Што читате во моментов? (со краток коментар)

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
"Морето на изгубеното време и други раскази" од Габриел Гарсија Маркес. :love:

Ја купив чисто компаративно за со другите негови раскази во "Рибата е црвена", книга која ми остави голем впечаток. Содржи историски, политички, биографски раскази, за Куба, за Хемингвеј, за тоа како требало да се однесува еден новинар до тоа на кој начин ги пишувал книгите... Овие повеќе ми се допаѓаат, далеку се посодржински, читателот сам треба да е во потрага по поентите и ме возат напред-назад.

Мало книжуле, го почнав пред малку, ќе го завршам до крајот на денот, но ми се допаѓа. И тука, со оваа книга, ја заклучувам оваа година. Наредната ќе ја започнам со "Терапија" од Фицек (ветив) и со "Филмски клуб" од Дејвид Гилмор, а можеби и со "Хроника на една најавена смрт" од Маркес. Потребен ми е и психички и физички одмор од сѐ, па така ќе одам на нешто полесна литература.
Филмски клуб е баш книга за релаксирање и мислам дека ќе уживаш во неа доколку не очекуваш некое ремек дело :D Таква е искрена и фино си вози цело време. Исто би ти ја препорачал „Наивен, супер“ од Ерленд Лу во издание на Табернакул. Јас ја најдов пред неколку години во книжарницата Култура на плоштад, ама сега ја гледам по групите на фејсбук циркулира доста често.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
Ja procitav I have no mouth and I must scream od Harlan Ellison. Kako metal videospot vibe ima koga saka da e brutalna no sepak e trashy, americki. Ova e short story od sedum - zbirka. Gi citam i drugite poradi nea, ipak bese dosta jeziva i preporacuvam. Osvoila Hugo, ako birate taka.

Citam Dune, odamna sakav a posle filmot morav. Tamu najmnogu pustam vreme.

Pocnav On earth we're briefly gorgeous, no zena mi ja pocna isto i zdipli pred nos pa ke cekam da ja zavrsi za da prodlzam. Spored toa sto procitav mi se vide dosta solidno.

Ova posledno.
A cela 2021 ocaj na pole citanje, overall.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Филмски клуб е баш книга за релаксирање и мислам дека ќе уживаш во неа доколку не очекуваш некое ремек дело :D Таква е искрена и фино си вози цело време.
Иако ги немам изгледано сите филмови, одлично склопена приказна со две замерки. Првата е во тоа што не остава празен ред помеѓу пасусите кога преминува од еден во друг настан, можеби тоа е грешка на издавачот, не знам, но стилски ќе изгледа далеку поубаво. Додека си ја возиш приказната во главата очекуваш извесна промена, вака ми го крши филмот. Второ, овие 200 стр слободно можеле да бидат и 400 и 600. :icon_mrgr: Затоа што дел од поентите му се брзоплети, вниманието е насочено кон историјатот, а притоа може да се задржи вниманието на читателот и со покапитално дело. Идејата му е одлична.

Прочитав дека бил филмски критичар, а книгата ја купив благодарение на вашите дебати низ форумов, не знам кој ја коментираше и, сега за сега, ми се допаѓа. Се надевам дека за ден-два ќе ја дочитам.

пи.ес. "Наивен, супер" деновиве ќе видам дали ја имаат на старо покрај кеј и на плоштад.
 
Член од
17 март 2017
Мислења
320
Поени од реакции
521
Моментално се зафатив со "Љубов во време на колера" од Габриел Гарсија Маркес.
Кој чита класични романи ја препорачувам книгава :)
Прочитај ја и "За љубовта и другите демони" исто од Маркес
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.656
Поени од реакции
35.280
Никогаш не ме оставај - Казуо Ишигуро

На моменти дистописка книга, едно маестрално дело, кое ќе ве држи во исчекување со секоја нова страница. Една приказна која сигурно ќе ви предизвика морници, испреплетена со тага, меланхолија, носталгија. Не е возможно да останете рамнодушни.

Ишигуро ме маѓепса :love:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Никогаш не ме оставај - Казуо Ишигуро

На моменти дистописка книга, едно маестрално дело, кое ќе ве држи во исчекување со секоја нова страница. Една приказна која сигурно ќе ви предизвика морници, испреплетена со тага, меланхолија, носталгија. Не е возможно да останете рамнодушни.

Ишигуро ме маѓепса :love:
Со Вокерка го шириме неговото секташко влијание уште од 2010та година преку истоимениот филм. Го сакам Ишигуро (во поштенско сандуче) :D

Јас заглавив малку што ради стрес на работа, што ради непродуктивност во читачкиот предизвик. Почнав со Made in Japan биографијата на Акио Морита за Сони, продолжив Ноќните возови на Ерик Фај (или-или продукција) и заглавив во Murder in Mesopotamia на Агата. Не ми тргна некако со овие автори, па утешително Штајнбек го истерав со неговите мемоари за престојот во бившиот СССР веднаш по втората светска војна.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.656
Поени од реакции
35.280
Не ми тргна некако со овие автори,
Јас заглавив со „Убав нов свет“ - Олдос Хаксли, едноставно книгата ме измачи. Почнав со преголеми очекувања, ама не ме воодушеви, така како што беше претставена :pipi:
А Ишигуро плете интересна мрежа, на својствен начин да те натера да размислуваш за сопствените чувства и за животот. Следно ќе се зафатам со „На крајот од денот“
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
"Инферно" од Браун.

Сакам кога книгите мене ме фаќаат на кондиција, страниците сами се вратат, лесно можам да прочитам неколку стотина страни за еден ден без, притоа, да го загубам интересот за книгата.

Класика, целата книга му е едно константно движење, ми се допаѓа, лесно се задржува вниманието на литателот. Симболиката, историјата, сликовитото претставување на архитектурата и објектите и постепеното градење и држењето на интензитетот на приказната не изоставуваат ни во оваа книга. Сеуште омилени ми е "Точка на измама".

Од Браун, непрочитана, ми остана уште "Потекло".

Во меѓувреме ја прочитав и "Појадок кај Тифани" од Капоти. Не ми се допадна баш, да ја дочитам" Инферно" и двете ќе ги рецензирам.

Месецов сум нешто послободен, немам густ распоред и можам повеќе време да одвојам за читање, во план ми е да ја прочитам книгата за Клубот, а потоа и "Лавиринт" (само првиот дел).
 
Член од
23 март 2021
Мислења
19
Поени од реакции
82
Само што ја дочитувам „Рулет со седум бројки“ од Славко Јаневски. Не знаев деке ќе биде олку добра ама моја грешка што се посомневав во Јаневски. Имам чувство како да гледам филм, а кога би имале развиена филмска индустрија би се направил добар филм по романов.

Накратко, во 2096 се разбудуваат 7 покојници чија мисија е да го направат светот свет на покојници, затоа што живите очигледно не го заслужуваат. На крајот има три епилога со што може да си изберите како ви е најдобро да ја завршите книгата. Романот е полн со маестрални описи што на моменти ти иде да се замислиш како само му текнале такви работи. Секако ќе се чита уште нешто од Јаневски, од вака добар раскажувач (не се сомневам дека и другите романи му се добри) мора да се прочита што е можно повеќе.
 
Член од
15 август 2021
Мислења
115
Поени од реакции
384
Изгубената ќерка од Џил Пол.

Дејствието се случува во 1918 година кога државата се врти против Романови.
Воглавно, повеќе се опишува и животот на средната ќерка Марија и заробеништвото.

Добра книга, често читам за Романови.
Тек сум на почеток, но ме освои уште од старт.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.656
Поени од реакции
35.280
Изгубената ќерка од Џил Пол.

Дејствието се случува во 1918 година кога државата се врти против Романови.
Воглавно, повеќе се опишува и животот на средната ќерка Марија и заробеништвото.

Добра книга, често читам за Романови.
Тек сум на почеток, но ме освои уште од старт.
Тајната сопруга е за животот на Татјана Романова, како прва книга. Изгубената ќерка е втората книга.
 
Последно уредено:

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.656
Поени од реакции
35.280
Ја прочитав и Тајната сопруга.
Исто и Царицата Романова.
Големи книги, ама ги читаш за еден миг.
Исто ја има и Сестрите Романови во издание на Култура од Хелен Рапапорт. Ако те интересираат приказните за семејството Романови
 

Kajgana Shop

На врв Bottom