Препорачаните дневни дози се за останување жив, заштита од рахитис, итн. За здравје треба многу поголеми дози, посебно затоа што витамин Д функционира и како хормон и регулира мноштво процеси во организмот.
... тука не пишуваме за дефицит на Вит Д, Вит Ц и последици како болеста рахитис, туку препорака на високи дози при вирусна или бактериска инфекција, имунитет не се зајакнува ниту со високи дози, ниту за краток период, ниту за време на инфекција,
...вакви секојдневни максимални високи дози е шок за бубрезите, се пишува како хидросолубилен витамин, демек растворлив во вода и нема гајле, но не значи и висока концентрација дека може секојдневно целосно да се раствори без последици правејќи ја урината ацидофилна и склона кон формирање на бубрежни камчиња или песок, а од друга страна појава на хипероксалурија како резултат на метаболизмот на Вит Ц и создавање на оксал ацидни формации, ако се додаде и лаксативниот ефект со можна дијареја зависно од телото како реагира, пак ќе кажам нема потреба за вакви високи дози на Вит Ц,
Значи освен ако секој ден не поминуваш неколку часови полугола на сонце - да, ти треба суплементација на витамин Д. И да, посебно зимно време 4К IU никако не е многу.
..за Вит Д, ниту треба полугола да се седи, ниту пак цел ден, се знае кој дел од телото и колку време и во кое дневен часовен период треба да биде телото експонирано директно на сончеви зраци, зарем мајките со бебињата не шетаат одреден период во тек на денот било зима или лето?
Серапептаза исто е докажана за безбедна (и како многу корисна) со студии и истражувања.
... серапептаза, но како додаток на исхрана или суплемент, а не како лек, знаеш која разлика има токму за докажување на безбедноста меѓу суплемент и лек, што не е исто?
...серапептаза, не велам дека нема примена и корист, но не кај сите, не за свешто и не временски долг период како е спомнат во вирусна инфекција на претходниот линк,
...кога нештото делува на коагулацијата на крвта не би рекла дека нема гајле и тоа дадени во предлог лечење на коронавирус или да речеме при бактериска или вирусна инфекција во посочениот линк: Аспирин 100 мг, Ибупрофен и Серапептаза кои сите три делуваат во "разредување на крвта" и замисли особата да има пониска вредност на број на тромбоцити, што ќе се случи знаеш?
...наместо да има корист од ова терапија ќе дојде до крварење, бубрежен песок или камче, пролив и дополнително све што носи претерана ацидофилна урина токму од превисока конентрација дневна на Вит Ц, тоа ми беше поентата,
... дополнување и помош на организмот при дефицит и исуфициенција - Да, ама докажан, све друго е на штета на организмот, можеби нема да се осети во моментот но по извесен период сигурно,