Од опциите кои Влаховиќ ги имаше зимава, секако дека Јувентус беше најдобрата.
Единствено што можеше да направи беше да почека до летото заради потенцијалните големи промени на шпицови во топ тимовите, па да види дали ќе има некоја подобра прилика, ама Јувентус каде од старт ќе биде предводник на нападот со само 21 година, за 7 милиони по сезона во лига која веќе одлично ја познава е далеку од лоша опција, особено за некој со самодоверба/его како него.
Тоа што беше дефинитивно глупо од негова и од страна на агентите, беше курчот и ghost-нувањето на Фиорентина низ цела сага, мада мислам дека и егото/пристапот на Комисо и Праде имаше улога исто така.
Според мене најдобро за сите/најџентлменско сценарио ќе беше да го продолжи договорот на една година плус, и да се договорат дека летово ќе си оди.
Така тој ќе си ја доиграше сезоната, и потенцијално ќе им донесеше еден од највисоките пласмани на Фиорентина во последните 20 години, а клубот ќе имаше простор да преговара за подобра цена без паники дека има уште една година до крај на договор.
Така направи Бремер од Торино, иако е изгледно дека ќе си замине на лето, продолжи договор до 2024 за да не ја подрива преговарачката позиција на Торино, ферски скроз.