Не ме интересираат работите кои не ги сакам и не ги користам, па ајде јас пак од обичниов живот да искоментирам нешто, без копирани дефиниции од некој сајт.
Познавав одлично и предобро дете кое беше зависно од LSD. Дали беше тоа физичка или психичка зависност, баш и не ми е гајле. Знам само дека од толку многу користење, еден ден, под негово дејство се обеси. Значи, како сега да помислам дека LSD-то не штети на организмот? Малку ли е што може толку да поремети нормално дете, доколку нема други последици?
И не ми одете контра со било какви теории. До утре може да пишувате, но никогаш нема да ме убедите дека било кое срање наречено дрога, е без лоши последици. Не ме интересираат состојките, не ме интересира која за што служи или колку треба да се зема за да не се стане зависник. Сите трагични случаи кои ги знам, биле приземјени деца кои секогаш кажувале дека знаат што прават, дека земаат умерено и да, дека не се наркомани. Ваљда толку многу страшни примери имам, што сега се плашам за секој и кој еднаш пробал трева.
Знаеш шо не ми се свиѓа кај тебе?
Шо си се дружела со такви лузери шо те убедиле дека се зависни од нешо на шо неможат да бидат зависни, никако, зашо Хофман не станал зависен, не си го сјебал мозокот, не умрел од ЛСД туку ене го умре од природна смрт на 90 и кусур години, и да напоменам, Хофман се има предозирано неколку пати, и тоа случајно. А да не ги спомнувам сите тест сабџектс шо биле форсирани на ЛСД со години, на кој се експериментирало како на глувци, па на крај да се дојде до заклучок и дека при толку долго земање на ЛСД не дошло до пореметување во мозокот или зависност.
Веруј ми, и ја иам другари кој се "зависни" од трева. Само шо тоа се лузери шо несакат да ја откажат или да ја смалат, не дека НЕМОЖАТ, несакаат. Исто како и другар ти, НЕСАКАЛ, а не дека бил зависен физички или психички, не е ни прв ни последен на ЛСД па да се фура дека неможе да откаже, не сум му ја крив дека е лузер.
Шо се однесува до мене, не би пробал никад ЛСД, 6-8 саати енергичен трип ме плаши, не планирам да се впуштам во таква говнарија, не би го пробал и од историски причини. Едноставно, има многу причини поради не кој не би допрел ЛСД, ама тоа веруј, не се здравствени.
Земи, ако те мрзи да читаш, слушај го Хофман на јутјуб, па ќе укапираш дека другарти се праи само мангуп дека е зависен од нешо од кое неможеш да бидеш зависен.
Збориме за ЛСД, ако он зимал којзнае каква покварена ствар, негова работа.
затоа е најлошо ако ти подметнат лсд или ако се изгубиш у трипот и забораиш дека си на тоа.. нема враќање назад..
Жити се?
Поштуем маалски муабети, сериозно..
Иам еден, кај мене, Ачко, лудак, полуде пред 5-6 години, зашо полудел? Му залепиле трипче на врат и здивил..цепки еј..