Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?

  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.910
Поени од реакции
2.946
Кин е Мегваер од Евертон, страшно лоша одбрана играат.
Овој Гордон им е светла точка.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.836
Поени од реакции
10.142
Како што реков најголема грешка на Евертон сезонава е назначувањето на Лампард.
 
Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.375
Поени од реакции
12.802
Како што реков најголема грешка на Евертон сезонава е назначувањето на Лампард.
шпекулациите за тренер пред да го назначат Лампард им беа: Лампард, Данкан Фергусон и Канаваро(овој у живот нема ништо менаџирано):pos:
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Дека Лампард ги донесе во ситуација грчевито да се борат за опстанок. А не дојде да спаси колку што може.

Одлично детектирана грешка.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Најголема грешка на Лампард е што прифати да оди во таков хаос.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.836
Поени од реакции
10.142
Дека Лампард ги донесе во ситуација грчевито да се борат за опстанок. А не дојде да спаси колку што може.

Одлично детектирана грешка.
Работата е што неможе да спаси ништо он толку му е црпката.
А Донев е во право исто и за Лампард е голема грешка што прифат хаос, требаше да си оди у Чемпионшип или лига 1 да си гради тим лагано и да се развива не е на нивото за во премер лига.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.895
Поени од реакции
67.549
Евертон со овие играчи не треба да е 1 бод пред зона на испаѓање, па колку и да се во хаос.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Работата е што неможе да спаси ништо он толку му е црпката.
А Донев е во право исто и за Лампард е голема грешка што прифат хаос, требаше да си оди у Чемпионшип или лига 1 да си гради тим лагано и да се развива не е на нивото за во премер лига.

Кој би го спасил Евертон вака според тебе? Кој ќе дојде во јануари и на сред сезона ќе успее да консолидира разорен тим од Анчелоти и Бенитез, со Кин и Холгејт како главни стопери и Ивоби и Таусенд во нападот?

Бујрум.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.895
Поени од реакции
67.549
Не беше Њукасл во 3 пати полоша ситуација од Евертон? Колку што знам, Лампард можеше да прави трансфери во Јануари. Не знам зошто упорно го амнестирате. Овој Евертон не смее да губи од испаднат Вотфорд.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин

Sean-Dyche-in-snow.jpg

:rolleyes:
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не беше Њукасл во 3 пати полоша ситуација од Евертон? Колку што знам, Лампард можеше да прави трансфери во Јануари. Не знам зошто упорно го амнестирате. Овој Евертон не смее да губи од испаднат Вотфорд.
Не беше во трипати никако. И трансферот на Трипие е подобар од сите заедно на Евертон што ги направи зимава.
Али и Бек се играчи кои потенцијално можат да бидат добри засилувања, коректни, односно играчи на кои Лампард треба да им ја заживее кариерата повторно.

Трипие, Гимараес, Брн, Вуд, овие се сите аквизиции подготвени веднаш да придонесат и направат нешто повеќе.

Нема алиби за продолжувањето по истиот тек и поразите на Лампард, само не треба да се забегува со констатации. Лампард не го донесе Евертон до ова дереџе, тој се обидува да го опорави.
Ако мислите дека за месец дена се консолидира крш колектив, тогаш во ред. Јас на ФМ не умеам за толку краток период да заиграм нешто со Челзи, а не па со некој послаб.
Автоматски споено мислење:

Нереална мисија. Поголеми се шансите да оди Гвардиола во Евертон, одошто овој портокалов грубијан да го напушти Барнли.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.836
Поени од реакции
10.142
@RATM Евертон е 3 пати поголем клуб од Барли и уште толку ако не и повеќе е финансиски помоќен, да сакаа можеа.
Проблемот е што летаат по имиња де Руни де Лампард де Оле мастермајндот кои немаат искуство а ни некаков успех за во премиер лига.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom