Ова е многу лоша појава на форумов, генерализацијата, ако еден, двајца,5 души сеедно пишале нешто слично, не значи дека сите останати го имаат истиот став.
Муабетов со Џеко не ти го контам, тоа што го рекле за него е точно, Џеко од прајмот беше супер играч, докажан во Бундес и ПЛ каде освојуваше лигашки титули со Сити и ебаните Волфсбург, ама од тој Џеко до овој кој дојде во Интер разликата е ден и ноќ и за тоа верувам дека сите ние бевме свесни.
У тема на интер бев прогласен за енеми оф д стејт ради работите што ги пишував пред сезона, и фактот што јас во овој Интер не верував зашто не гледав овој пат само од навивачка перспектива ко што било случај во минатото, јас да гледам рандом клуб од страна кој функционирал ко Интер од летово одма ќе кажев дека истиот во оваа модерна ера на фудбалот нема шанса да достави нешто големо, нити пак дека тоа го заслужува.
Од навивачка перспектива нормално дека ќе се надевам на најдоброто сценарио за мене ама оној inner feeling кој го имав за сезонава си го портретирав тука на начинот на кој што го портретирав,тоа на доста луѓе им сметаше, и без разлика што дел од тие мои ставови беа имплусивни и излив на нервоза ради тоа што ни се издеси летото, у глобала стојам на тие искажани работи тука зашто преку ноќ уништија нешто кое Конте го создаваше и планираше за годините што следат. Летото и периодот што следеше од да речеме година дена требаше само да се направи потребниот исчекор за да тимот може да им парира и на големите во ЛШ, за Серија А сите дилеми ќе беа решени на еден подолг период, нешто налик на Јуве со Конте и Алегри. Ха-Ха, Конте и ЛШ, небитно, Интер ќе го имаше квалитетот потребен за тоа натпреварување а дали со Конте или некој друг, шампион од тренер, сеедно, клуб кој функционира по тој терк лесно ќе можеше да доведе и друг класа тренер, ќе беа магнет за таквите, сеа се светлосни години далеку од тоа ниво.
Не негирам какви све проблеми имаат останатите, али Интер со работата од летово им овозможи на таквите да им парираат, односно од тим што откоскнуваше бајаги од останатите станаа тим кој е дел од тоа калчо сивило за кое зборувате тука.
Интер летово се врати неколку чекори, не чекор, чекори наназад, повеќе се приближија до оној Интер на Спалети кој се бореше за ЛШ само што во тој период у калчото Јуве беа каде-каде поквалитетни од останатите, го имаа Алегри, го имаа и Роналдо, го имаа и Марота, сега таков клуб у Италија нема, сите се горе доле на исто ниво, ако Интер отскокнуваат со квалитет, таа разлика е недоволна ко што би била доволна ако останеше Конте плус играчите што си отидоа. И да додадам, и тој Интер на Спалети имаше играч во своите редови кој до овој дел од сезоната ќе стигнеше на прагот од 20 голови, сега ни тоа го немаат.
Така да не ви ја гледам поентата да генерализирате, не сите навивачи на клубот верувале дека она фијаско од летово нема да остави сериозен белег врз оваа сезона, но и оние што следат ако овој тренд на работа продолжи. Кажав тогаш и ќе пишам пак, ако Инзаги освои титула со ваков Интер тогаш истата треба да му се множи со 10 и со златни букви да си ја овековечи у CV. Некако ко да не сфаќате каков бродолом им се деси на Интер летово и упорно ко и дел од фан базата баш на Интер терате со муабетот, абе види ја конкуренцијата каква е, нешто што воопшто нас не ни требаше да не интересира.
Утре преку ноќ кај Реал да си отиде Карло а да дојде некој неискусен млад и непознат тренер, место Модрич и Крос да дојдат типични второразредни играчи со нешампионски менталитет, место Бензема да дојде некој во години далеку од својот прајм или Мората а у Јануар засилување да ти е Љоренте ко сеа нас Каиседо, а притоа ете Реал со имињата у тим да е сепак конкурентен у онаа смешна Примера конкуренција која моментално постои, тебе ставот кој ќе ти е? Утешително ќе ти биде тоа што конкуренцијата е исто чкарт, Барса дека немаат пари за плати и регистрација на играчи, Симоене дека има мозочен удар и тимот му игра одвратно лошо, или ќе рејџаш и ќе бидеш во бунило што ве санјде и како нештата преку ноќ се смениле и Реал на таа мртва конкуренција екшли и дава шанса за нешто големо.
Ко да ќе ти е тебе битно какви се Барса, или Атлетико, и сам ќе бидеш свесен дека клуб со такво работење ништо не заслужува и небитни ќе ти бидат останатите и проблемите со кои тие се соочуваат, ко што мене лично не ми беа битни додека многу други се тешеа со тој податок, дека конкуренцијата исто за кур не ја бивало, несвесни дека Интер со таквото однесување од летото на истата таа конкуренција за која се слагам дека е лоша, и дадоа огромни шанси за успех, на што сведочиме и сега, а имаа услови креирани меѓудругото и од Конте да ги откажат од титули на едно 2-3 сезони минимум и да си се тепаат таму до задње коло кој ќе иде во ЛШ.