Вардар-Тетекс 2-0
Воска-Охрид 0-0
Да се заблагодариме на Рибарите што не вратија во живот

Ништо не одигравме денес. Тетекс имаше 4 чисти шанси со голман. Да бранеше Илиќ, ќе изгубевме сигурно. Гача е играч на натпреварот.
Ниту една шанса немавме до голот. И голот падна од полушанса.
Ричков убаво нафрли, гостите одбија, некој налет на шут, па од играч на Тетекс, топката се одби лево, а таму еден наш играч (веројатно Иванов или Наумовски), мајсторски ја загради. Го намести играчот на Тетекс да го сопне од позади и изнуди пенал. Шиле ја скина мрежата. Одма свирна судијата полувреме, а настана мешаница меѓу фудбалерите од двата тима, ради пеналот.
Во второ полувреме падна интензитетот на игра, спласнаа и акциите на Тетекс.
Шиле имаше еден добар шут од далечина.
Тогаш сосема непотребно Иванов направи втор жолт картон и останавме со 10 играчи. Ај што доби црвен, ама нема да игра во најважниот дуел со Гостивар. Плус тоа значи дека ќе имаме еден младинец минус. Денес до душа игравме со четворица младинци. Мицевски Иван играше ко стопер ако не се лажам, Ричков како лев бек, а Николов во средина и Наумовски како напаѓач. Ричков имаше неколку добри потези, подобар е од Јованов и од Давид Велковски, ама уште му е рано за во прв тим.
Тетекс имаше неколку полушанси, пред да имаме две добри контри. Во едната Керим ги помина сите, излеговме со 4 играчи пред голман, ама го сопнаа (и ако паднеше ќе имаше пенал или слободен), па си попречија со Мицевски Дарко, па овој ја додаде до Јованов и овој ја збичи над гол. Сепак во продолжението изведовме уште една контра, а нововлезенуот Глишиќ мајсторски реализираше за 2-0.
Нека го играат Глишиќ ко напаѓач, подобра реализација има од децана.
Имаше неколку пароли против фудбалерите, а последна опомена добија и на крајот, иако пример некои од нив не заслужуваат да се најдат на тапет.
Намаливме на 3 бода, ама со ваква игра ќе биде тешко во Гостивар...