Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Прониклив дечко си. (y)
Рон, Псај и компанија, најлесно им е етикети да лепат, па сите што не ја лапнаа пропагандата како циган мрсул, пишуваа (а и сеуште) дека се рамноземјаши. Ако едната страна се рамноземјаши, другиве автоматски се топки.

Рон им е гласноговорникот :cool:

бафра, не ме спомнувај жити све, преку глава ми е со вас од рамна земја да се оправам. Грам акл немате во тоа главите. И штета е што имате слобода сами да мислите а да не мисли некој друг за вас. Али да не навлагам подлабоко.
 
Ако си вакциниран тогаш симптомите многу варираат.

Ако не си, тогаш зависи од возраста. Кај постарите се спушта на гради. Тоа поткашлувањето, може да направи нетипична пневмонија после 6 дена.

Мирис, вкус ?
Не варираат, секој ден редоследно башка симптом, невакциниран има мирис, вкус
 
... секој ден 2г Вит Ц и 4 000 мг Вит Д не знам колку е здраво, а Серапептазе онака напамет дадено како суплемент без да се зема во предвид сопствениот создаден ензим, може лесно да доведе до проблеми со коагулацијата на крвта, па до крварење штом самата предлага и дополнително Аспирин 100мг и Ибупрофен три лека кои делуваат на коагулацијата (а се засекирала за други антипиретици) порано комбинација на такви ензими со антибиотик (Chymociklar) или само комбинација на ензими (Chymoral) со проскрипција како лекови, а сега како додаток на храна нема контрола на препишување се укажува само за бенефитот, а никако за несаканите ефекти што богами не се занемарување, па потоа пукна крвен сад, е па пукна и настана крварење ама не од вирусната инфекција, туку од погрешната навидум „лесна“ терапија!
s-l300.jpg

...како на пример, за 4000 мг Вит Д како суплемент, вашето тело, поточно јетрата треба да се избори со следниве додатни супстанци на овој „вештачки“ внесен витамин:
- изомалат (средство за зголемување на волумен), микрокристална целулоза (згуснувач), хидроксипропил-метилцелулоза (згуснувач), хидроксипропил-целулоза (згуснувач), талк (средство за вцрснување), триглицериди со среден ланец, титан диоксид (боја), магнезиум стеарат (средство против стврднување).

не е подобро малку на сонце и со исхрана на внесеме Вит Д или да речеме капки Д3 форма за деца што не содржи толку хемикалии? ај прочитајте малку за титан диоксидот како секаде го има во вештачката исхрана и колку внесуваме дневно, што ќе рече нашата јетра, дали е поголем бенефитот од таков Витамин Д со тие дополнителни хемикалии?
 
Прониклив дечко си. (y)
Рон, Псај и компанија, најлесно им е етикети да лепат, па сите што не ја лапнаа пропагандата како циган мрсул, пишуваа (а и сеуште) дека се рамноземјаши. Ако едната страна се рамноземјаши, другиве автоматски се топки.

Рон им е гласноговорникот :cool:
Можда треба кружните, дводимензионални, прмер види го Рон, за него се е 2д, или си провакс или равна земја, трето нема.
 
Рон, Псаj, оваа тетката што се лути и смета дека вакцината jа спасила (Aceso), швабската династиjа (Staufer) што се смее (ех...те заборавив тебе)...сè е тоа една категориjа од испрани мозоци.
Искрено, ич не ми е гаjле што се такви, нека се боцкаат ако треба и по 10 пати (додека им издржи организмот), него проблемот е тоа што заради мнозинство од такви, ние страдаме и се воведуваат вакви ненормални мерки.
Ќе проjде оваа глупост ама баш да видам колко од нив ќе се пробудат на краjот кога ќе заврши и дали ќе сфатат дека се излажани.
 
Последно уредено:
Денес станав во рани мугри што се вели, одам на работа без проблем, летам наваму натаму.

Кај 10 или 11 часот почнува главата онака да ми теже и да ме боли, носот затнат...

Се тестирам со тоа ауто тест за по дома и ми дава една втора бледа црта.

Одам се тестирам во аптека и 30 минути покасно оп ми се јавуваат дека сум позитивен.

Носот ми е чат пат затнат, ме затресува од време на време, грло ептен малку ме гребе, мускулите ме болат ко да сум се превежбал, очите некако ме печат, ако можам да се изразам така.

Она што ми дели од другите кои ги знам кои имале ковид е дека имам апетит многу, нон стоп нешто грицкам, ми се јаде ко да не сум видел. Има не некој му се случено ова?

Исто, на сертификатот не пишува која сорта е, се надевам дека е нешто лајт.

Не си отидов дома да се изолирам, бидејќи жената и мајка ми се негативни, ама мислам дека и они ќе покажат за максимум една недела.

Кај мене имаше една колешка позитивна, и иако имав скоро никаков контакт со неа, сепак еве недела дена од кога покажа симптоми јас и уште еден колега сме позитивни.

Инаку ме опнаа со 2 дози бидејќи работата тоа го бараше, државата де, и ете сега сум ковидосан.

Кога бев невакциниран бев многу повеќе со луѓе. без маска, и ништо, а сега од кога примив 2 дози ме фати.
 
Рон, Псаj, оваа тетката што се лути и смета дека вакцината jа спасила (Aceso)...сè е тоа една категориjа од испрани мозоци.
Искрено, ич не ми е гаjле што се такви, нека се боцкаат ако треба и по 10 пати (додека им издржи организмот), него проблемот е тоа што заради мнозинство од такви, ние страдаме и се воведуваат вакви ненормални мерки.
Ќе проjде оваа глупост ама баш да видам колко од нив ќе се пробудат на краjот кога ќе заврши и дали ќе сфатат дека се излажани.
Зошто да не издржи организмот?
Автоматски споено мислење:

Денес станав во рани мугри што се вели, одам на работа без проблем, летам наваму натаму.

Кај 10 или 11 часот почнува главата онака да ми теже и да ме боли, носот затнат...

Се тестирам со тоа ауто тест за по дома и ми дава една втора бледа црта.

Одам се тестирам во аптека и 30 минути покасно оп ми се јавуваат дека сум позитивен.

Носот ми е чат пат затнат, ме затресува од време на време, грло ептен малку ме гребе, мускулите ме болат ко да сум се превежбал, очите некако ме печат, ако можам да се изразам така.

Она што ми дели од другите кои ги знам кои имале ковид е дека имам апетит многу, нон стоп нешто грицкам, ми се јаде ко да не сум видел. Има не некој му се случено ова?

Исто, на сертификатот не пишува која сорта е, се надевам дека е нешто лајт.

Не си отидов дома да се изолирам, бидејќи жената и мајка ми се негативни, ама мислам дека и они ќе покажат за максимум една недела.

Кај мене имаше една колешка позитивна, и иако имав скоро никаков контакт со неа, сепак еве недела дена од кога покажа симптоми јас и уште еден колега сме позитивни.

Инаку ме опнаа со 2 дози бидејќи работата тоа го бараше, државата де, и ете сега сум ковидосан.

Кога бев невакциниран бев многу повеќе со луѓе. без маска, и ништо, а сега од кога примив 2 дози ме фати.
Со лесно, ќе помине непроблематично.
 
Останатите? Отпадот од науката? Џо Bro - ган гости, "Др" Берг, Шон Бејкер и остала багра кето рамноземјаши - science deniers кои одат против се што е консензус во науката, путерот и свинската маст се добри за тебе, "ве лажат за холестеролот" "овошјето е лошо за тебе" "додека сланина не е" е тоа се тие со нормален став кои ги опишуваш, и не се работи за CNN, него за научен консензус, сем ако не мислиш дека целиот свет е во заблуда, а некој рамноземјаш од Твитер ги пробил :facepalm: :icon_lol:
Секако, очекувано, секој кој го нема на вашите канализација медиуми да шири пропаганда, појма нема и одма е рамноземјаш. Без навреда, ама ако немаше тенгала како вас, немаше ни да успеат да ја направат ,,пандемијата" и после две години сеуште да ве лажат со глупости.
 
А ти друже од каде се информираш на кои медиуми?
 
А ти друже од каде се информираш на кои медиуми?
Ти кажав, имаш доста други стручњаци кај кои преовладува разумот, само не можеме да ги гледаме на некоја телевизија или други пропагандистички мас медиуми, нормално, кпга не им одат во прилог.
А на почеток исто така се информирав од истите од кои се информирате сите вие, само благодарение на нив јас сфатив за каква лакрдија и дупење во здрав памет се работи, а некои влегоа во машината и сеуште си ги слушаат и се заблудени во истите бљувотини.

А последните година и повеќе дена, воопшто не се информирам, не ме интересира воопшто да се трујам со глупости за малоумни.
 
Последно уредено:
Македонското совршено здравство, нашето чини, ЕВРОПСКОТО БИЛО ДНО!
Одредени индивидуи сакаат да веруваат дека е така, за жал.

Бидејќи денеска започна второто полугодие со физичко присуство во ек на бранот, со ширум отворени прозори во училници, на минусни температури и со некои идиотски "мерки".
Наместо да почекаа да се стабилизира состојбава во државава, дотогаш онлајн настава, па после со физичко присуство, таман дотогаш и ќе се стоплеше, па ќе беше некако возможно децата да седат со отворен прозор на промаја. Но тоа е.

Исповест на мајка на 2 годишно детенце заболено од Ковид, за среќа веќе оздравено.
 
Ти кажав, имаш доста други стручњаци кај кои преовладува разумот, само не можеме да ги гледаме на некоја телевизија или други пропагандистички мас медиуми, нормално, кпга не им одат во прилог.
А на почеток исто така се информирав од истите од кои се информирате сите вие, само благодарение на нив јас сфатив за каква лакрдија и дупење во здрав памет се работи, а некои влегоа во машината и сеуште си ги слушаат и се заблудени во истите бљувотини.

А последните година и повеќе дена, воопшто не се информирам, не ме интересира воопшто да се трујам со глупости за малоумни.
Не одговори. Прво на истите кои и ние па после на други и на крај на ниедни. Сепак ни еден медиум не кажа.
 
Не знам кај седат децата со отворени прозорци на училиште, внука ми баш денес ја прашував дали прозорците биле отворени, зачудено ме гледа, не тета пеколница беше.
А и никаде не видов официјално некој да донел такви мерки.
 
Не одговори. Прво на истите кои и ние па после на други и на крај на ниедни. Сепак ни еден медиум не кажа.
Ете, ти кажав. Истите што ги следиш ти, пушташ ТВ и на сите можни национални канали ти е тоа. И слушам што се зборува и се смеам.

Него, ти не одговори ништо на тоа што ти го напишав претходно.
Не мора да имаш некое стручно знаење, само логика и основни работи, кои сигурно ги знаеш.
Еве еден прост пример. Да речеме дека се работи за вистинска пандемија, онака како што ја прикажуваат и пласираат преку мас медиуми. Сигурно знаеш дека одбраната на организмот се антителата. Е сега, во ваква ситуација доколку целта ми е надминување на проблемот преку создавање имунитет, заштита на тие што не се имуни и слични работи кои ги трубат, мене воопшто нема да ме интересира на кој начин се стекнати тие антитела, дали на природен или вештачки и никако нема да тероризирам луѓе со барање сертификати.
Накратко, доколку се поставуваат тие ограничувања во овој случај, доказ за присуство на антитела ќе биде најбитен и доволен доказ со кој ќе можеш без проблем да патуваш, одиш на настани и т.н.

Јас навистина не разбирам како сеуште не сфаќаат некој дека ова нема Н од наука, ни П од пандемија. Ова е чиста политика, ситуација и хистерија која може да се креира од било кој друг вирус, кога и да сакаат, за постигнување Х цел.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom