Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260

За што ме цитираш бе? Не те разбрав.

Не сум од тие што мислат дека Интер треба да се прошета до титула. Прошета, срамота, ништо од тоа.
Ама да не освои титула, макар на гол разлика, не знам, во мои очи е разочарувачки.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.861
Поени од реакции
23.257
JA bev ubeden deka ke osvoime od koga si otidoa Lukaku Hakimi i Konte, baska dojde Alegri na klupata ... Megjutoa toa bese letoto, denta koga Rinaldo si zamina (bukbalvo pretposleden den od transfer rok) znaevme kolku e saat.. pederceto né ostavi na cedilo, i Juve bukvalno bez klasicen špic igrase cela polusezona . Sega koga dojde Duce, se vide razlikata od klasicen spic, zadrzuva topka, dobiva vazdusni dueli, drn mrn ti rekov mi rece... Nieden juventas ne spomna titula posle zaminuvanjeto na Kiki ...
Не точно.
Ти беше еден од најгласните дека кој последен се смее најслатко се смее и тоа ако не се лажам после поразот од Емполи на домашен откако веќе ве напушти Роналдо.
Истотака имаше некои досетки поврзани со зимата, не ми текнува точно како беа.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
За што ме цитираш бе? Не те разбрав.

Не сум од тие што мислат дека Интер треба да се прошета до титула. Прошета, срамота, ништо од тоа.
Ама да не освои титула, макар на гол разлика, не знам, во мои очи е разочарувачки.
Па тоа, дека ќе е минус за пропуштена шанса во услови кога Јуве е разнишан, Милан има послаб состав и од ваков Интер.
Но далеку од тешка срамота. Да, тешка срамота ќе беше ако останеше истиот тим од лани.

Убаво кажа.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.567
Поени од реакции
66.228
Многу лошо.
Па и Хм Хм се надоврзал ама добро, ете, сме напраиле тим за 10 годишна доминација, со потрошени 200 евра летоска и шопинг од стокомак.
Добро, тука си во право, Милан има каде каде поголем буџет за трансфери.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.226
Поени од реакции
14.523
Многу лошо.
Па и Хм Хм се надоврзал ама добро, ете, сме напраиле тим за 10 годишна доминација, со потрошени 200 евра летоска и шопинг од стокомак.
Потсети се што е пишувано тука и во вашиот фан клуб. И не е само тролејбус.

Ретки беа тие како Син, кој мораше и да избега од фан клубот. :D

Сега изгубивте самодоверба, па доаѓа друг наратив. Да киксне пак Милан, а вие да врзете неколку победи, повторно ќе се вратат старите муабети.

Нормален е тој навивачки ролеркостер на емоции, од јануари до сега е лудница и во нашиот фан клуб.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Добро, тука си во право, Милан има каде каде поголем буџет за трансфери.
Многу лошо ти влијае дебаклот од вчера и катастрофалната сезона која ве снајде, а бевте тука негде за титула.

Е сеа, сезонава Милан потрошил 77 милиони евра на засилувања а Интер 38 од кои 16 се за Ванхојзден со кого се праеше на ти го, дај ми го со Стандард Лиеж. Интер го купи само Дамфриз за 13.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Не точно.
Ти беше еден од најгласните дека кој последен се смее најслатко се смее и тоа ако не се лажам после поразот од Емполи на домашен откако веќе ве напушти Роналдо.
Истотака имаше некои досетки поврзани со зимата, не ми текнува точно како беа.
Pa mozda u pravo ke bidam, kojznae.. Eve kolku e mala razlikata, vo derbito so pobeda Juve ke dojde -2 (-5 ako racunas pobeda protiv bolonja) kade sto sepak ne e golema prednost, a ima uste 10 kola do kraj..
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Потсети се што е пишувано тука и во вашиот фан клуб. И не е само тролејбус.

Ретки беа тие како Син, кој мораше и да избега од фан клубот. :D

Сега изгубивте самодоверба, па доаѓа друг наратив. Да киксне пак Милан, а вие да врзете неколку победи, повторно ќе се вратат старите муабети.

