- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 22.437
- Поени од реакции
- 38.991


Стравот од радијација или како би рекле првиот спас- антидот во првиот радиоактивен бран од можен нуклеарна експлозија би бил калиум јодид, чудесниот „лек“ кој би спречил апсорпција на радиоактивен јод во тироидната жлезда и тоа во првите часови после нуклерана експлозија при што би се спречило апсорбирање на радиоактивниот јод од атмосферата што може да предизвика оштетување и канцерогени промени кај штитната жлезда кај човекот кој би бил во таква радиоактивна атмосфера.


Но не само при ваква паника од нуклеарен напад како што сега во моментот кружи низ цел свет поради конфликтот меѓу Украина и Русија, туку едноставно секоја држава е должна во секое време да го снабди населението во тие локации каде има можност за таква радијација, како што се околината на нуклераните електрани кои поради некоја нуклеарна хаварија може да дојде до ослободување на радиоактивна прашина богата со радиоактивен јод, па населението под лекарска контрола еднократно да испие калиум јодит да би се спречило при вдишување вградување на радиоактивниот јод од воздухот и негово радиаоктивно делување на штитната жледа претворајќи ја во канцерогено жариште!


Сите јавни светски ТВ коментираат во моментов за светска криза и опасност од можни верижни нуклеарни активирање и потрошувачка на овој калиум јодит и новата хистерија во купување во големи количини по домаќинствата и нов комерцијален бран на некои производители токму на овие лекови!
Би било идеално да биде тоа единствено решение за радиоактивноста конкретно на вдишениот радиоактивен јод ослободен од хаваријата, треба да се напомене дека тој радиоактивен воздух содржи и други радиоактивни материи како што се ураниум, цезиум, плутониум, што оралните таблети од калиум јодит не штитат.


Внимание за сите кои подлегнуваат на таква јавна хистерија, да се знае дека е забрането конзумирање на калиум јодит таблети во превентивни цели од можен нуклеарен напад и опасност од вдишување на радиоактивни супстанции во тој можен радиоактивен воздух и пиење на такви таблети без дозвола и контрола од лекар може дополнително да го загрози здравјето на човекот!
Во такви чувствителни ситуации при нуклеарни хаварии или при нуклеарен напад калиум јодит би се конзумирал првите часови после експлозијата од 2-6 ч и ништо повеќе и тоа до 40 годишна возраст еднократна доза од 130 мг калиум јод, а кај децата многу помала еднократна доза.
Последно уредено: