А каде го имало тогаш толку тој странски капитал? Споредуваш различни епохи.
Тука треба да се има во предвид и економската моќ на Италија, тогаш и сега, па и во споредба со Англија.
Околу сопствениците, еве да ги земеме "le sette sorelle". Што направија тие сопственици за клубовите, освен што ги водеа клубовите неодговорно, па сите порано или подоцна се треснаа од земја и никако не можат да се приберат уште. Со тоа што некој до тие катастрофални падови имале поголем успех, а други не.
Може Јувентус само малку да се тргне на страна, но иако финансиски уште ги држи иста фамилија, која е и неспоредливо побогата и помоќна од другите, не се на исто ниво како некогаш во конкуренција со другите европски клубови, а имаа и други катастрофални грешки, како Калчополи.
Од ова дистанца, се гледа дека скоро сите тие темпераментни сопственици, со голема љубов кон клубовите и уште поголема желба за себерекламирање на крај повеќе му наштетија на италијанскиот фудбал.