Нормален е тој навивачки ролеркостер на емоции, од јануари до сега е лудница и во нашиот фан клуб.
Па нормално бе, актуелни шампиони сме, јасно дека ќе се курчиме.
Ја у бантер ера се иам чаталено а не сеа. :D
Плус и вашето повлечено понашање само додаде оган на нашиот курч.

Е сеа, реалноста малце не пука и затоа делуваме вака освестено.

Најискрено, очекував и сеуште очекувам да освоиме ама никако не очекував ваков пресврт за еден месец. Ретко кој, реално.
И вие сте изненадени.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.567
Поени од реакции
66.228
Е сеа, сезонава Милан потрошил 77 милиони евра на засилувања а Интер 38 од кои 16 се за Ванхојзден со кого се праеше на ти го, дај ми го со Стандард Лиеж. Интер го купи само Дамфриз за 13.
Не дека не потрошивте 200 милиони сезоната кога го земавте Лукаку...
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.861
Поени од реакции
23.257
Не дека не потрошивте 200 милиони сезоната кога го земавте Лукаку...
И од сите трансфери таа сезона, само еден е сеуште во тимот - Барела.

Едит - Извини, двајца биле. 10 мил е платен Раду, односно 10 милиони по натпревар.

Screenshot_20220307-163600_Chrome.jpg
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не дека не потрошивте 200 милиони сезоната кога го земавте Лукаку...
Пер шо ти е бе брат стварно?
Па освоивме таа сезона со тие трансфери за веќе следното лето да ги изгубиме и истите да ги замениме со 35 годишен напаѓач, десен бек од холандско првенство и везњак кој според миланезите не е добар, за 0 евра.
Откако нашиот везњак доби срцев удар и забрана за фудбал у лигава.

Ако мислиш да ги браниш Милан со истиов муабет само да ти напоменам дека според нивните фанови, они сосема добро си ги покрија загубите
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.966
Поени од реакции
45.238
Па истиов муабет може да го тераат и Милан и Јувентус.
На Јувентус им отиде Роналдо, а го заменија на пола сезона откако им пропадна сезоната со 21 годишен напаѓач кој игра само 3 сезони во лигава.

Што да се каже за Милан па?
Цела сезона повредени, најдобриот креатор во играта им премина во нивниот најголем ривал и конкурент за титула. Истиот тој играч кој вие го возвишувавте и зборевте дека е најдобар на својата позиција во лигата.
Најдобриот голман во моментов или еве, топ 5 голмани во свет исто така им отиде. Двајцата без пари.
Вие барем земавте некоја пара од заминувањата на Лукаку и Хакими.

Гледаш колку е лесно вака само кога ќе се напише, колку лесно може да се намали значењето на муабетот кој што сакаш да го направиш?

Интер оваа сезона почна да игра во лига кај што најдобрите играчи на конкурентите си отидоа и пак мака мачи да направи комотна бодовна предност.
Башка зашто збориш дека Интер не земал соодветни играчи?
Го земавте најдобриот играч на неговата позиција во средина според вас, Чалханоглу, од најголемиот конкурент.
Го земавте наоаѓачот Џеко каде пола форум трубеше дека можел да биде прв напаѓач во сите топ европски клубови, само се заебал и останал во Рома.
Како сеа од еднаш сите овие не чинат?
Интерашиве од класично потценување на конкуренцијата дојдоа до ниво да се правдаат дека тимот не им ништо подобар од другите :icon_lol:
Ова е многу лоша појава на форумов, генерализацијата, ако еден, двајца,5 души сеедно пишале нешто слично, не значи дека сите останати го имаат истиот став.

Муабетов со Џеко не ти го контам, тоа што го рекле за него е точно, Џеко од прајмот беше супер играч, докажан во Бундес и ПЛ каде освојуваше лигашки титули со Сити и ебаните Волфсбург, ама од тој Џеко до овој кој дојде во Интер разликата е ден и ноќ и за тоа верувам дека сите ние бевме свесни.

У тема на интер бев прогласен за енеми оф д стејт ради работите што ги пишував пред сезона, и фактот што јас во овој Интер не верував зашто не гледав овој пат само од навивачка перспектива ко што било случај во минатото, јас да гледам рандом клуб од страна кој функционирал ко Интер од летово одма ќе кажев дека истиот во оваа модерна ера на фудбалот нема шанса да достави нешто големо, нити пак дека тоа го заслужува.

Од навивачка перспектива нормално дека ќе се надевам на најдоброто сценарио за мене ама оној inner feeling кој го имав за сезонава си го портретирав тука на начинот на кој што го портретирав,тоа на доста луѓе им сметаше, и без разлика што дел од тие мои ставови беа имплусивни и излив на нервоза ради тоа што ни се издеси летото, у глобала стојам на тие искажани работи тука зашто преку ноќ уништија нешто кое Конте го создаваше и планираше за годините што следат. Летото и периодот што следеше од да речеме година дена требаше само да се направи потребниот исчекор за да тимот може да им парира и на големите во ЛШ, за Серија А сите дилеми ќе беа решени на еден подолг период, нешто налик на Јуве со Конте и Алегри. Ха-Ха, Конте и ЛШ, небитно, Интер ќе го имаше квалитетот потребен за тоа натпреварување а дали со Конте или некој друг, шампион од тренер, сеедно, клуб кој функционира по тој терк лесно ќе можеше да доведе и друг класа тренер, ќе беа магнет за таквите, сеа се светлосни години далеку од тоа ниво.

Не негирам какви све проблеми имаат останатите, али Интер со работата од летово им овозможи на таквите да им парираат, односно од тим што откоскнуваше бајаги од останатите станаа тим кој е дел од тоа калчо сивило за кое зборувате тука.

Интер летово се врати неколку чекори, не чекор, чекори наназад, повеќе се приближија до оној Интер на Спалети кој се бореше за ЛШ само што во тој период у калчото Јуве беа каде-каде поквалитетни од останатите, го имаа Алегри, го имаа и Роналдо, го имаа и Марота, сега таков клуб у Италија нема, сите се горе доле на исто ниво, ако Интер отскокнуваат со квалитет, таа разлика е недоволна ко што би била доволна ако останеше Конте плус играчите што си отидоа. И да додадам, и тој Интер на Спалети имаше играч во своите редови кој до овој дел од сезоната ќе стигнеше на прагот од 20 голови, сега ни тоа го немаат.

Така да не ви ја гледам поентата да генерализирате, не сите навивачи на клубот верувале дека она фијаско од летово нема да остави сериозен белег врз оваа сезона, но и оние што следат ако овој тренд на работа продолжи. Кажав тогаш и ќе пишам пак, ако Инзаги освои титула со ваков Интер тогаш истата треба да му се множи со 10 и со златни букви да си ја овековечи у CV. Некако ко да не сфаќате каков бродолом им се деси на Интер летово и упорно ко и дел од фан базата баш на Интер терате со муабетот, абе види ја конкуренцијата каква е, нешто што воопшто нас не ни требаше да не интересира.

Утре преку ноќ кај Реал да си отиде Карло а да дојде некој неискусен млад и непознат тренер, место Модрич и Крос да дојдат типични второразредни играчи со нешампионски менталитет, место Бензема да дојде некој во години далеку од својот прајм или Мората а у Јануар засилување да ти е Љоренте ко сеа нас Каиседо, а притоа ете Реал со имињата у тим да е сепак конкурентен у онаа смешна Примера конкуренција која моментално постои, тебе ставот кој ќе ти е? Утешително ќе ти биде тоа што конкуренцијата е исто чкарт, Барса дека немаат пари за плати и регистрација на играчи, Симоене дека има мозочен удар и тимот му игра одвратно лошо, или ќе рејџаш и ќе бидеш во бунило што ве санјде и како нештата преку ноќ се смениле и Реал на таа мртва конкуренција екшли и дава шанса за нешто големо.

Ко да ќе ти е тебе битно какви се Барса, или Атлетико, и сам ќе бидеш свесен дека клуб со такво работење ништо не заслужува и небитни ќе ти бидат останатите и проблемите со кои тие се соочуваат, ко што мене лично не ми беа битни додека многу други се тешеа со тој податок, дека конкуренцијата исто за кур не ја бивало, несвесни дека Интер со таквото однесување од летото на истата таа конкуренција за која се слагам дека е лоша, и дадоа огромни шанси за успех, на што сведочиме и сега, а имаа услови креирани меѓудругото и од Конте да ги откажат од титули на едно 2-3 сезони минимум и да си се тепаат таму до задње коло кој ќе иде во ЛШ.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.728
Поени од реакции
52.668
Mnogu povrsno gi gledate rabotite, Inter ima kvalitetna 11ka, ama tolku, zar mislis deka na 3 fronta im se dovolni samo 11 igraci, ili eve 12 neka se, 13, seedno.
Na ova dodadi deka imaat mlad i neiskusen strateg koj ima menadzersko iskustvo 5 godini i toa vo kalakurnica od tim ko Lazio, odnosno tim koj e uzasno menadziran od Lotito.

Druga rabota, Lukaku e pokrien so igrac koj e pred penzija i lani dade 7 golovi, toj e eden od tie 11 starteri, a Hakimi e pokrien so Damfris koj do vcera igral vo nekvalitetno prvenstvo, i realno e daleku daaaaleku poslab od Hakimi, isto, i on e eden od tie 11 starteri. Taka da iako uslovno receno ete bile pokvalitetni od ostanatite, razlikata veke ne e drasticna a pravime muabet za fudbal kade tituli ne osvojuvaat pod difolt ekipi koi se podobri na hartija samo, a momentalniov Inter voopsto ne otskoknuva od ostanatite ko sto toa bese slucaj lani. Odnosno razlikata za fudbalski uslovi e premala i daleku od nekakov faktor, najmnogu zasto izgubija napagac koj ti garantira 20plus golovi vo sezonata kakov sto bese Lukaku.

Momentalniov napad na Inter i spored iminja ne e veke najdobar vo zemjata, Dybala i Vlahovic sporedbeno so Dzeko i Lautaro.

Taka da toa najvakliteten sostav pa uste i deka trebase da se prosetaat do titula sezonava e mnogu netocen muabet, mozebi toa ke bese slucaj ako imaa klasa od trener i nekoj koj doktoriral osvojuvanje na ligaski tituli, ama takov nemaat, imaat nesto sosem sprotivno na toa, covek koj seuste go uci ovoj zanaet i nitu ednas vo svojata kariera ne bil vo vakva pozicija. Ova, Donev, ako za tebe e nesto koe ti ovozmozuva lesna proestka do titula ondak definitivno ja i ti konkretno imame dijametralno sprotivni stavovi za ovoj sport.
Ама никој не негираше дека Интер е послаб од минатата сезона. Јас пишав дека и покрај тоа пак има најквалитетен тим и со оглед на ситуацијата на другите конкуренти, пак требаше релативно лесно да ја освои лигата.

Ти ако не се лажам беше единствениот или еден од малкуте кои останаа да го бранат Конте кога се величеше секој аспект од играта на Интер сезонава. А знаеш пред некој месец кој беше муабетот на скоро сите други, се величеше Инзаги, секој ден се правеа споредби меѓу него и Конте, се ставаа табели, па кој колку бодови имал, кој колку голови имал, колку била подобра играта, па сезонава дури и група ЛШ поминаа, да не продолжувам да набројувам натаму. И сега после мала криза одма не важи ништо и не било проблем да не се освои. Добро памтам дека и јас пишав во ваш фан кога се леташе, а ти пробувше да ги спуштиш. Така да не се однесува на тебе муабетов секако.
Мхм.
Но затоа европскиот шампион кој има буквално 2 исти први постави и најкомплетен состав у лигата... Е сосема во ред да се бори само за топ 4.
Не е во ред. Разочарување е сезонава во ПЛ и покрај сите околности.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.567
Поени од реакции
66.228
Пер шо ти е бе брат стварно?
Па освоивме таа сезона со тие трансфери за веќе следното лето да ги изгубиме и истите да ги замениме со 35 годишен напаѓач, десен бек од холандско првенство и везњак кој според миланезите не е добар, за 0 евра.
Откако нашиот везњак доби срцев удар и забрана за фудбал у лигава.

Ако мислиш да ги браниш Милан со истиов муабет само да ти напоменам дека според нивните фанови, они сосема добро си ги покрија загубите
Па ми даде дијагноза погоре.... :pos:

Не мислам да ги бранам Милан, сметам дека ке биде право чудо ако освојат со играчите што ги имаат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom