Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Ајде ХРАБРО!!!!
Сега од 1ви март ќе биде навистина весело. Лепчето 50 ќе го правиме!? Pse jo
FL-iOgyXIAAMk5w.jpeg

Но како вели нашиот народ!? Да имало за лепче, за друго ќе сме се снаоѓале. Епа тогаш така нека биде.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.771
Многу ми е смешно што многумина денес мислат дека Киро Глигоров бил за независна Македонија. Nope, Киро и Денко не беа за независна Македонија, на сила ги натераа на тоа.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.533
Поени од реакции
22.188
Дпмне место да се пофали нешто што направиле на политички план тие пуштиле вест дека Николоски бил на некоја листа ставен меѓу 40те највлијателни личности во Европа под 40 години. Се моли ДПМНЕ да не се глупира со вакви вести кога тој во своето маало нема влијание а не пак во Европа. Мене срам ми било вакво нешто да објавам на нивно место.

1645354448847.png
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.309
Поени од реакции
21.474
Во последно време почна да изразува незадоволство од одредени политики на власта, па сега плаче дека го деградирале од работно место (за статус на Facebook) и му се заканувале од СДСМ. А до скоро се маваше во гради како срушиле режим и донеле демократија и слобода. :LOL:

Одлука за разрешување на Богојески од државен советник: Ми се закануваат и со поголеми последици
Политичкиот активист Петар Богојески добил одлука за деградирање од својата работна позиција во Министерството за одбрана, откако против него беше покрената дисциплинска постапка поради објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Одлуката за деградирање од работното место е поради однесување спротивно на одредбите на Кодексот од Законот за административни службеници, а спорниот Фејсбук статус е статусот што Богојески го објави минатата година во однос на Израел и Палестина.

Богојески за „Фокус“ вели дека ја добил одлуката од второстепената комисија, но нема да се откаже и ќе оди на Суд.
Сега за сега сум деградиран во професионалната кариера, клеветен кај политички фактори, но најавени ми се поголеми последици по мене. Јас сум тука да издржам и да продолжам во борбата со политички неранимајковци, во борбата за полна демократизација и европеизација на Македонија, вели Богојески.
„Фокус“ во петокот побара став и информација од Министерството за одбрана до каде е дисциплинската постапка против Богојески, но до објавување на текстот не добивме одговори.

Богојески пак, вели дека тој е под перманентно политичко насилство уште од времето на Груевски, но СДСМ ги преминале сите граници. Од ширење на лажни вести и дезинформации, до злоупотреба на негови јавно искажани статус, смета Богојески.
Она што беа „добронамерни предупредувања” од страна на функционери на СДСМ кон мене, за време на парламентарната кампања 2020 година, за време локални избори 2021 се претворија во закани и уцени.
ФБ статуси се само оправдување за реваншизмот на власта кон неистомислениците како мене, а вистинската приказна е што јас не подлегнувам на нивните уцени и закани и не престанувам да се спротиставувам на погрешните политики. Политичкиот реваншизам за време на оваа влада на СДСМ ја надмина и онаа на МВРО и на Груевски, смета тој.
Во однос на процесот и целата дисциплинска постапка, Богојески тврди дека се е диригирано и спроведено по партиски директиви.
Реализацијата на заканите оди многу лесно. Шеќеринска наоѓа четворица вработени во министерството од СДСМ и започнува постапка поради некоја твоја изјава за Израел и Палестина, која нема врска со МО или службата. Тие четворица гласаат тајно дека си голем престапник и носат одлука да бидеш деградиран. Следно се жалиш кај комисија во Агенција за администрација, исто формирана од СДСМ и таму викаат дека овие првите биле во право. Така се договориле во штабот на СДСМ првите и вторите, зашто сите се активисти на таа партија. Следно веќе си деградиран, па ти жали се на суд, каде исто кадија те тужи, кадија те суди, односно повторно власта притиска за одлука, тврди Богојески.
Во декември 2021 година Министерството покренало уште една дисциплинска постапка против Богојески, повторно поради однесување на социјалните мрежи. Таа постапка е во тек.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Болно!
Во ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА со кучиња се пуштиле во ЛОВ на лица со лажни сертификати низ Битола.
Вредната северна полиција лови невакцинирани против Ковид како да се најголеми криминалци барани со потерница. Urime!
Мрш во Грчец кај Џељо во чајџилница, банда криминална.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.781
Поени од реакции
2.755
Болно!
Во ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА со кучиња се пуштиле во ЛОВ на лица со лажни сертификати низ Битола.
Вредната северна полиција лови невакцинирани против Ковид како да се најголеми криминалци барани со потерница. Urime!
Мрш во Грчец кај Џељо во чајџилница, банда криминална.
Некој изгледа не си ја платил ратата за рекет :icon_lol:

 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Некој изгледа не си ја платил ратата за рекет :icon_lol:

Како викаат: "свињата пред колење, ја турка кочината", така и овие, во слободен пад се и нема падобран што ќе ги застане, па ќе грабаат се што можат, и ќе прават штета што со години нема да може да се поправи.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.985
Поени од реакции
5.136
Велат дека „севернава„ е пред банкрот, ама никој се‘ уште не (ни/и‘) кажал...

 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.432
Поени од реакции
9.083
Петков не сака да го види северниот премиер ниту на слика:


Eве текст и од 24 часа, да не мисли некој дека е наместено:

 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.985
Поени од реакции
5.136
Петков не сака да го види северниот премиер ниту на слика:


Eве текст и од 24 часа, да не мисли некој дека е наместено:

И...толку од Договорот за добрососедство, туку работа‘а од Петков пак се навраќа на „...Един народ у две држави...„....и томе слично...а и шире...

Испаѓа точна претпоставката дека на волгарите навистина им треба историска подлога за нивното денешно битисување, градена не на нивната непостоечка, туку на веќе познатата македонска историја.
Автоматски споено мислење:

нејќам ни да ја замислам хистеријата доколку беше обратно :D
...придружена со бесконечното (мудро!) молчење од дипломатијата од „северната„ држава кон секоја провокација и понижување, сторени од страна на волгарите...
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.871
Поени од реакции
2.850
Во последно време почна да изразува незадоволство од одредени политики на власта, па сега плаче дека го деградирале од работно место (за статус на Facebook) и му се заканувале од СДСМ. А до скоро се маваше во гради како срушиле режим и донеле демократија и слобода. :LOL:

Одлука за разрешување на Богојески од државен советник: Ми се закануваат и со поголеми последици
Овој во 2018 се упика како заменик генерален секретар на ВМРО кај Мицкоски.
Дечкото од секаде никнува.
 
Член од
31 мај 2019
Мислења
318
Поени од реакции
1.004
Македонија 2021: 25,2%
Толку сме јака економија што удел на вработени во јавна администрација сме одма после Шведска, Норвешка и Данска, тесна борба за четвртото место со Финска...и тоа они имаат тренд на намалување.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom