ЕП 2022

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување
Секоја чест за Исланд. Моделот за успех - Палмарсон фризура. Може и нашиве треба да се ишишаат како Кире.
 
Коментаторов на Арена (Стеван мислам беше) одлично кажа, ќе го цитирам:
Ако се одлучите да се бавите со овај спорт, добро ќе е да ги гледате Данците и нивните движења и додавања, да ги повторувате тие работи на тренинг и можеби еден ден и Вие ќе сте на големата сцена како и Данците а ние ќе Ве коментираме. :)
Автоматски споено мислење:

Муабетот на коментаторите им беше само едната техничка грешка на Данска до 45 мин од прилика.
 
Аууу какво плескање им удри Исланд на Франција :eek:

Без пола екипа, осакатени беа комплет, јас ги прежалив, иако во групна фаза покажаа игра за медал. Со два десни бека цел натпревар бидејќи сите средни и двата главни леви бека им фатија корона... Немам зборови, какво школо за ракомет приредија. Магнусон е играчиште! Можеби најдобар десен бек во светот во моментот. Се сеќавам на него уште кога беше во младински категории. И тогаш беше мешу најдобрите во генерацијата, но откако отиде во сениори, почна тивко, но постепено цело време напредува, секоја сезона е се подобар и подобар.

Додуша и французите кумуваа на овој исход. Толку лош натпревар не се сеќавам некогаш да имала Франција на првенство. Смешно е дека до тоа што им фалел селекторот било. Па натпревар се спрема претходно, а не откако ќе почни. Тоа нема никаква врска со исходот. Дури и тоа што беа без Мае и Фабрегас нема врска иако тие знаеле да бидат доста важни алки во оваа понова Франција. Едноставно влегоа екстремно потценувачки, очекуваа Исланд дека ќе биде распад систем, а наместо тоа начекаа одлично подготвена и екстремно мотивирана екипа. Згора на тоа се разбрани Халгримсон (наследникот на Ландин?) и Французите психички се изгубија. Додуша мислам дека тие и претераа со подмладувањето. Премногу нови детишта имаат во екипата, не се ова тие психички доминантни лица од минатото.
 
 
Нови позитивни во Германија имало. Хриштоф Штајнерт и Себастијан Фирнхабер.
 
Секоја чест за Исланд. Просто де не поверуваш дека играат со втора-трета постава. Пред првенство сакав Норвешка да освои али го менувам фаворитот.
За Франција што да се каже. Одбраната без без Л. Карабатич, Фабрегас и Нгесан е непрепознатлива. Време е Н. Карабатич да се повлече, не е веќе незаманлив. Треба да им се даде шанса на Мин, Легар, Пранди ... да се воигруваат.
Мора да се пофалат и нашите судии. Доста авторитетно ја судеа без ни една грешка. Дозволија малку по груба игра, што би требало да оди во прилог на Франција, али никој не беше оштетен.
 
Доста често се прават чекори скоро и никогаш да не се судат зашто се поситни едино нашиве на Карачиќ му судеа пред две години. Косоротов напрај 4 незнам само дал ја тропна или не
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom