"Морето на изгубеното време и други раскази" од Габриел Гарсија Маркес.
Ја купив чисто компаративно за со другите негови раскази во "Рибата е црвена", книга која ми остави голем впечаток. Содржи историски, политички, биографски раскази, за Куба, за Хемингвеј, за тоа како требало да се однесува еден новинар до тоа на кој начин ги пишувал книгите... Овие повеќе ми се допаѓаат, далеку се посодржински, читателот сам треба да е во потрага по поентите и ме возат напред-назад.
Мало книжуле, го почнав пред малку, ќе го завршам до крајот на денот, но ми се допаѓа. И тука, со оваа книга, ја заклучувам оваа година. Наредната ќе ја започнам со "Терапија" од Фицек (ветив) и со "Филмски клуб" од Дејвид Гилмор, а можеби и со "Хроника на една најавена смрт" од Маркес. Потребен ми е и психички и физички одмор од сѐ, па така ќе одам на нешто полесна литература.