот прв настап на македонската репрезентација на Евро 2020. Тоа претставува прекрасна симболика за нас да веруваме во нови успеси. Фотографиите со различни мотиви од македонскиот клупски фудбал и навивачките групи секако ќе бидат дел од „Куќа на фудбалот“.
– Очекувам отворен натпревар. Ќе биде предизвик за двете репрезентации. Мечот на 24. Март во Палермо е голем спорски момент, но и момент на пријателство меѓу двете земји. Нека победи подобриот, рече амбасадот на Италија, Андреа Силвестри.
– Самиот факт дека играме против Италија е доволен мотив за нас. Ние не се плашиме кога играме против големи селекции. Италија е Европски првак, фаворит на овој меч, но во фудбалот се е можно. Верувам во фер натпревар. Ние ќе продолжиме да сонуваме за големи работи, рече претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Фотографии од репортажата беа изложени во галерии ширум нашата земја, во градовите Скопје, Кавадарци, Струмица и Прилеп, а истите беа објавени во многу медиуми ширум светотот, вклучително и Њујорк тајмс, Фајненшал тајмс, Дер шпигел. Репортажата „За првпат“ беше направена со поддршка на Музејот на современа фотографија во Милано, магазинот Ундичи и ФФМ.


 
Screenshot_20220321_084440.jpg
Сакам кажам, не знам речам.
Исто и математика изгледа слабо им оди :pos:
 
Пред недела време им пишав на ФБ страната на спортската реакција на МТВ и ги прашав дали ќе има пренос. Ми вратија одговор во стилот „Ако има пренос, ќе има најава“. Пошто има уште три дена до мечот а нема најава, изгледа ништо од преносот.
 
Слаба активност овде, со оглед на тоа што за еден ден го играме можеби најголемиот натпревар во историјата на мк фудбалот :D
 
Слаба активност овде, со оглед на тоа што за еден ден го играме можеби најголемиот натпревар во историјата на мк фудбалот :D

Рачунај дека 50% не ни имаат можност да го гледаат мечот, бидејќи ќе оди само на Спорт Клуб.
 
Освен Донарума никој нема во одбрана да им игра од прв состав, мислам на Бонучи, Кјелини и компанија.

Флоренци, Емерсон, Манчини и Бастони ќе бидат во одбрана.
 
Освен Донарума никој нема во одбрана да им игра од прв состав, мислам на Бонучи, Кјелини и компанија.

Флоренци, Емерсон, Манчини и Бастони ќе бидат во одбрана.
Ова би било добра шанса за нас (Спинацола исто го нема, а и Ди Лоренцо им се повреди пред некој ден) и би било супер да се искористи.
 
Слаба активност овде, со оглед на тоа што за еден ден го играме можеби најголемиот натпревар во историјата на мк фудбалот :D
Во некои нормални околности, со Елмас па и со Пандев, шансите би ни биле 40:60. Ама тоа не би било причина да не бидеме еуфорични и да не мислиме на Роналдо...ама...

Ама кога ќе видиш дека амбасодари не се влечкаат само по судови туку знаат да навратат и до ФФМ, ти станува јасно што се работи...

Кој мисли дека италијанскиот амбасадор на 3-4 дена пред утакмица отишол да нарача пица во ФФМ?
Јасно е дека се плашат да не им се деси Дуизбург......

Нашите играчи имаат сизифовска задача, треба да победат италијаска репрезентација засилена со ФФМ и тоа у гости. (а без Елмас и Пандев ама со крт)
 
Македонче - ништо не му чини и во сè гледа теорија на заговор.

Тоа со Германија се дешава еднаш у 50, ако не 100 години. Чудо треба да се деси да ја победиме Италија, и ниту се плаши Италија од нас, ниту ја местел нивниов амбасадор.

По некоја случајност ако победиме, небитно климаво или убедливо, истите што викаат дека италијанскиот амбасадор договарал во ФФМ местенка за да победат, ќе кажуваат како нашиве ја наместиле текмава за да лапаат пари што ќе ги поделат после со Италијаните. "Страшни филмови се прават баце, не знаеш ти."
 
Последно уредено:
И мене фактот што Елмас ќе недостасува за натпреваров ми го сјеба филмот за истиот, поинтересно ќе ми е со Турција за 3то место.. утре се надевам дека нема да се посрамиме и доколку загубиме да биде тоа со мала разлика.
 
И мене фактот што Елмас ќе недостасува за натпреваров ми го сјеба филмот за истиот, поинтересно ќе ми е со Турција за 3то место.. утре се надевам дека нема да се посрамиме и доколку загубиме да биде тоа со мала разлика.
Какво трето место? Што ќе ти биде интересно за 3то место во бараж?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom