Истата логика како на претходниов дел - Русија реагира во Украина, затоа што не сакаат да го испровоцираат членот 5 од НАТО договорот. Напад на НАТО членка ќе значи војна со САД а војна со САД прилично извесно води кон MAD.
Значи Русија секако би ја нападнала Украина без разлика на тоа дали се или не се у НАТО ако не се нивен пиун. Од таа гледна точка логично е Украина да сака у НАТО зашто тогаш тоа и гарантира безбедност, вака се сами. Е сеа тоа што и смета на Русија, Украина може да им каже тоа е ваш проблем. Сеа од гледна точка кај што секој сам за себе гледа, ситуацијата искача дека ќе сме заглавени у вечна војна.
Референдум за ДНР/ЛНР веќе имаше, ама не за отцепување туку за автономија. Русија не ги сака териториите на ДНР/ЛНР (ниту Украина сама по себе како територија). Тоа е непотребно и економски нелогично. Русија едноставно сака да ја држи Украина надвор од НАТО, и уште повеќе - надвор од сферата на влијание на САД. За тоа им требаат прво, проблематични независни региони со замрзнат конфликт (како Абказија и Осетија во Грузија), и второ - промена на власта во Украина. Тоа е целта на војната. Справување со опкружувањето и дистанцанцирање од ракетните и воените бази на САД.Не освојување и земање на територијата која е проблематична за држење.
Решение број 2 - независни држави ДНР и ЛНР, ете им пак бафер зона со плус Украина во НАТО по принцип на Естонија, Латвија и Литванија.
И пар котрапрашања за тебе: Кој легитимитет имаа САД и НАТО да ја нападнат Југославија? Бомбардираа популациски центри и убија неспоредливо многу повеќе цивили. Кој легитимет го имаа за да го нападнат Ирак? Измисленото оружје за масовно уништување кое не се замараа ни да го режираат? Кој легитимет го имаа за да ја нападнат Либија? Сирија? Итн, итн?
Како би реагирале САД ако Русија направи државен удар и смени власт во Мексико или Канада, па потоа ги земе во воен сојуз (ЦСТО) како увертира на поставување на воени бази на граница со САД?
Ако ме читаш од прв пост, во неколку наврати напишав дека НЕ ЈА ОПРАВДУВАМ АГРЕСИЈАТА НА НАТО ВРЗ СРБИЈА - ако има админ нека го направи ова 356786 фонт и нека трепка зашто изгледа доста членови имаат проблем со видот.
Муабетот е што тие што плукаат по НАТО за атак врз Србија сеа ја величат Русија за напад врз Украина. У споредба со тие таквите ја имам конзистентно мислење на тоа дека секоја држава треба да си одлучува за себе по демократски механизми и никој не треба да врши воена агерсија било каде. Ама не, убаво пишав не претходниот пост, приспособување на верување спрема тоа за кого навиваш. Не се гледа што е праведно што не, битно е за кој тим си. Е тука е гнилото у нашето општество, зашто ова не е само за темава него за многу други ствари.
Она што можев да приметам дека на темава ако не свршуваш на Русите и макар за момент посочиш ДЕКА МОЖДА НЕ СЕ УПРАВО ти си 110% НАТО. Готово, заговорник на клинтонци, лгбт, левичарски идеологии и инфилтратор на Калето.
Иста прича како плукањето во Ковид темата кога уште на старт неколку души зборевме дека карантини се непотребни на 30 заразени и цела тема ни се стави дека сме дебили за сеа на по 1000 истите да седат у кафана.
Неспособност за прифаќање на втор поглед или барем пробување за разбирање на алтернативно размислување е апла симптоматично за форумов. Од тука и произлегува не можноста за здрава дискусија.
Рака на срце си единствениот кој што произлезе со цивилизирано посочување на твои ставови за стварите без директни напаѓања и осудувања и обид за дебатирање на тоа што имам да кажам како некој што не мисли исто со 90% од членовите тука. Почит за тоа.
За другово секој со свое убедување