Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 29.966
- Поени од реакции
- 45.238
Значи уште не успеа да сфатиш.И Интер доби, Кореа и Џеко место Лукаку. И каков е Ибра? 40 години, кога и да игра он укочена е играта на Милан пошо не може да оди. Ок, вака ко лик да го имаш у екипа е супер, искусен е, лидер, ама е готов и пензионер само си ја мачи душата. Мене ми смета што Џеко го праиш на ниво на Горан Мазнов а Милан ко да ги има Халанд и Мбапе. Напротив, Џеко сосема солидно игра сезонава иако е далеку од неговиот прајм.
Милан со Жиру во најлош случај ништо не изгубија од она што претходно го имаа, а он за моја и твоја жал периодов им достави кога е тоа најбитно, со нас и Наполи, плус дае уште пар голови. Небитно, споредбено со лани они во контекст на нападот ништо не изгубија, буквално, еве нека се на истото ниво, и тоа не е битно.
Интер од друга страна скалила подоле се со Џеко место Лукаку, тоа не го прави Џеко у конкрентиов случај Мазнов, ова е ко да кажам дека утре сонцето ќе огрее пак, значи факт е, едноставно многу полоши сме со Џеко ко стартер од периодот кога тоа беше Лукаку што е и сасвим нормално, не дека сум ја открил Америка со ова. Ако до лани сме имале класи бољи напад од Милан, сеа тоа веќе не е случај, и тоа сакам да ти го посочам. Не викам дека нападот на Милан е бољи, не ги ни споредувам, само ти кажувам дека ние во однос на конкуренцијата изгубувме премногу во сегментот Напад со сите тие промени што се десија во клубот, нешто што кај конкурентите во моментов не е случај, зашто до Јануари и Јуве трпеа многу на тој дел од теренот. Али конкретно Милан, статус кво се таму споредбено со лани, ние далеку полоши, и пак ќе ти кажам, не се само головите у прашање на 1 индивидуалец, од присуството на Лукаку во тим профитираа и многу други играчи зашто фокусот на противниците под дифолт беше најмногу на Лукаку ради фактот што Конте максимално го користеше неговото присуство тука у билдапот на сите напади.