Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
@Bianconero vero форсираш за инат. Енглезите играа финале на европско каде што изгубија на пенали, а во младински категории имаат одлични резултати последниве генерации. Репрезентацијата им е изразито квалитетна и ќе биде при врвот на сите натпреварувања барем уште два циклус. Од друга страна, итаљаниве освоија европско, ама сосема можно е да пропуштат два мундијали по ред. Брука за нив.
И Србија освојуваше европски и светски првенства во младински категории па нигде ги немаше во сениори. Енглез ко енглез само за снукер го бива, па и тоа е прашање.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.374
Поени од реакции
14.789
Јуве го има истиот сопственик наследно, Интер и Милан исто така имаа италијански сопственици со генерации. Значи не руси, американци и арапи. Немам ништо против споменативе ама во италија ни во златните години на Серија А немаше странски капитал.
А каде го имало тогаш толку тој странски капитал? Споредуваш различни епохи.

Тука треба да се има во предвид и економската моќ на Италија, тогаш и сега, па и во споредба со Англија.

Околу сопствениците, еве да ги земеме "le sette sorelle". Што направија тие сопственици за клубовите, освен што ги водеа клубовите неодговорно, па сите порано или подоцна се треснаа од земја и никако не можат да се приберат уште. Со тоа што некој до тие катастрофални падови имале поголем успех, а други не.

Може Јувентус само малку да се тргне на страна, но иако финансиски уште ги држи иста фамилија, која е и неспоредливо побогата и помоќна од другите, не се на исто ниво како некогаш во конкуренција со другите европски клубови, а имаа и други катастрофални грешки, како Калчополи.


Од ова дистанца, се гледа дека скоро сите тие темпераментни сопственици, со голема љубов кон клубовите и уште поголема желба за себерекламирање на крај повеќе му наштетија на италијанскиот фудбал.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Доста е паднат Интер за разлика од натпреварот пред некоја недела кој имаше се што фалеше овде вечерва. Милан може да жали повеќе затоа што не искористи доста прилики, но тоа е кога во прв тим игра Саламата а на клупа има полош избор. Очекував со ритамот којшто го наметнавме да се осети значителен пад во второ полувреме кога Интер има фул состав на клупа, а Милан се уште не може да се собере, но тука Инзаги искалкулира дека нерешен резултат е доволен и не ги изменаџира измените навреме.
Од она што сум го гледал од Интер сезонава, ова беше најлошиот натпревар на Перишиќ - не доби ниту еден дуел со Флоренци, и тука не ми е јасно зошто Госенс не доби шанса порано. Лаутаро не ми се ни коментира, пропаднат играч.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.136
Олигарх/корпорација/огромен фамилијарен бизнис, не познава националност. Капиталот ти е тој, дали е руски ими домашен, неважно.

Сите ја сакавме таа Парма и нејзината златна генерација. Позади таа романтика наречена Парма стоеше Parmalat, водечки италијански гигант (0.8 од италијанскиот БДП во '90-ти). За фамилија Ањели и нивното богатство не е потребно да се зборува. Берлускони?

Со промената на политичкиот амбиент и влегувањето во економска криза на Италија, се промени и амбиентот во италијанскиот клупски фудбал. Калчополи му го удри последниот клин во ковчегот.
Јас лично го обожавам италијанскиот фудбал, но се обидувам да бидам малку реален.
Jас реков дека немам ништо против странски сопственици. Исто така реков дека јас попрво би гледал Серија А отколку Премиер, што не треба да значи дека сите треба истото да го направат. Навивам за истиот клуб 31 година а покрај него ги следам и другите италијански клубови. Секако дека нема да ме привлече сега некоја моментално поквалитетна лига. Пример, попрво би гледал Милан-Интер отколку Јунајтед-Ливерпул. Е сега мечеви од типот Специја-Салернитана или Ватфорд-Барнли, не би ги гледал ни едните ни другите, би идел негде на пиво за тоа време.
Автоматски споено мислење:

А каде го имало тогаш толку тој странски капитал? Споредуваш различни епохи.

Тука треба да се има во предвид и економската моќ на Италија, тогаш и сега, па и во споредба со Англија.

Околу сопствениците, еве да ги земеме "le sette sorelle". Што направија тие сопственици за клубовите, освен што ги водеа клубовите неодговорно, па сите порано или подоцна се треснаа од земја и никако не можат да се приберат уште. Со тоа што некој до тие катастрофални падови имале поголем успех, а други не.

Може Јувентус само малку да се тргне на страна, но иако финансиски уште ги држи иста фамилија, која е и неспоредливо побогата и помоќна од другите, не се на исто ниво како некогаш во конкуренција со другите европски клубови, а имаа и други катастрофални грешки, како Калчополи.


Од ова дистанца, се гледа дека скоро сите тие темпераментни сопственици, со голема љубов кон клубовите и уште поголема желба за себерекламирање на крај повеќе му наштетија на италијанскиот фудбал.
Истото важи и за постов, да не се повторувам
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.374
Поени од реакции
14.789
Овој Инзаги каков плачко е, изјавата по натпреварот му се сведува на дербито од првенството и колку незаслужено загубиле иако биле подобри до 75 минута.

Да му дадат некоја специјална награда на крај на сезона затоа што неговиот тим бил добар во дербито до 75 минута.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.708
Поени од реакции
115.459
На мечов фалеше само оној коментаторот од Телма, во недела од 12:30 што коментираше.
Стево Костовски. Стануваш во 12 и 27 минути после бурна ноќ каде си испил божја киша, си го мразиш животот, сакаш да повратиш све од себе, јетрата ти е у предканцерогено стање, собата ти смрди на Фукушима, идеш миеш лице и заби набрзинка за да стигнеш да гледаш Интер-Бари од 12 и 30 и ти се појавува Стево Костовски у пренос, кажува добар ден драги гледачи, па имаш 2 3 минути молк, па иде едно: иии почнува натпреварот и после 100тина минути добиваш едно тивко, мртво и одвеано: крај на мечот, стрелци на головите Адриано и Виери, следува попладневниот дневник на Телма. Едноставно ја допираш тагата од што си чул вкупно 5 збора у текот на цел пренос, погреб да коментира би звучело поживо, му ебам тоа проќелавото створење.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.782
Поени од реакции
3.857
Инзаги крелето како тргнал не само што ќе ја изгуби титулата тку ќе се бори за 3то место :tvg:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.610
Поени од реакции
88.103
На мечов фалеше само оној коментаторот од Телма, во недела од 12:30 што коментираше.
Светото тројство на Телма:
- Бранко Илиевски, интерашот кој неможеше да ја скрие еуфоријата кога Јувентус редовно губеше. Познат по тоа што на 5 Мај 2002 директорот на Телма му донел блага вода за да не падне во студиото каде коментирал. Од тогаш наваму вака ги коментираше головите на Јувентус.



- Стево Костовски, јувенташот со лоша залижана коса. Депресивен глас кој ретко се слушаше на преносите... Често му го даваа да го коментира Јувентус, али вистинското мачење беше кога ги коментираше Лече, Катанија, Реџина, Ливорно, и секако Киево најдефанзивниот тим во Италија, или што би рекол Стефан Дноби
Коментира Стево Костовски, пуштете си слободно на Телма, има погреб до 22:30!!


- Марјан Трајковски, да се оддржи балансот во универзумот мораа да стават и трет коментатор што ќе е миланез. Водеа тесна борба со Стево за најумрен коментатор во преносите. Сепак овој е попознат по тоа што често ги водеше спортските вести на Телма каде носеше едно 2-3 броја поголемо сако...најверојатно измеѓу паузите го позајмувал од Панта Џамбазовски. Единствена слика што можев да ја најдам од него
1646195249289.jpeg


Сите тројца се веќе одамна заминати од Телма, али тоа не ја прави телевизијата нешто пожива, уште допира дно со рејтинзите.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.162
Поени од реакции
3.982
Стево Костовски. Стануваш во 12 и 27 минути после бурна ноќ каде си испил божја киша, си го мразиш животот, сакаш да повратиш све од себе, јетрата ти е у предканцерогено стање, собата ти смрди на Фукушима, идеш миеш лице и заби набрзинка за да стигнеш да гледаш Интер-Бари од 12 и 30 и ти се појавува Стево Костовски у пренос, кажува добар ден драги гледачи, па имаш 2 3 минути молк, па иде едно: иии почнува натпреварот и после 100тина минути добиваш едно тивко, мртво и одвеано: крај на мечот, стрелци на головите Адриано и Виери, следува попладневниот дневник на Телма. Едноставно ја допираш тагата од што си чул вкупно 5 збора у текот на цел пренос, погреб да коментира би звучело поживо, му ебам тоа проќелавото створење.
Дааа, дааа. Ќе има тука пенал.............. Покажува на белата точка, Роберто Росети................ погледнете само каков фаул беше тоа во шеснаесетникот............ Бреша поведува против Лече, 2 - 1......
Во студио мислам стално со наочари за сонце беше.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Дааа, дааа. Ќе има тука пенал.............. Покажува на белата точка, Роберто Росети................ погледнете само каков фаул беше тоа во шеснаесетникот............ Бреша поведува против Лече, 2 - 1......
Во студио мислам стално со наочари за сонце беше.
Со Сидоровски го мешаш, па и ти. :pos:

vodeni-ludorii-1-tvretro.jpg
 
Последно уредено:

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.567
Поени од реакции
59.290
И се тоа во една интонација кажано, во некоја молска скала.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
5.118
Поени од реакции
6.530
Od sinokesniot natprevar da soberas samo 5sec highlights ima da sklopis za youtube. Vlez i izlez na igracite od stadion ti e 5 sec i end na videoto.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.374
Поени од реакции
14.789
Хакан оди да изведе корнер некаде при крај на натпреварот, ја зема топката и ја бакнува!:eek:

Како да ќе шутира пенал во финале на ЛШ или СП.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom