Од аспект на жена разведена без дете и маж разведен со дете, нашата врска е совршена. Неговото дете никогаш не ми било пречка иако од малтене прв ден знаев дека постои, никад не било прашање. Малце превише се живее во државичкава ни за што ќе рече маалото и што ќе рече комшиката. Свекрвава моја се изјасни во една пригода дека се плашела да не не не сум можела да имам деца па затоа ме “остаил“ маж ми, јас родив тројка иначе, па се мислела да почне да работи на тоа како да го натерала син и да ме остаи, син и ја погледна под око и толку беше од муабетот, не се продолжи повеќе. Биди ти стабилен чоек, небитно жена или маж, имај свој живот, не мешај баби и жаби, покажи дека си маж/жена која може да се носи со предизвиците, никој/а нема да ти рече Ама имаш дете! Првата година дена скоро па и да не го спомнувавме детето негово, потоа почна нашата врска поозбилно да се движи и повеќе време да поминуваме заедно па и детето стана тема на разговор, плановите се кроеа согласно неа често, ама во ниеден момент не ни засмета тоа во животот. Јас сум свесна дека таа за мојот маж е се на светот, како и нашите деца, јас сум сосема друго ниво на љубов, не се споредува тоа, не можам да се борам со деца за внимание или љубов, за предност, додека децата се тие кои зависат од нас. Не знам неделива работа е тоа, не се споредува. Се случи да мора од одмор да си дојдеме на четврт ден зошто девојчето скршило рака, мораше он да ја однесе на лекар зошто мајка и беше надвор од државата, прв заеднички одмор, збор не кажав. Другар мој има девојка со 3 деца и најнормална врска, таткото се има откажано од децата и таа скроз сама е со децата, не е како кај нас со жива здрава мајка која може да помогне во чување во одреден период од годината, другар ми ги носи децата на лекар, ги чува, ги развозува по активности, може не е обврзан со работа, мајката вика дека на лото да и се паднало немало да има волку среќа. Се е до перцепцијата, ама имам куп во околина разведени со деца што најнормално си функционираат, ама возрасен образуван човек не треба да гледа толку кратковидо, треба да има осет малку.